СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
2СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
3Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026
ТенисНовак Ѓоковиќ купил вила со приватна плажа во Црна Гора, вреди милиони (ФОТО)Новак Ѓоковиќ купил вила со приватна плажа во луксузната населба Љута во Бока Которска, дознава српски Блиц.Српскиот тенисер купил имот во близина на вилата на неговиот пријател Југослав Кариќ, кој му помогнал да го избере. Како што пишуваат српските медиуми, вилата е во одлична состојба, но Новак и Јелена сакаат да ја уредат по свои стандарди и имаат некои посебни барања, поради што работата е во тек. Вилата на Ѓоковиќ е слична на другите во луксузното одморалиште Љута, а се наоѓа на брегот на морето и има приватна плажа. "Тоа е огромен имот со куќа која има излез на море. Секој овде има своја приватна плажа. Југослав Кариќ му нашол вила како оваа што ја има", потврдил изворот за Блиц, додавајќи дека парот сака да го подобри уште повеќе изгледот на вилата. View this post on Instagram A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) Иако не се знае колку Ѓоковиќ платил за имотот, слична вила во сопственост на неговиот пријател Југослав Кариќ вреди 1,3 милиони евра. View this post on Instagram A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) Да потсетиме, српскиот тенисер неодамна престојуваше во Дубровник и Корчула каде уживаше со семејството, објави српски Блиц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново СелоОваа година немав многу време за одмор.Одговор на претседателот на СДСМ Венко Филипче на прашањето на Канал 5 каде го минува летниот одмор. Оваа година немав многу време за одмор. Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село, таму каде што беа нападнати младите. Следната недела планирам да одам и во Гостивар, да видам како се луѓето. Последниот пат кога бев, состојбата беше многу лоша. Владата испрати само три цистерни вода за цел град. Во меѓувреме ќе се обидам да поминам неколку дена со моите, а потоа ме чека и работата во болница. Ако ви требаат информации за реалните проблеми на граѓаните, слободно. За туристички дестинации, подобро прашајте кај оние што летаат со државен авион. Поздрав, Венко ФилипчеТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Меси се врати на фудбалот по смртта на татко му, дочекан со овации Еден од најдобрите фудбалери на светотот во историјата, аргентиснкиот волшебник Лионел Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност и само 5 дсена по смртта на неговиот татко Хорхе се појавуви во тимот на Интер Мајами. Еден од најдобрите фудбалери на светотот во историјата, аргентиснкиот волшебник Лионел Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност исамо 5 дсена по смртта на неговиот татко Хорхе се појавуви во тимот на Интер Мајами на синоќешниот дуел од Лига-купот против Леон, меч што неговиот тим сепак го загуби од мексиканскиот претставник на домашен терен со 2-3. Lionel Messi returned to the pitch this night in Inter Miami’s match against León. 👏🏻 Despite Messi’s return, Inter Miami suffered a 2-3 defeat. ❌ pic.twitter.com/bNP2Q24pmn — Pro_Foot HQ (@ProFoot_HQ) August 13, 2026 Меси се уште тагува по смртта на неговиот татко, а вчера објави писмо во кое најави дека сериозно размислува набрзо да ја заврши кариерата. Тој доби слободни денови од управата да остане со семејството се додека не се почувствува подготвен за камбек на терените, но никој не очекуваше тоа да се случи така брзо. Неговото излегување на теренот беше проследено со аплауз и воодушевување од публиката. Само неколку часа претходно, Меси објави емотивна порака посветена на својот татко на Инстаграм. Во неа, тој ја опиша длабоката болка од загубата и изрази сомнеж дали ќе може уште долго да игра фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЗабаваПрстен вреден милион евра: Возач на Формула 1 филмски ја запроси девојката Возачот на Формула 1, Џорџ Расел се сврши со убавата Кармен Монтеро Мундт по шестгодишна врска, а вниманието го привлече раскошниот накит со огромна вредност.Летната пауза во Формула 1 донесе големи вести од приватниот живот на Џорџ Расел. Ѕвездата на „Мерцедес“ ја запроси својата долгогодишна девојка Кармен Монтеро Мундт, а посебно внимание привлече луксузниот веренички прстен, чија вредност се проценува на близу еден милион евра. Британскиот возач во Формула 1 за чинот на запросување избра романтичен амбиент покрај морето. Бели рози, свеќи и зајдисонце беа позадината на моментот кога Кармен се согласи да стане негова сопруга. Двојката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на Инстаграм, користејќи едноставни симболи – прстен и бело срце. Сепак, набрзо потоа, прстенот стана една од главните теми на социјалните мрежи. Кармен покажа голем жолт дијамант со овален рез на својата рака, кој според проценките тежи меѓу осум и десет карати. Централниот камен е опкружен со помали бели дијаманти од двете страни. Повикувајќи се на стручни проценки објавени во германскиот весник „Билд“, порталот „Спортал“ наведува дека овој накит би можел да вреди околу 900.000 евра. Љубовната приказна меѓу Џорџ и Кармен трае веќе шест години. Тие се запознале во Лондон во 2020 година преку заеднички пријатели; интересно е што Кармен, наводно, во тоа време дури и не знаела со што се занимава Расел. Тој побарал нејзин телефонски број, ја поканил на вечера и сам го подготвил оброкот. На 18-годишна возраст, Кармен се преселила од Шпанија во Обединетото Кралство, каде што студирала бизнис-менаџмент и финансии на Универзитетот во Вестминстер, а своето образование го продолжила и во Женева.Тагови: Формула 1 Џорџ Расел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter