Новак Ѓоковиќ го сели АТП турнирот од Белград во Атина во договор со Панатенаикос - Канал 5

Новак Ѓоковиќ го сели АТП турнирот од Белград во Атина во договор со Панатенаикос

Грчката агенција SDNA носи бомбастична вест, Новак Ѓоковиќ одлучил да го премести турнирот од АТП серијата 250 во Атина во договор со Панатинаикос и тој ќе се одржи во ОАКА Арената, според извештаите од Грција.

Новак Ѓоковиќ го сели АТП турнирот од Белград во Атина во договор со Панатенаикос

Пред неколку недели, делегација на АТП ја посетила салата каде што игра Панатинаикос и направиле увид пред да донесат одлука за преместување на турнирот од Белград, пренесе Телеграф.

Турнирот треба да се одржи од 2 до 8 ноември, а Евролигата е информирана за сè, со цел да се организира Панатинаикос да игра во други сали во текот на ноември додека се одржува турнирот.

Интересно е што турнир од АТП серијата не се одржал во Атина од 1994 година.

Новак Ѓоковиќ моментално е на одмор во Грција, каде што беше на островите Миконос и Парос, а интересно е што присуствувал на литургија во грчка црква со премиерот Киријакос Мицотакис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛТ навива: Вардар против Нант, нов европски предизвик за „црвено-црните“

По враќањето во елитното европско натпреварување, РК Вардар 1961 продолжува со големите предизвици во Лигата на шампионите.

ВЛТ навива: Вардар против Нант, нов европски предизвик за „црвено-црните“

„Црвено-црните“ вечерва, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат францускиот Нант во натпревар од 2. коло.

По петгодишната пауза од Лигата на шампионите, секој европски натпревар за Вардар носи посебна енергија. Кога се игра пред домашната публика, „Јане Сандански“ повторно станува место каде што ракометот, емоцијата и навивачката страст се спојуваат во едно.

Нант е сериозен европски противник, но Вардар низ својата историја повеќепати покажал дека на домашен терен знае да одигра големи натпревари. Поддршката од трибините ќе биде важен дел од атмосферата во која „црвено-црните“ ќе го бараат патот до нов европски успех.

Како партнер и силен поддржувач на клубот, Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат е со Вардар, со поддршка за тимот во новата европска сезона.

Пред големиот ракометен дуел, Вардар подготвува вистински спектакл и за своите навивачи. Два часа пред почетокот на натпреварот, од 16:45 часот, на платото пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде отворена голема црвено-црна фан-зона за сите љубители на Вардар. Посебно место во фан-зоната ќе имаат двата трофеи од Лигата на шампионите, освоени од Вардар во 2017 и 2019 година. Пехарите ќе бидат изложени за навивачите, кои ќе имаат можност да се фотографираат со највредните трофеи во историјата на клубот.

И тимот на ВЛТ ќе биде тука, заедно со вардаровите навивачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Времето на СДС и ДУИ заврши, така треба да заврши и заштита на Филипче, Заев и другите

Времето на СДС и ДУИ заврши, така треба да заврши и заштита на Филипче, Заев и другите од нивните инсталации во правосудството.

ВМРО-ДПМНЕ: Времето на СДС и ДУИ заврши, така треба да заврши и заштита на Филипче, Заев и другите

Јавноста со години е сведок и гледа како правосудството, кое само себе се доведе до 2% доверба, не постапува еднакво кон сите. За едни, со тешки криминални дела и скандали, како на Венко Филипче за модуларните е заштитник, други експресно гони и суди и за мали прекршоци.

Едни од заштитените од правосудните органи, несомнено, се корумпираните и криминални структури во СДС и ДУИ, како што Венко Филипче, Зоран Заев, роднините на Ахмети и такви како нив.

Секогаш кога трагите за криминалот водат кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, се активираат нивните инсталации во правосудството и правдата стои во место, истраги нема, обвиненија паѓаат, се укинуваат пресуди.

Не може за трагедијата со 14 жртви во модуларната болница во Тетово да нема виновници, за случајот Ласкарци со 16 да се укине пресудата, а за случајот Мазут тежок 167 милиони евра, да нема ниту истрага. Тоа не е правдата која граѓаните ја бараат и очекуваат, тоа е правда која штити поединци.

На инсталираните и мал дел од корумпирани судии и обвинители, кои во време на власт на СДС и ДУИ, работеа по принципот за едни законот важи веднаш, а за луѓето блиски до овие партии секогаш да имаат изговор, одложување или заштита, треба да им е јасно дека нивното време одамна заврши.

Македонија заслужува независно и професионално судство и обвинителство, а не политички бастион во кој одлуките зависат од партиските и бизнис интереси на СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за систем во кој нема недопирливи, нема привилегирани и нема да има заштитени. Правда и одговорност мора да има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

Отворањето предмет од ДКСК за можен судир на интереси кај едно лице не е истрага за проневера на 5,5 милиони евра.

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

Судир на интереси за член на Комисијата кој учествувал и како изведувач е само еден сегмент, за целиот скандал потребно е истрага од Обвинителството по трагот на парите.

Арамијата Мицкоски излажа дека прославата чинела „нула денари“. Јавноста дозна дека биле потрошени 5,5 милиони евра. Потоа молк, се кријат докуименти, договори, анекси, исплати, фактури. Се крие дури и данок дали е платен.

Така функционира организирана криминална група – крие за да не се откријат провизиите, матните зделки и злоупотребите.

Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски и имаат право да знаат каде завршил секој денар.

Затоа Јавното обвинителство мора веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација, да го следи текот на парите и да утврди како биле носени одлуките.

Каде е одлуката на Собранието на акционери на Лотароија која мора да постои согласно закон?

Кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари? На која седница била донесена одлуката, кој гласал за неа и врз основа на кој закон?

Како е можно јавен повик да трае само пет работни дена и со пристигнала само една понуда а по три дена веќе да се најави настапот на Гета?

Мора да се утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога и од кого бил договорен и кога бил исплатен.

Колку заработиле „Стардаст“, односно „Авалон“, и како биле вршени исплатите додека компанијата имала блокирана сметка?

Дали е платен данок воопшто?

Каде завршиле приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали за овие приходи бил платен данок?

Ова се премногу отворени прашања, премногу матни зделки. Премногу сокриени документи.

Ако сè чисто и законски, документите немаше да се кријат.

Да немаше што да сокрие, арамијата Мицкоски немаше да ги лаже граѓаните дека прославата чинела „нула денари“.

СДСМ бара целосна истрага од Јавното обвинителство.

Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“. Не можете да ги трошите парите на граѓаните, да ги лажете и потоа да ги криете одговорите.

Доаѓа времето на вистината и правдата.

Скопје, 16.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер