Нова страотна визија на познатиот јасновидец го замрзна светот - Канал 5

Нова страотна визија на познатиот јасновидец го замрзна светот

Го предвидел поразот на Трамп, коронавирусот, а сега и ова

Нова страотна визија на познатиот јасновидец го замрзна светот

Уште во 2018 година, Николас Аујула (35) од Лондон зборуваше за катастрофалниот „грип“ која доминира во светот - визија за која тој сега верува дека ја најавила епидемија од Ковид-19, чиј ефект се споредува со шпанскиот грип.

Тој исто така предвидел дека Трамп ќе ги загуби изборите во Америка, како и глобалните протести - кои се одржаа во 2020 година.

Сега, регресотерапевтот, хипнотерапевтот и психичкиот астролог, објави дека во неговите визии „видел“ големи турбуленции во кралското семејство.

Имам визии за Меган Маркл која се појавува некаде на екран, прави некакво интервју, каде открива тајни за кралското семејство. Гледам уште едно бебе за неа и Хари “, најави Николас.

Тој исто така најави потенцијален срцев удар за дури три познати личности од А-листата.

Зборовите на Том Круз „Јас срце“ постојано ми доаѓаат. Можеби тоа е буквално значење дека тие ќе имаат проблеми со срцето, или можеби е метафорично, па тие ќе поминат низ емотивна болка или нешто слично “, рече тој.

„Гледам и љубовни проблеми за Натали Портман и Ким Кардашијан. Кој знае, можеби Ким и Кањие Вест повторно ќе се разделат “, прокоментира Николас.

Тој „ѕирна“ и во блиската иднина:

„Единствена работа за која луѓето најмногу ме прашуваат оваа година е коронавирусот. Имам визии дека тоа ќе се реши по Нова година и дека стапката на инфекција ќе се намали до таа точка што ќе биде ставена под контрола најдоцна до пролет“, тврди Никола.

„Но, предвидувам дека паниката и ограничувањата во врска со вирусот ќе продолжат до 2022 година“, додаде психичарот.

Николас прогнозира дека протестите низ целиот свет ќе продолжат во следните две до три години и исто така тој има визии за граѓански немири.

Тој исто така, предвидува масовно движење на луѓето, како миграција во една насока.

„Гледам како луѓе се селат некаде за подобар живот, тоа е масовен егзодус. Не зборувам за неколку стотици, мислам за илјадници “, рече тој.

Кога станува збор за следната година, овој видовит човек имаше и некои загрижувачки визии.

„Имав и неколку прилично ужасни визии - една од нив е атентатот на еден светски лидер. „Искрено се надевам дека тоа нема да се случи“, рече тој.

„Исто така, имав визија за светски самит кој ќе биде погоден од сексуален скандал и подем на крајно десничарската политика, особено во јужна Европа, Блискиот Исток и Африка, како и вулкански ерупции кои ќе доведат до големи климатски промени. Слушнав и зборови како „свински грип“ кои ми доаѓаа и видов слики со масовна паника. „Не мислам дека тоа ќе биде друг вирус, но можам да замислам дека реакцијата ќе биде алармантна, имајќи предвид што се случи оваа година“, рече тој.

Никола, кој верува дека бил египетска кралица и лав во минатите животи, за првпат станал свесен за своите психички таленти како дете, но прво навистина неодоливо искуство имал на 17 години.

Тој сè уште не може да објасни што точно се случило.

Имав речиси вонтелесно искуство и можев да видам неколку свои минати животи. Уште во 2018 година, зборот „грип“ постојано ми доаѓаше. Ми остана во мислите, бидејќи тоа не е збор што би го употребил“, објаснува Николас како се појавуваат неговите визии.

И покрај своите извонредни предвидувања, тој инсистира на тоа дека не е „посебен“ – наместо тоа, верува дека сите ги имаме истите способности, но дека скептицизмот не спречува да им веруваме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМ

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“.

Мицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМ

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата.

Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија.

Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“ е кофинансиран од Европската унија, Германската развојна банка и владата на Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промени

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија,  денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. 

Македонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промени

По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери.

„Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски.

Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво.

„Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“

Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија.

„Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски.

Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига.

„Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски.

Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активност

Светскиот ден на срцето се одбележува денеска под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“.

Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активност

Фокусот е на препознавањето на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон носителите на одлуки со цел да се обезбеди универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи.

Светскиот ден на срцето е воспоставен во 2000 година со цел јавноста ширум светот да се информира за значењето и мерките за превенција од болестите на срцето и крвните садови.

Според најновите податоци на Светската федерација за срце и Светската здравствена организација, болестите на срцето и крвните садови претставуваат водечка глобална причина за смртност, со околу 20,5 милиони смртни случаи секоја година.

Се проценува дека денес повеќе од 620 милиони луѓе живеат со некаков кардиоваскуларен проблем, при што најчести се акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер