Нова средба на мешовитата комисија за историја во Скопје- теми на разговор учебниците за седмо - Канал 5

Нова средба на мешовитата комисија за историја во Скопје- теми на разговор учебниците за седмо

Во екот на новите превирања на реалција Македонија-Бугарија, во пресрет на извештајот за Македонија во Европскиот парламент, историчарите од двете страни во Скопје одржуваат нова средба.

Нова средба на мешовитата комисија за историја во Скопје- теми на разговор учебниците за седмо

Се уште нема детали што се е на маса, а последните информации се дека бугарските историчари предлагаат заедничко чествување на Никола Карев и Марко Цепенков.

Пред министерството за надворешни работи е Елизабета Дамјаноска Спасеновска.

Бети, екипата на Канал 5 ја пречека бугарската делегација на доаѓањето. Што се очекува од денешната средба?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

YouTube video

НФФ: Пченицата со добар квалитет и задоволителни приноси

Пченицата со добар квалитет и задоволителни приноси, надлежните институции активно да се вклучат во надзорот на откупот.

НФФ: Пченицата со добар квалитет и задоволителни приноси

Пченицата годинава е со добар квалитет и приносите се задоволителни, вели Националната федерација на фармери (НФФ).

Воедно апелира до надлежните институции, особено до Земјоделскиот инспекторат, активно да се вклучат во надзорот на откупот и да обезбедат фер и транспарентна постапка за сите земјоделци.

Според НФФ, покрај постигнатите 12 денари за откуп годинава, потребно е да продолжат активностите за зголемување на приносите, за намалување на производните трошоци, за воспоставување долгорочни и фер односи меѓу земјоделците, мелничарите и откупувачите преку договорното производство, за активирање интервентен откуп во кризни ситуации, воведување нови технологии и економско здружување на фармерите во задруги и организации на производители.

-Преку својот потсекторски систем, континуирано ја следиме состојбата со пченицата, како во делот на производството, така и во делот на продажбата. Оваа стратешка култура секогаш се соочува со предизвици при откупот и високата производна цена. Оваа година, со посредство на МЗШВ, постигнат е договор со откупувачите цената за прва и втора класа да изнесува 12 денари по килограм, со тоа што на оваа цена ќе бидат додадени и трошоците за транспорт и ДДВ, кои ќе ги покријат мелничарите, односно пченицата која се транспортира од региони без млинови ќе има покриени дополнителни транспортни трошоци. Сметаме дека ова е излезно решение за годинава, наведува НФФ.

Федерацијата потсетува дека пченицата е стратешки производ за државата, дефиниран согласно Законот за земјоделство и рурален развој. Останува најзастапена култура меѓу житните, со засеани 69 689 хектари или 44,5 отсто од вкупната површина под житни култури (156 469 хектари).

Жељко Комшиќ од денеска нов претседавач со Претседателството на БиХ

Хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, кој е избран со гласовите на бошњачките избирачи, од денеска ја презема функцијата претседавач со Претседателството на БиХ.

Жељко Комшиќ од денеска нов претседавач со Претседателството на БиХ

Комшиќ на оваа позиција доаѓа по принципот на ротација, заменувајќи ја српската членка на Претседателството, Жељка Цвијановиќ.

Како што соопштија од Претседателството на БиХ, Комшиќ ќе ја извршува функцијата претседавач во наредните осум месеци.

Изборот на Комшиќ и понатаму е причина за незадоволство кај Хрватите, еден од трите конститутивни народи во БиХ, кои бараат измена на Изборниот закон. Тие сметаат дека бошњачките гласачи го избираат нивниот претставник во Претседателството и затоа инсистираат на реформи. Сепак, измените досега не се реализирани, бидејќи, според критичарите, на Бошњаците им одговара сегашната состојба во која имаат две фигури во Претседателството што ги застапуваат нивните интереси.

Герасимовски: Повикот за музичката манифестација „Нешто што ќе остане” трае до утре, пријави се!

„Лани, ‘Нешто што ќе остане’ беше нашиот настан на годината. Заедно со скопјани уживавме во добра квалитетна музика, ги пеевме најпознатите македонски хитови. 

Герасимовски: Повикот за музичката манифестација „Нешто што ќе остане” трае до утре, пријави се!

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што работат во полето на културата и кои имаат седиште во Општина Центар, да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за реализација на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“. Тој потенцира дека оваа музичка манифестација и годинава повторно ќе го размрда Паркот на франкофонијата со звуците на македонските изведувачи.

„Лани, ‘Нешто што ќе остане’ беше нашиот настан на годината. Заедно со скопјани уживавме во добра квалитетна музика, ги пеевме најпознатите македонски хитови. Културата е таа којашто не спојува, културата е душата на Центар, на Скопје. Затоа, ги повикувам сите заинтересирани да се пријават на настанот и повторно да создадеме нешто што ќе остане, што ќе го паметиме и ќе бидеме горди“, вели Герасимовски.

Општина Центар бележи континуирано зголемување на буџетот за култура, кој од 4 милиони денари на почетокот на мандатот на градоначалникот Герасимовски, денес изнесува 13 милиони денари, што претставува трикратно зголемување.

Овој повик нуди можност за финансиска поддршка до 1.840.000 денари за организација на културниот настан, со цел поддршка на македонската музика, уметници и продукција. Пријавените треба да предложат целосна четиричасовна програма со реномирани македонски изведувачи и водител, како и целокупна логистика за реализација на настанот.

Рокот за пријавување трае до утре (четврток), односно 7 дена од денот на објавувањето на повикот на веб-страницата на Општина Центар: www.centar.gov.mk

Пријавите се доставуваат во архива (барака 6) или по пошта на адреса: Општина Центар – Скопје

Сектор за јавни дејности / Одделение за култура

ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје

со назнака: „Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот ‘Нешто што ќе остане’“

Формуларот за пријава е достапен на веб-страницата на Општината: https://www.centar.gov.mk/?p=25930

Општина Центар

притисни ентер