Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)
АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
1Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)
2АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
МакедонијаНова шема на измами ги демне граѓаните Нова шема на измами ги демне граѓаните – по онаа со лажните сообраќајни несреќи, измамниците најдоа нова метода да извлечат пари од џебот на граѓаните, односно сега злоупотребуваат огласи за продажба на користени работи. Нова шема на измами ги демне граѓаните – по онаа со лажните сообраќајни несреќи, измамниците најдоа нова метода да извлечат пари од џебот на граѓаните, односно сега злоупотребуваат огласи за продажба на користени работи. Последната жртва која се пожали до Канал 5 ни посочи дека огласила детско седиште за во возило, по што и се јавил наводна купувачка од Крушево на Вибер, испраќајки линк од лажна страница за Карго преку кој наводно и ги испраќа парите и каде таа треба да ја наведе трансакциската сметка за да може да ги преземе средствата. Од наводно безбедносни причини, на оштетената и било побарано и да ја наведе состојбата на сметката, но во позадина и се повлека наведената сума. -Страницата изгледаше сосема легитимно, побара податоци од картичката, ова преку вебстраницата, под изговор дека е потребна безбедносна верификација, но јас мислев дека примам пари, но наместо тоа ми беа земени пари и префрлени преку Вестерн Унион – Виена, вели оштетена граѓанка. Откако забележала дека е станува збор за измама, оштетената граѓанка веднаш се обратила во Полициската станица и во матичната НЛБ банка. На полицијата, оваа меѓународна измамничка шема, а и наводниот купувач веќе им биле познати од други случаи – но првенствено и рекле да се обиде да ги врати средствата преку банка, оти биле резервирани, не и реализирани. -Она што е најапсурдно, парите кај мене се уште стојат како резервирани, не се конечно реализирани, значи постои прозорец да се преземе некаква акција. Доволно е банката, полицијата, Вестерн Унион во еден момент да соработуваат и да може трансакцијата да може да се блокира, ама таа соработка очигледно не се случува, се остава граѓанинот сам да ги обиколи сите институции, сам да го реши она што е институционална одговорност, вели оштетена граѓанка. Од МВР за Канал 5 велат дека во последните месеци добиле 12 пријави за измама на интернет при продажба и дека по истите преземаат мерки за расчистување на случаите, а известено е и јавното обвинителство и меѓународната полиција. -Преку Интерпол се испратени барања за секоја пријава бидејќи се работи за странски броеви од кои се контактирани граѓаните и исто така лажната веб – страна е хостирана на странски север. Поради тоа се уште се чека одговор на одредени барања преку Интерпол со цел откривање на потенцијалната криминална група која врши фишинг измами на многу софистициран начин, велат од МВР. Од НЛБ пак посочуваат дека двојната автентификација претставува дополнителен безбедносен механизам, во кој, и покрај иницирањето на трансакцијата, се бара и потврда на нејзино иозвршување од самиот клиент преку посебен сигурносен чекор. Од таму апелираат клиентите да бидат особено внимантелни при користење на дигититалните услуги и да не ги споделуваат сигурносните кориснички обележја на платежните инструменти. -Во случај кога клиентот самостојно ќе ја потврди трансакцијата преку предвидените безбедносни чекори, таа согласно законската регулатива и догвороната документација, се смета за авторирзирана, а можностите на банката за нејзиното запирање се ограничено согласно правилата на картичните платежни шеми, велат од НЛБ Измамниците, на лажната страница каргоекспрес.глобал која ја користат го злоупотребуваат логото на вистинската компанија каргоекспрес.мк, од за Канал 5 телефонски посочија дека и други граѓани им се пожалиле и дека неколку пати и тие самите пријавиле во полиција. -На левиот дел од екранот е вистинската страница на карго експрес.мк – која воедно ви дава и да ги користите опциите на истата, за разлика од страната каргоекспрес.глобал која е на десната страна од екранот, која е само направена да ве наведе да помислите дека е вистинска, а всушност е лажна позади која стојат измамниците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветРакетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)Финансискиот центар на Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, беше погоден од ракетен напад, а инцидентот ја оштети зградата на нафтената компанија Сауди Арамко.Според информациите што ги објавија странските медиуми, прозорците на зградата биле скршени на неколку ката, додека дел од фасадата е оштетен, објави Лориент. Нападот се случил денес, откако воената коалиција предводена од Саудиска Арабија објави дека пресретнала ракети лансирани од Јемен, за кои се вели дека им припаѓаат на јеменските бунтовници Хути. Сведоци потврдија за АФП дека бил погоден деловниот комплекс на Финансискиот округ Крал Абдула (КАФД), во кој се наоѓа и кулата Арамко. Според нив, штетата била видлива на неколку ката од зградата, вклучувајќи скршени прозорци и оштетување на фасадата. Footage from the site, and post-impact shows continuous smoke plumes rising from the upper floors of the damaged Al-Aqiq commercial tower in Riyadh as civil defense units secure the area. #SaudiArabia #Riyadh #AlAqiq @Natsecjeff https://t.co/6R01FMkTTe — ConflictRadarME (@ConflictRadarME) November 8, 2026 Сепак, првичните извештаи не беа јасни дали зградата била директно погодена од ракета или штетата е предизвикана од остатоци од ракета што претходно била пресретната од воздушната одбрана. Саудиското Министерство за енергетика подоцна соопшти дека административната зграда на Арамко била цел на обидот за напад, но дека штетата била ограничена на остатоци. Според официјалните информации, немало повредени или смртни случаи во инцидентот. Воената коалиција соопшти дека воздушната одбрана пресретнала и уништила две крстосувачки ракети насочени кон Ријад и јужните делови на кралството. Нападот врз финансискиот центар предизвика особена загриженост бидејќи е еден од најпрепознатливите симболи на економските и социјалните реформи на Саудиска Арабија. Комплексот KAFD вклучува бројни канцелариски згради, финансиски институции, станбени згради, продавници и метро станица што ја користат многу луѓе секој ден. Инцидентот претставува нова ескалација во конфликтот меѓу Саудиска Арабија и Хутите, кои ги интензивираа меѓусебните напади во последните месеци. Тензиите дополнително се зголемија откако Хутите ги обвинија саудиските сили за смртоносни напади врз цивили во Јемен. Засега нема потврда дека нападот предизвикал прекини во работата на „Арамко“ или на неговите нафтени постројки. Властите продолжуваат да ја проценуваат штетата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработенитеПлатата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок. Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход, се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметна потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 06.11., со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата. Работењето на АД ЕСМ, кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот Буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година. Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања - да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените. Во контекст на платите и надоместоците за вработените, би сакале да потсетиме дека е почнат процесот за зголемување на платите во АД ЕСМ согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Исто така, на почетокот на јули е исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во 100% вредност, а последните две години вработените ја добиваат декемвриската плата пред почетокот на Новогодишните празници. АД ЕСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter