Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотНова „пандемија", човештвото се соочува со дестабилизација на психолошката состојба Владее пандемија во светот, а владее и секојдневниот страв кај човештвото. Ковид состојбата со себе донесе економски, емоционални, општествени кризи, но и низа стравови. Не зароби во постојан трепет од она што ни го носи денот. Прагот од нашите куќи го пречекоруваме само со една мисла, да се вратиме дома, без да се заразиме со корона вирусот. Се чини дека на врата ни чука нова „пандемија", човештвото е преплавено со постојани промени, стресови, но и човечки загуби, сето ова резултира со зголемување на бројот на луѓе кои бараат помош од психолог. Стручните лица се согласни во ставот дека огромните промени и адаптации, стравот и загриженоста за здравјето и животот допреа до секое семејство и до секој член од истото. -За жал, оваа долготрајна пандемиска криза сериозно го афектираше и менталното здравје на луѓето, како во светот, така и кај нас. Ефектите ги чувствуваат сите возрасни категории, но не се исклучок ни децата. Верувам дека оваа криза, која се уште трае донесе огромна неизвесност, никого не остави рамнодушен и предизвика дестабилизација на психолошката состојба и нормалното живеење кај многумина, потенцира М-р Ивана Хаџиванова, психолог, психотерапевт и супервизор. Таа додава дека Ковид состојбата предизвика зголемена депресија и анксиозност, дел од луѓето кои се соочуваат со една од овие две состојби, ги препознаваат симптомите, меѓутоа за жал има и дел од популацијата, кај која симптомите остануваат непрепознаени подолг период и од самата личност, а и од семејствата. Според Хаџиванова тоа носи свој ризик во продлабочување на проблемите и предизвикува долго страдање на личноста. -Во препознавањето на симптомите на депресија и анксиозност од голема помош и важност е информирањето, читањето и психоедукацијата која ја прават стручните лица од оваа област и се поголемата медиумска застапеност, со отворено зборување на теми врзани за менталното здравје. Истово е од исклучителна важност за детабуизирање и дестигматизација, и тргање на стравот врзан за овој важен здравствен и општествен аспект како менталното здравје. Важно е да се прави превенција и да се бара помош и за своето ментално здравје, подеднакво исто како што се бара за телесното, вели таа. Психологот за МИА вели дека овие две состојби кај човекот можат да се одразат на сите животни аспекти кај личноста, односно да го оневозможат нормалното функционирање. -Тоа се сепак растројства што ги засегаат и вољево-нагонските динамизми на личноста, како и когнитивните функции. Тие прават потешкотии во ефикасноста во работењето и професионалниот дел, во семејните односи и динамика вклучително и контактот со децата, во партнерските односи и интимниот живот, во социјалниот живот и дружењето со пријателите доведувајќи до одбегнувачко однесување и изолација. Често предизвикуват и пад на расположението и едно животно незадоволство, доминација на тага, страв, паника и загриженост, како и појава на несигурност, неодлучност и пад на самодовербата кај личноста која истовремено се критикува и обвинува за сопствените чувства и состојба, непотребно ставајќи ги во категорија на „слабост'', потенцира Хаџиванова. На прашањето дали е забележан раст на лица кои имаат некое од овие две заболувања, таа рече дека овие заболувања, кои и пред пандемијата биле распостранети во голема мера, сега драстично се зголемиле, а тоа, како што вели психологот го потврдиле и светските здравствени релевантни институции и организации. Објаснува дека по појавата на корона вирусот се почсето се поплакувале и луѓе кои никогаш претходно немале никакви потешкотии од психолошка природа..Пандемиската криза го урива стереотипот – барањето психолошка помош не е срам, туку човечка потреба.Сепак, за жал ние сме нација која има длабоко вкоренето – НЕ, за зборување на проблемите и траумите бидејќи истите се доживуваат како срамни. Но, според стручните лица одењето на психолог не треба да се врзува само за менталните болести, потенцираат дека прихологот има важна улога при донесување големи животни одлуки, поддршка при загуби, разводи и адаптирање на животните промени, партнерски несогласувања, семејни потешкотии, личен и професионален раст и развој како и советување и психоедукација на разни теми значајни за сите животни улоги, како на пример, родителството и одгледувањето на децата. Појаснуваат дека позитивно е тоа што луѓето полека почнуваат да го откриваат вистинското значење на посетата на психолог. -Во последниве неколку години се забележува пораст на свесноста за грижата за менталното здравје и посетата на психолог/психотерапевт. Оваа година пак особено, бидејќи пандемиската криза која ги загрози менталната добросостојба и здравје, на некој начин направи тоа да се сфати уште посериозно и со поотворен ум и луѓето да ги надминат предрасудите и стереотипите и забележително да се похрабри во барањето стручна помош, вели Хаџиванова за МИА. Таа порачува дека колку повеќе и без срам говориме, споделуваме и се информираме во однос на менталните растројства и болести и за тоа како се чувствуваме, толку подобро за сите, бидејќи само така ќе се тргне притисокот од криењето, срамот и стигмата. Хаџиванова заклучува дека луѓето се ранливи, и дека не постои човек кој никогаш не бил макар еднаш во емоционална криза, или пак не почувствувал и доживеал голем стрес, некаква загуба, причини кои доведуват до одредена депресија или анксиозност. Расцеп на душата – живот со шизофренија Расцеп на душата! Два збора кои асоцираат на наслов од некоја тажна бајка или пак одреден животна неправда, но не, овие зборови всушност ја опишуваат тежината на животот со шизофренијата. Поточно кажано шизофренијата претставува кованица од два збора шизо и френос, кое во буквален превод означува расцеп на душата. Од самиот збор се согледува тежината за кое самото од себе е дефинирано како сериозно душевно растројство. Имено, постојат различни видови степени на сериозност на менталните заболувања. Како најсурово и најистакнато е токму ова заболување, кое иако е во иста група со депресијата и анксиозноста, сепак се одделува од нив поради различениот облик во кој што се појавува. Ова заболување се одвојува од сите по своите специфични симптоми, така шизофреничарите живеат заглавени помеѓу два света, помеѓу оној реалниот и оној кој се одвива само во нивните глави, додека пак на повеќето од нив секојдневието им е сведено на разграничување на реалното од нереалното. За шизофренијата како посебен вид на ментално заболување разговаравме со др, спец. псијихатар Марија Костадиновска. На прашањето што точно се одвива во нивните испреплетени светови Костадиновска ни даде сликовито објаснување. Таа напомена дека првенствено ова растројство се манифестира со неповрзан говор, немотивирано смеење или плачење, нереален страв, како и чувство на загрозеност. -Лицата кои страдаат од ова растројство се соочуваат и со нарушено доживување на околината, нереално размислување и однесување, слушање на одредени шумови или гласови, кои како такви не се во склоп со реалноста. Дел од болеста опфаќа и осиромашување на емоциите, па често проследува недостиг на лицева експресија, оскуден речник, неможност за доживување на задоволство, недостиг на мотивација и желба за социјални опкружување и комуникација, вели Костадиновска. Инаку се смета дека болеста е генетски предиспонирана, но сепак за развој на болеста влијаат и други фактори како што се исхраната и стресните моменти. – И за периодот од рано детство од значење е стабилна средина за раст и развој на детето. Децата кое се опфатени во групата на таканаречени детски трауми како злоупотреба, малтретирање на детето или рана смрт на родител се потенцијални фактори за отпочнување на шизофрен процес. Употребата на марихуана, амфетамин или алкохол, може да бидат дополнителен фактор во развојот на шизофренијата, особено кај оние лица кои се со одредена генетска предиспонираност, додава Костадиновска. Оваа состојба се утврдува преку психијатриски преглед, обсервацијата, односно набљудувањето на лицето, следењето на неговите мисли, однесување и доживување на илузиите. Притоа за добивање поконкретни податоци се користат одредени тестови со кои се увидува подлабоката структура на личноста. Овие тестови се алатка во секојдневното функционирање на стручните лица, со чија помош и може да се утврди за кој вид на шизофренија станува збор. -Растројството се јавува во адолесцентион период, и тоа кај момчињата најчесто во средниот период до 25 годишна возраст, додека кај девојчињата се јавува некаде во доцниот адолесцентен период, по дваесет и петата година. Со оглед дека почетокот на болеста се совпаѓа со одредени психички промени кои и се својствени на адолесцентниот период, како повлекување од друштвото, намалување во успехот во училиште, променливо расположение, на почетокот психичките промени може да се протолкуваат во рамките на нормалниот адолесцентен развој, вели Костадиновска. Но, што е пресудно за овие лица да се стигматизирани во околината во која живеат?! -За жал да. Лицата се стигматизирани, обоени под превезот на неспособни, недостасуваат едукации за сериозни душевни ратројства, преку кои ќе се опфати манифестацијата, текот и лекувањето. Стравот од непознатото генерира одбранбен механизам, а тоа е избегнување, нагласува Костадиновска Таа потеницира дека голем дел од овие луѓе постануваат неспособни за остварување редовен работен однос, бидејќи кај нив страда процесот на запамтување, расудување, донесување одлуки, решавање проблеми. Се соочуваат со недостиг на средства за нормално функционирање, препуштени сами на себе, често пати приметени како скитаат, со неодржана лична хигиена. Според неа овие елементи го условуваат социјалниот фактор за одржување на стигматизацијата. Предвидувањата на стручните лица се дека за жал и по завршувањето на корона кризата, човештвото долго ќе се справува со последиците по менталното здравје, со други зборови откако ќе се справиме со пандемијата ќе треба да се подготвиме за нова битка, битка против депресијата и анксиозноста, воопшто дестабилизираната психолошка состојба./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28