3Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер
БалканНова демократија ги поддржува кандидатурите за нов мандат на градоначалниците на Атина и СолунОд Нова демократија соопштија дека поддршката е со одлука на претседателот на партијата и актуелен премиер на Грција Кирјакос Мицотакаис. Грчката владејачка партија Нова демократија ги поддржа кандидатурите за втор мандат на актуелните градоначалници на Атина, Солун и Пиреас, Костас Бакојанис, Констанинос Зервас и Јанис Моралис во пресрет на локалните избори во октомври, јави дописничката на МИА од Атина. Од Нова демократија соопштија дека поддршката е со одлука на претседателот на партијата и актуелен премиер на Грција Кирјакос Мицотакаис. Бакојанис, кој е син на поранешната министерка и пратеничка од Нова демократија Дора Бакојани и внук на Мицотакис, на локалните избори во 2019 година првпат беше избран за градоначалник на Атина, а сега ќе се бори за втор мандат од граѓаните. Во периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, Нова демократија ја повлече поддршката за втор мандат на актуелниот префект Јоргос Патулис и го предложи заменик-министерот за одбрана Никос Хардаљас. Поддршката за Патулис беше повлечена откако на социјалните мрежи во четвртокот беше споделено видео на кое актуелниот префект на Атика танцува традиционален грчки танц на настан во Атина, во моментите кога во земјата беа активни низа големи пожари и на само два дена по загинувањето на двајцата пилоти на Канадерот што се урна додека интервенираше во пожарот на Евија. Локалните избори во Грција ќе се одржат на 8 и 15 октомври.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски базиИран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN. Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре тргнува градскиот воз Зелениково – СкопјеОд утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути. Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.Тагови: градскиот воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министерГрадоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook