Нова демократија: Ципрас го извести Мицотакис дека се разговара за Илинденска Македонија

 Премиерот Алексис Ципрас телефонски го брифираше претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис дека со господинот Зоран Заев разговара за името „Илинденска Македонија“, соопштуваат од грчката опозициска партија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за Нова демократија, конкретното име не е прифатливо, затоа што било поврзано со создавање на македонска држава и нација што го вклучува и Солун.

- Ова име историски и директно се поврзува со стремежот за создавање „македонска“ нација и држава што го вклучува Солун и се протега до Егејското море. Било какво споменување на Илинден во името на соседната земја, не само што не става крај на иредентизмот на Скопје, туку напротив го потврдува и го зајакнува. Затоа е неприфатливо дури и да се поставува како тема за дискусија, пишува во соопштението од грчката опозициска партија.

Ливерпул нема намера да го пушти Салах на лето

Ливерпул не планира да се раздели со Мо Салах.

Крилниот напаѓач продолжува да има добри односи со сите во Ливерпул. Директорот на клубот Мајкл Едвардс верува дека Салах треба да биде дел од плановите на Ливерпул за иднината, изјави новинарот Фабрицио Романо за подкастот „Here We Go“.

Кон крајот на сезоната ќе има средба помеѓу Салах и неговиот агент. Ќе разговара за иднината на крилниот напаѓач и ќе ги истражи неговите опции. Но, во моментов Ливерпул нема намера да се раздели со него.

Претходно беше објавено дека Салах би можел да го напушти Ливерпул во 2025 година кога ќе му истече актуелниот договор.

Оваа сезона играчот има 24 гола и 12 асистенции во 41 натпревар за клубот. /МИА

За Вернер од Тотенхем заврши сезоната

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, поради повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната. Тренерот на премиерлигашот Анже Постекоглу изјави дека сезоната за Германецот е завршена.

Постекоглу го замени напаѓачот Тимо Вернер во првото полувреме од натпреварот од 35. коло на Премиер лигата со Арсенал (2:3) одигран изминатиот викенд.

Фудбалерот се повреди во првото полувреме и итно го напушти теренот. Неговото место го зазеде Бренан Џонсон.

Вернер игра за Тотенхем како позајмен од Лајпциг. Раководството на тимот се уште не одлучило дали ќе го купи напаѓачот на трајна основа за 17 милиони евра. /МИА

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Австрискиот Формула 1 тим Ред Бул и шефот на техничкиот оддел Адријан Њуи се договорија да ја прекинат соработката.

Стручњакот ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, во првиот квартал од 2025 година. Адријан има намера да се фокусира на развојот на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, RB17.

Њуи е во Ред Бул од 2005 година. Новото место на работа на специјалистот сè уште не е објавено. Претходно се зборуваше дека може да се приклучи на Ферари.

Ред Бул е на првото место во шампионатот на конструктори со 195 бодови. Ферари е на второто место со 151 бод. /МИА

притисни ентер