Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ЖивотНова божикна каланда, со видео запис „Христос се раѓа, на светот радост"По повод големиот празник Христовото раѓање-Божик, на задоволство на верниците подготвен е видео запис за новата божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост".-Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската обител, со благослов на нашиот Старец, епископот Антаниски Партениј, а во соработка со здружението „Бадникови поворки", се подготвуваше уште еден видео запис за новата божикна каланда "Христос се раѓа,на светот радост,вели сестра Ефимија. Додава дека оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. -Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност.Коледарските песни, каландите, се пееле во периодот од Бадник до Василица, односно со нив се прославувал и почетокот на Новото лето Господово, кој е, секако, поврзан со Раѓањето на Спасителот Христос,додава таа. Посочува дека екипата, со огромна љубов, радост и посветеност се собрала за да го оствари овој историски потфат во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња. Видео записот е во продкција на 2С Студио, режијата е на Дејан Пројковски,учесници се групата „Љубојна", актерот Мето Јовановски, голем број на музичари и статисти и други лица додека снимањето, миксањето и мастерингот е на студио „Подрумот",.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаСДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите - ЕУ гледа банда на власт, тоа не е народотМинистерот за полиција излезе пред амбасадори и рече: време е и за нас да важат истите принципи. Правда. Правичност. Реципроцитет. Личен пример во полиција, суд, обвинителство. Тошковски мора да разбере едно. Брисел не го меша народот со ВМРО-ОКГ. Народот го гледа како народ. Власта ја гледа како организирана криминална група што ги држи институциите. Затоа извештајот е катастрофален токму за мешање во правосудство. Затоа реформите стојат. Затоа вториот рок истече. Затоа Македонија чека во место. Народот не е бандата. Не смее Тошковски да ги изедначува. ЕУ ги гледа граѓаните исто како граѓаните на другите земји, ама бандата не смее да биде на власт. Бандата не спроведува реформи. Ја узурпира полицијата. Судот. Обвинителството. Во ЕУ премиерот не поставува обвинител преку телевизор. Не наредува политички прогон од собраниска говорница. Владата не превезува пет тони дрога преку граница. Не поставува луѓе со криминално минато за почесни конзули, па им дава да земаат народни пари за броила. Нема во ЕУ министерка дваесет години во мрежата на Лазаревиќ што бара извинување наместо регистар. Нема премиер што ходникот го продава како самит. Тошковски зборува за личен пример во институцијата во која е. Неговата институција хиперхлорираше вода во Гостивар и единаесет недели нема извештај. Неговата институција снима „safe city“ додека 5 тони товар минува преку граница. Неговиот бодигард на шефот на бандата излегува без казна. Тоа е личниот пример. Принципите што ги бара веќе важат за држави каде што полицијата не е партиска, судот не е на телефон, обвинителот не се именува од екран. Затоа ЕУ не нè гледа како нив. Гледа банда на клучевите. Народот го гледа зад бандата. СДСМ е со граѓаните. Патот кон Унијата е слободен суд, слободно обвинителство, граница што одговара, конзул што не ја продава струјата. Не лекција од министер на организирана криминална група. Кога бандата си оди, ЕУ ќе нè гледа како другите. Дотогаш гледа точно што има: Тошковски, Мицкоски, ВМРО, криминал и корупција, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството отвори истрага за насилството врз докторот Дејан ОгненовиќВчера Канал 5 објави сторија за насилството врз гинекологот од поликлиниката „Букурешт“, Дејан Огненовиќ. Денеска ОЈО отвори истрага. Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката “Букурешт”, осомничениот извршил грубо насилство врз, лекар-гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканували физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и ординацијата, се наведува во соопштението на ОЈО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуте до Европејците: Чекате Америка да ви го среди сопствениот дворГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги критикуваше европските земји поради тоа што премногу се потпираат на САД за решавање на безбедносните прашања во нивното непосредно соседство.Говорејќи на панел во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Руте го постави прашањето зошто е потребна американска помош за неутрализирање на нуклеарната програма на Иран. „Зошто сите повторно се свртуваат кон САД во врска со Хутите во Црвеното Море? Затоа што на Европејците очигледно им недостига капацитет сами да се справат со тоа. А ова е соседството на Европа, а не на Америка“, изјави Руте. Тој смета дека НАТО мора да еволуира за Европејците да можат самостојно да ја гарантираат сопствената безбедност. „Ви недостига капацитет; чекате САД да ви го средат дворот“, рече тој. Споделување на товарот во рамките на Алијансата Изјавата на Руте доаѓа по тековните дискусии во рамките на Северноатлантската алијанса за споделување на воениот товар и потребата европските членки да преземат поголема одговорност за стабилноста во сопствениот регион. Американскиот претседател Доналд Трамп со години ги критикуваше европските сојузници поради недоволните трошоци за одбрана. Сепак, во својот говор на Генералното собрание на ОН вчера, тој го пофали напредокот на сојузниците и истакна дека тие ги зголемуваат издвојувањата во воените буџети. „НАТО постигнува работи за кои никој не веруваше дека се можни, вклучително и зголемување на целта за трошоци од два на пет проценти од БДП. Тоа ќе им обезбеди значително поголема заштита“, рече Трамп. Извор: Индекс.хрТагови: Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook