Нов заплет за случајот со смртта на хрватскиот ракометар?!

На повидок ли е нов заплет во случајот со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој вчера почина на КАРИЛ.. 

Еден ден откако младиот хрватски ракометар Денис Тот почина на КАРИЛ се уште се непознати причините за неговата смрт. Последните неофицијални информации упатуваат на тоа дека на смртта сепак и претходел инцидент. Извори од скоспкото обвинителство за Канал 5 потврдија дека тој бил нападнат во Градскиот парк во близина на дискотеката „Привилиџ“ и дека постоел кривично правен настан. Но, што точно покажале снимките од надзорните камери од околните објекти на кои, според нашите извори во обвинителството, се гледаат двајца мажи и една девојка ќе покаже истрагата, како и тоа дали евентуалните физички повреди имале влијание на смртта на 27 годишниот Тот.

„Ќе има ли пресврт во истрагата за смртта на ракоментариот Денис Тот. Што се случувало тука во Градскиот парк во близина на дискотеката „Привилиџ“ ќе биде појасно по обдукицјата на телото на починатиот.“

Како што објави порталот „Вистиномер“, на снимките се гледало како дечко и девојка излегуваат од дискотеката „Привилиџ“ и влегуваат во такси возило, а по нив тргнал и Тот кој им се обратил.По ова тие излегле од возилото и дечкото го удрил со две шлаканици, по што ракометарот веднаш паднал на земја, а девојката неколку пати го удирила со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата, пишува порталот.

Вчера дел од хрватските медиуми објавија дека Тот бил претепан пред скопската дискотека, но ова го негираа наводите на лекарите кои кажаа дека на телото на ракометарот немало видливи траги на физичко насилство, а истото беше соопштено и од МВР. Од Карил вчера појаснија дека Тот со возило на Брза помош ноќта меѓу 6 и 7-ми април околу 4 часот по полноќ бил донесен во Ургентниот центар без срцева акција, но и по напорите за спас на неговиот живот и реанимација тој починал. По направените медицински анализи во КАРИЛ било потврдено дека во крвта немал никакви активни супстанци.

Нови официјални детали околу истрагата на МВР и обвинителството се очекуваат во текот на денот. Од двете институции најавија дека подготвуваат соопштение.

Шефот на канцеларијата што го штити Фицо бил со него во моментот на атентатот, откри детали

Шефот на Канцеларијата за заштита на уставните функционери, Павол Крејчи, присуствувал на атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, објавија словачките медиуми.

„Тој беше со премиерот. Целиот костум му беше облеан во крв“, одговори министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток.

Тој додаде дека не гледа причина шефот на канцеларијата да биде одговорен и да биде сменет од функцијата. Полицискиот инспекторат ја проверува безбедносната постапка.

Крејчи е претседател на Словачката џудо асоцијација, во 2023 година се кандидираше за партијата Хлас.

Тој ја води Канцеларијата што ги штити владините претставници од ноември 2023 година, кога владата на Фицо веќе беше на власт неколку недели. Хлас е една од двете партии во коалиција со партијата Смер на Фицо.

Да потсетиме, по атентатот, премиерот со хеликоптер беше префрлен во болницата во Бањска Бистрица и неговата состојба по операцијата е сериозна.

На пејачка ѝ се скина градникот среде настап, снимката е хит (ВИДЕО)

Пејачката Оливија Родриго доживеа незгода на сцената кога ѝ пукна горниот дел среде настап во Лондон, а видеото од засрамувачкиот момент набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Таа продолжила да пее, а еден од танчерите го забележала проблемот и се обидела да ѝ помогне, па скокала околу бината по пејачката, што насмеа многумина.

„Ова е срамно“, извика Родриго, држејќи ги рацете над градите за да не ѝ падне горниот дел, а фановите коментираа на сцената.

@rosabain She handled it like an absolute champ though omg I love her!!!😭🫶🏻💜⭐️✨ #fyp #olivia #oliviarodrigo #oliviarodrigoguts #guts #gutstour #gutstourlondon #london #02 #o2arena #uk @Olivia Rodrigo @livies hq ❤️ ♬ original sound - Rosa⸆⸉🎀

„Танчарката ја брка низ сцената за да ѝ го прицврсти горниот дел, не можам“, „Оваа танчерка е нејзина вистинска пријателка“, „Ова е премногу смешно“ и „Како танчерката продолжува да ја прави поентата додека се обидува да си го поправи горниот дел , ова е тоа", се некои од коментари на фановите.

Економската директорка на Токсикологија, наспроти ДСЗИ, вработила 18 лица со истечени договори

И покрај решението на Здравствениот и санитарен инспекторат, економската директорка на Токсиколгија вчера ги вработила сите 18 лица на кои им беа истечени договорите за дело.. 

Од денеска на Клиниката за токсикологија почнале со работа 18-те претходно вработените на кои економската директорка Бесија Иљази вчера им ги потпиша договорите за работа, велат извори од клиниката. Извори за Канал 5 велат дека денеска во униформа на работа дошол и болничарот кои се обидел да смени резулати од урина со дрога со чиста урина. Иако Иљази потпишала овие договори се неважечки велат од Државниот сантирарен инспекторат. Од ДСЗИ се уште не добиле повратница од пошта дека Клиниката за токсикологија го добиле решението каде се вели дека овие 18 луѓе не смеат да доаѓаат н работа.

Од ДСЗИ рекоа дека наредна мерка ќе биде казна за двајцата директорки и за Данил Петровски и за Бесија , бидејќи во клиниката не смеат да работат луѓе кои не се одобрени од двајцата директори. Медицинскиот директор на клиниката Данил Петровски се уште го користи стариот одмор. Тој во вторникот беше разрешен бидејќи бил на дежурство а користел денови од годишен одмор.

Министерот за здравство објасни дека не станувало збор за политички чекор туку дека 18те луѓе требало да продолжат на работа.

Петровски потенцира дека тоа е дозволено во случаи кога има потреба од медицински кадар се случувало и доктори да дојдат од одмор за дежурство. Вчера и докторот од токсикологија Нико Беќаровски побара јавно да му се извини министерот Демири кој го обвини Беќаровски дека е албанофоб. Беќаровски демантираше дека направил било каква етничка навреда и дека не може незаконското вработување на клиниката да биде поврзано со етничка припадност.

притисни ентер