Нов скок на заразени во Србија,се размислува за воведување строги мерки - Канал 5

Нов скок на заразени во Србија,се размислува за воведување строги мерки

Денеска , втор ден по ред, во Србија се забележани повеќе од 3.000 новоинфицирани со коронавирус, а Кризниот штаб навести на можноста за заострување на мерките на утрешниот состанок , што може да значи скратување на работното време на рестораните.

Нов скок на заразени во Србија,се размислува за воведување строги мерки

На вчерашната седница, штабот бил поделен помеѓу потребите на економијата и обврските кон јавното здравство, а одлука не била донесена, но е најавено дека ќе бидат потребни дополнителни мерки.

Здравствениот дел на Кризниот штаб смета дека сите ресторани треба да се затворат пет дена, додека градските власти во Белград, кој сè уште е жариште на инфекцијата со повеќе од 1.000 случаи на ден, инсистираат дека тоа ќе предизвика економски, па дури и социјални проблеми..

Градот Белград се спротивставува на скратувањето на работното време затоа што не гледа ниту медицински ниту економски причини за ваквата одлука, изјави денеска заменик-градоначалникот на српската престолнина Горан Весиќ за ТВ Пинк, додавајќи дека „не станува збор за тоа колку ќе трае работното време , туку колку рестораните се усогласени со епидемиолошките мерки “.

Ненадејниот скок на бројот на заразени последниве денови е поврзан со враќањето на илјадници луѓе од скијање од зимските центри Копаоник и Златибор, каде кафулињата и рестораните биле без контрола до доцна во ноќта, со многу повеќе гости од дозволеното.

Според денешните податоци , во последните 24 часа, коронавирусот зел уште 15 жртви во Србија, а меѓу 15.074 тестирани примероци, потврдени се 3.588 нови инфекции, објави Министерството за здравство.

Во болниците, 3.832 пациенти се со ковид-19, од кои на 153 им биле потребни респиратори.

Коронавирусот првпат бил потврден во Србија на 6 март 2020 година и со тестирање на 2,9 милиони примероци се регистрирани 449.901 случаи на инфекција, додека вкупно починале 4.398 пациенти.

Досега, Србија вакцинира повеќе од 1,2 милиони луѓе, од кои околу 400 000 примиле втора доза на вакцината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

 Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти  портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар.

„Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка.

Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP).

Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер