СветНов пожар избувна во Лос Анџелес, овојпат во Холивуд Хилс, најмалку 5 загинатиНов шумски пожар избувна во Лос Анџелес, овојпат во населбата Холивуд Хилс, изјави на прес-конференција шефицата на противпожарната служба на ЛА, Кристин Кроули. Тоа значи дека бројот на пожари актиовни во градот е зголемен на шест.Според Кроули, пламенот синоќа се проширил на околу 4 хектари во областа Холивуд Хилс, што предизвикало евакуација на целата област што е на стоптина метри од познатиот Холивуд булевар. Ситуацијата и понатаму е најтешка во Пацифик Палисадес, сместено меѓу ридови со прекрасен поглед на океанот. Тоа е една од најскапите урбани области во САД - типичен дом таму се проценува дека чини 3,7 милиони долари . Само четири други американски станбени области се поскапи од таа населба. Таму живеат многу филмски, телевизиски и музички ѕвезди, како Џејми Ли Кертис, Менди Мур и Марк Хамил, кои мораа да ги напуштат своите домови. Досега во пожарите што беснеат од вторникот загинаа најмалку пет лица, уништија над 1.500 објекти, а ги оптоварија ресурсите на противпожарната служба. Наспроти ова, на над 100.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат. „Немаме доволно пожарникари за да се справиме со пожарите“, изјави началникот на противпожарната служба во округот Лос Анџелес, Ентони Марони. Во Калифорнија итно се испраќаат пожарникари од шест држави, а од Северна во Јужна Калифорнија се префрлени 250 противпожарни возила со 1.000 лица. Недостигот на вода предизвика сушење на некои противпожарни хидранти во Пацифик Палисадес. „Го оптоваривме системот до крај. Се бориме со шумски пожар користејќи го градскиот водовод и ова е огромен предизвик“, рече Јанис Кенонис, шеф на локалната управа за вода и електрична енергија, на прес-конференција. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба, а претседателот на САД, Џо Бајден ја прогласи Калифорнија за област со природна катастрофа. „Ќе направиме се што можеме онолку долго колку што е потребно за да ги ставиме овие пожари под контрола и вие да се вратите во вашиот нормален живот“, рече Бајден. „Патот пред нас е многу долг, ќе треба време. Локалните жители ја споредија сцената во Лос Анџелес како во воена зона, јавија локалните медиуми. Според противпожарната служба, во моментов ниту еден од пожарите, кои практично го опколиле градот, не е ставен под контрола. Американскиот претседател Џо Бајден ја откажа претстојната посета на Италија поради ситуацијата со шумските пожари што беснеат во областа на Лос Анџелес, чии пламени изгореа стотици домови, а илјадници се принудени да се евакуираат. „Претседателот Бајден одлучи да ја откаже претстојната посета на Италија со цел целосно да се посвети во следните денови на водење на федералниот одговор (за справување со кризата)“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер. Распоредот на Бајден предвидуваше тој да ја посети Италија од денеска до недела, што најверојатно ќе биде негова последна посета во странство како претседател. Бајден планираше за утре и нова аудиенција кај папата Франциско во Ватикан. Најмалку пет лица загинаа во пожарите што беснеат околу Лос Анџелес, соопштија властите откако во областа се регистрирани веќе шест пожари од вторникот досега. Најмалку 1.500 објекти се опустошени во вториот по големина град во САД, принудувајќи над 100.000 луѓе да ги напуштат своите домови. Ураганските ветрови дополнително ја усложнија ситуацијата особено во луксузната област Пацифик Палисадес - најпосакуваниот недвижен имот во Калифорнија што го фаворизираат холивудските познати личности. Нов пожар избувна синоќа во Холивуд Хилс, на само неколку стотини метри од познатиот булевар Холивуд, што предизвика наредба за евакуација на главниот град на светската забава. Началникот на пожарната служба во округот Лос Анџелес, Ентони Мароне, рече дека неговите тимови се ужаснати од обемот и брзината на катастрофите што се случуваат. „Правиме се што можеме. Но, немаме доволно пожарникарски персонал во округот ЛА за да се справи со ова“. Пожарот што беснее во Пацифик Палисадес проголта околу 6.500 хектари од вчера досега при што се уништени најмалку 1.000 домови и деловни објекти. Пожар што зафати 4.300 хектари гори околу Алтадена, северно од градот, каде пламените јазици се на приградските улици. Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна рече дека се знае дека загинале пет лица, а се стравува дека има повеќе смртни случаи. Шефот на противпожарната служба во Пасадена, Чад Аугустин, изјави дека до 500 згради се изгубени во пожарот. Од доцна синоќа активен е пожар во кањонот Ранион во срцето на Холивуд, блиску до историските места како што се кинескиот театар Грауман, Патеката на славните и театарот Ел Капитан. Воведена е наредба за евакуација на голем број улици, се до булеварот Холивуд. Извршниот директор на Одделот за вода и енергија во Лос Анџелес, Џенис Кинонес, ги замоли луѓето да штедат вода откако хидрантите во Пацифик Палисадес пресушпија. Новоизбраниот претседател Доналд Трамп се огласи на својата платформа за социјалните медиуми тврдејќи - дека недостатокот на вода е резултат на еколошките политики на државата. Всушност, голем дел од водата во Лос Анџелес доаѓа од реката Колорадо. Американскиот претседател Џо Бајден го откажа патувањето во Италија оваа недела за да се фокусира на федералниот одговор на пожарите. „Правиме се и онолку долго колку што е потребно за да ги ограничиме овие пожари“, изјави Бајден претходно на новинарите. AccuWeather објави дека проценките се - 57 милијарди долари штети од пожарите досега. Повеќе од 300.000 домаќинства се без електрична енергија во регионот, според веб-страницата outage.us. Комуналните претпријатија во Калифорнија често ги исклучуваат линиите за време на силни ветрови за да го минимизираат ризикот од нови пожари. Научниците велат дека климатските промени предизвикани од човекот ги менуваат временските модели. Јужна Калифорнија имаше две децении суша проследени со две исклучително влажни години, што предизвика голем раст на вегетација. Ветровите во областа се со околу 160 км/час и дополнително ја усложнуваат ситуацијата, јавија американскикте медиуми потсетувајќи дека недостигот на дожд и исклучително високите температури на воздухот како и суша во изминатите шест месеци - е „нешто што не сме го виделе во записите од 1800-тите“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветИрачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку ИракИрачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак. Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата. Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа. Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.Тагови: Ирак Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter