Нов пожар избувна во близина на Атина, пожарите на Крф згаснуваат - Канал 5

Нов пожар избувна во близина на Атина, пожарите на Крф згаснуваат

Пожарникарите и денеска се обидуваат да ги локализираат пожарите кои веќе две недели беснеат во Грција и во кои загинаа пет лица, пред да се очекува повторно ширење од силниот ветер.

Нов пожар избувна во близина на Атина, пожарите на Крф згаснуваат

Меѓу медитеранските земји кои се борат со горештините и пожарите, се издвојува Грција, особено на туристичките острови Родос, Крф и Евија, како и во Тесалија од вчера.

Овој нов огнен фронт, на периферијата на урбаните области, вчера доведе до смрт на две лица. Со овие два смртни случаи, вкупниот број на загинати за два дена се искачи на петмина, што е еднакво на бројот на жртви во Италија кои ги загубија животите или во невремето на север или во пожари на Сицилија.

Тие пожари стивнуваат, рекоа локалните власти, иако владата прогласи вонредна состојба по еднодневните високи температури и пожари. Алжир е најтешко погоден, со 34 жртви како резултат на пожарите.

„Живееме во многу опасни летни денови, исто како и другите девет медитерански земји“, изјави вчера грчкиот министер за цивилна заштита Василис Кикилијас, откако во вторникот избувнаа пожари во Португалија и во Хрватска.

Во Бугарија, каде температурата се искачи до 42 степени, вчера е прогласена вонредна состојба во регионот на Хасково, во близина на североисточната граница со Грција, поради пожар што се проширил на планините Родопи. Во Грција, Цивилната заштита стави под „екстремен ризик од пожар“ одреден број области во 7 региони на земјата, вклучително и некои во Тесалија.

Утрово, официјален претставник на противпожарната служба изјави за телевизискиот канал ЕРТ дека „сите фронтови во Тесалија“ сега се „управливи“, без загрозени населени области. Според грчката агенција АНА, на Родос, каде минатата недела беа евакуирани 20.000 луѓе, пожарот повторно избувнал во селата Вати и Генади.

Од друга страна, пожарот на Крф се намалува. Уште еден пожар избувнал рано утринава во предградијата на Атина, но тој брзо е изгаснат.

Научниците од групата World Weather Attribution (WWA) веруваат дека топлотните бранови што погодија делови од Европа и Северна Америка во јули се резултат на климатските промени поврзани со човековата активност.

Тие „веќе не се исклучителни настани“, но во иднина „ќе бидат уште поинтензивни и почести доколку емисиите не се намалат брзо“, заклучиле истражувачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лајка | Месечен преглед – Септември 2026

Месечен билтен на ЈП Лајка.

Лајка | Месечен преглед – Септември 2026

Благодарение на поддршката од граѓаните, вдомувачите, волонтерите и нашите партнери, секој месец правиме уште еден чекор кон подобра благосостојба на животните во Скопје

­Месецот во бројки

Зад секоја бројка стои конкретна активност, теренска интервенција и грижа за едно куче.

Погледнете ги клучните резултати од работата на ЈП Лајка во текот на Септември

172 Заловени

124 Стерилизирани/кастрирани

44 Вдомени

105 Вратени на локација

­Секој месец, теренските тимови на ЈП Лајка постапуваат по пријави на граѓани и спроведуваат планирани активности низ општините во Скопје.

Во продолжение погледнете како изгледа теренската работа по општини и колку кучиња беа опфатени со програмата за хуман третман во секоја од нив.

­Во Општина Аеродром во текот на месецот беа заловени и подложени на предвидениот хуман третман 25 кучиња.

Пријави од граѓани: 16

Од подрачјето на Општина Бутел беа заловени и третирани вкупно 39 кучиња, согласно програмата за хуман третман на бездомната популација.

Пријави од граѓани: 14

Теренските активности во Општина Гази Баба резултираа со заловување и третман на 18 кучиња во текот на месецот.

Пријави од граѓани: 21

Во Општина Ѓорче Петров беа заловени и третирани 15 кучиња од повеќе локации на територијата на општината.

Пријави од граѓани: 7

Во текот на месецот, од подрачјето на Општина Карпош беа заловени и третирани 24 кучиња.

Пријави од граѓани: 7

Тимовите на ЈП Лајка заловија и третираа 29 кучиња од територијата на Општина Кисела Вода.

Пријави од граѓани: 14

Од различни локации на територијата на Општина Центар беа заловени и третирани вкупно 23 кучиња.

Пријави од граѓани: 9

Од територијата на Општина Чаир беа заловени и третирани 2 кучиња.

Пријави од граѓани: 0

Безбедност на терен за време на големите градски настани

­

Во септември, теренските тимови на ЈП Лајка беа дополнително ангажирани во пресрет на Скопскиот маратон и „Бела ноќ“. Активностите беа насочени кон централното градско подрачје и долж трасата на маратонот, каде поголем број бездомни кучиња беа привремено згрижени во прифатилиштето. Целта беше превентивно да се обезбеди безбедно одвивање на настаните за граѓаните и учесниците, а истовремено и безбедност на самите кучиња во услови на зголемена фреквенција на луѓе и сообраќај

Стратешко заловување со засилен теренски капацитет

­

Во септември, ЈП Лајка за првпат ја организираше теренската работа со четири екипи за заловување, со активности во проширен временски период од 05:00 до 20:00 часот. Екипите стратешки делуваа на територијата на Кисела Вода, Центар и Гази Баба, согласно однапред утврден план за заловување.

Паралелно со планираните активности, продолжи и ургентното постапување по пријави од граѓани, општини и институции на целата територија на Скопје, во првиот можен момент, а најдоцна во рок од 24 часа

­

Секое заловено куче поминува низ ветеринарен преглед и, согласно неговата состојба и програмата на ЈП Лајка, соодветен ветеринарен третман, стерилизација/кастрација, вакцинација против беснило, микрочипирање и идентификација

­

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем

Стабилен е пензискиот систем, ова утринава го изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем

За критиките од Фискалниот совет за зголемувањето на пензиите. тој рече дека од една страна има оптеретување на буџетот , а од друга страна имаме намалување на сиромаштијата

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент

Демонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент.

Демонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент

Протестот што се одржа пред зградата на парламентот на Косово ескалираше во судир меѓу полицијата и демонстрантите, откако тие се обидоа да го блокираат објектот и да не им дозволат на пратениците да излезат додека не ги изгласаат измените на законот за специјалниот суд.

Демонстрантите, како што пренесоа регионалните медиуми, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата.

Претходно, парламентот ги усвои измените во прво читање, но конечното гласање е сè уште под знак прашалник.

Иницијативата на демократската партија на Косово за измена на законот за специјалниот суд во Хаг, меѓу другото предвидува, максимална казна од 15 години затвор, можност за жалба до Врховниот суд и издржување на казната во Косово.

.Протестите избувнаа по пресудите против Хашим Тачи и уште тројца поранешни команданти на ОВК, кои беа осудени на затворски казни од 13 до 25 години. Пресудите предизвикаа силна реакција во Косово. Предложените законски измени треба да ги ограничат дел од надлежностите на судот, меѓу другото во однос на должината на казните и правните лекови.денеска, е двојно критичен ден за Косово. Институциите треба да најдат излез и од спорот околу специјалниот суд и од блокадата околу претседателот. Неуспехот би значел продолжување на уличните тензии, но и уште еден изборен циклус во земја која веќе подолг период функционира под силен политички притисок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер