Нов почеток - Канал 5

Нов почеток

Од понеделник до петок во 19:45 – за сите што веруваат во нови почетоци.

Нов почеток

Нов почеток е динамична турска драма што носи моќна приказна за младоста, втората шанса и борбата за подобра иднина.

Серијата ја следи приказната на Сади Пајасли – човек со мрачно минато кој добива неочекувана можност за нов почеток. Под нов идентитет, тој станува наставник во средно училиште, каде се соочува со група проблематични тинејџери кои општеството веќе ги отпишало.

Наместо да ги оттурне, Сади решава да им помогне да го најдат својот пат, токму затоа што и самиот знае како изгледа да се биде изгубен.

Во срцето на приказната се младите – нивните љубови, стравови, пријателства и грешки. Секој од нив носи своја приказна, своја болка и надеж за подобро утре. Преку нив, серијата отвора важни теми како што се семејните односи, социјалната неправда и моќта на изборот.

„Нов почеток“ е приказна што потсетува дека никогаш не е доцна да го смениш својот животен пат. Дали минатото ќе те дефинира – или ќе најдеш сила да започнеш одново?

Зад ликот што го освои светот стои Ертан Шабан – актерот од Скопје, кој ја носи Македонија на големата сцена. Од улиците на нашиот град… до врвот на турската телевизија.

Ќе го гледаме во НОВ ПОЧЕТОК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Откриено кога се жени светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо: Местото на свадбата има посебно значење за него.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun).

Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд.

Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ја започнал својата фудбалска кариера.

Според локалните медиуми, катедралата во главниот град на островот е веќе резервирана за следната сабота, а свечената церемонија е закажана за 15:00 часот. По црковниот дел, големата прослава треба да продолжи во луксузниот хотел „Савој Палас“.

Роналдо и Георгина инаку се во врска од 2016 година, а се свршија во август минатата година.

Гласините за претстојната свадба дополнително ги поттикна самата Георгина, откако објави интересна фотографија на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Артета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозен

Предводникот на англискиот фудбалски шампион Арсенал, Микел Артета се осврна на шпекулациите во медиумите за интересот на „топџиите“ за Винисиус Жуниор, изјавувајќи дека клубот ќе биде „многу амбициозен“ на трансфер-пазарот. 

Артета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозен

Според Goal.com, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата со договорот на бразилскиот напаѓач во Реал Мадрид, бидејќи клубот бара засилување од светска класа за својот напад.

Менаџерот на Арсенал беше воздржан кога беше прашан за евентуалното ангажирање на ѕвездата на Реал Мадрид, но испрати јасна порака во врска со намерите на клубот.

По убедливата победа од 4:1 во подготвителниот натпревар против Џирона, Артета нагласи дека лондонскиот тим е подготвен да заземе одлучен пристап во потрагата по нови играчи.

Кога беше директно прашан за ангажирањето на бразилското крило, тој внимателно ги бираше зборовите, но јасно ги изнесе своите цели.

„Активни сме и се обидуваме да го подобриме и развиеме тимот. Тоа е јасно. Очекуваме одредени случувања во наредните недели бидејќи сакаме да напредуваме, исто како и сите други“, рече Артета. „Тоа е очигледно и на пазарот и преку потезите што ги прават нашите ривали – нема само да стоиме и да гледаме. Имаме големи амбиции за она што сакаме да го постигнеме.“ „Разликите се минимални.

Сакаме да бидеме подобри, а нивото на конкуренција ќе расте, па затоа мораме да ја зголемиме конкуренцијата во самиот тим. Мораме да утврдиме што ни недостасува за да стекнеме поголема предност. Тоа е нашиот начин на размислување“, додаде тој.

Оптимизмот на Арсенал произлегува од застојот во преговорите меѓу Винисиус и раководството на Реал Мадрид.

Шпанскиот клуб би можел да биде принуден да го продаде играчот доколку наскоро не се постигне договор, бидејќи постои ризик тој да си замине како слободен играч следното лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата љубов на Никол Кидман?

Мегапопуларната актерка, холивудската ѕвезда Никол Кидман има ново момче ? „Уловена“ во „Ферари“ со американски инвеститор.

Новата љубов на Никол Кидман?

Никол Кидман беше фотографирана со инвеститорот Мајкл Рајнштајн, што поттикна шпекулации дека можеби се во врска. Вечерта на 30 јули, 54 годишниот Рајнштајн ја пречека 5 години повозрасната Никол на аеродромот во Лос Анџелес, откако таа пристигна од Њујорк. На фотографиите што се појавија во медиумите, Кидман е прикажана како седи на совозачкото седиште во неговото црно „Ферари“. Таа носеше сиво сако и бела кошула.

Кидман и Рајнштајн првпат беа фотографирани заедно на почетокот на јули во Портофино, Италија. „Пејџ сикс“ (Page Six) тогаш објави фотографии на кои се гледа како тие се дружат на хотелски балкон.

Актерката носеше сатенски топ и здолниште во боја на слонова коска, додека Рајнштајн беше облечен во темноплава поло-маица и шорцеви. „Дејли мејл“ (Daily Mail) исто така ги фотографираше во хотелот „Белмонд Сплендидо“, каде што уживаа во коктели „Аперол шприц“ покрај базенот.

Мајкл Рајнштајн е американски бизнисмен и инвеститор, како и основач и претседател на инвестициската компанија „Реџент“ (Regent), со седиште во Беверли Хилс.

Компанијата инвестира во бизниси од различни сектори, вклучувајќи ги модата, медиумите, технологијата и малопродажбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер