Нов крвав масакр во Србија – осум загинати и десетина повредени - Канал 5

Нов крвав масакр во Србија – осум загинати и десетина повредени

Спиралата на насилство продолжи, Србија занеме втор пат за 48 часа. 

Нов крвав масакр во Србија – осум загинати и десетина повредени

Осум млади луѓе на возраст од 15 до 25 години се убиени на неколку локации во околината на Младеновац. Масакрот го извршил 21-годишнииот Урош Блажиќ од локалното село Дубона, каде и го почнал злосторничкиот поход. Вооружан со автоматска пушка, пиштол и неколку бомби, наводно по расправија со група соселани, Блажиќ прво отворил оган во дворот од локалното училиште каде смртно покосил полицаец кој не бил на служба со неговата мала сестра. Пукал од автомобил во движење врз поголема група луѓе.

-Во шок сум. Детето ми пие лекови за смирување, не сме спиеле цела ноќ. Растеа заедно од малечки. , вели жителка на Дубона.

-Страшно е ова за нашата држава. Ова е големе пораз, за два дена толку деца да се убијат.

-Се слушнаа истрели од автомат, едно 20-25 куршуми сигурно. Потоа се слушнаа повторно истрели, околу 15 куршуми. , изјави жител на Дубона.

-Слушнав пукање и ја затворив вратата. , изјави жителка на Дубона.

Но, Блажиќ не застанал. Крвавиот масакр од Дубона, го продолжил во блиските села Мало Орашје и Шепшин, каде убил уште шестмина. Хоророт кулминира кога момчето грабнува таксист и под закана со бомба го принудува да го вози кон Крагуевац додека полицијата со 600 полицајци покренува масовна потера по егзекуторот.

По 8 часовна потрага, Блажиќ е совладан и уапсен додека се крие во домот на неговиот дедо во крагуевачко село. Претседателот Вучиќ нападот го оцени за тероризам, рече дека побарал и враќање на смртната казна, но владата не ја прифатила. Убиецот по апсењето рекол дека бил омаловажуван, а на себе носел маица со натпис „Генерација 88“, број што кај симпатизерите на нацизмот, значи „Хајл Хитлер“.

-Зарем во Србија го најде Хитлер, „ѓубре“ едно, кој толку несреќи му нанесе на овој народ. Злосторникот веќе бел ден нема да види, метафорично зборувам. Од затвор нема да излезе, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Во нападите се повредени 13 лица, сите со прострелни рани, па оттука, лекарите соопштија дека сите имаат статсус на животозагрозувачки. Вучиќ најави сет мерки, со кои како што рече, ќе ја разоружа Србија со затворски казни до 15 години за неовластено поседување оружје.

-Да се упати јавен повик до лицата кои нелегално поседуваат оружје во рок од еден месец да го предадат без последици. Во спротивно, ќе го најдеме, а последиците ќе бидат страшни за тие лица, изјави Вучиќ.

Во куќата во селото Грошница каде е уапсен Блажиќ, пронајдени се автоматска пушка, 250 куршуми и четири бомби. Попладнево, уапсени се и неговиот дедо и вујко, кои живееле во куќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФБИ му честиташе на МВР за заедничката акција во Голема Речица

ФБИ ѝ честита на Единицата за сајбер-криминал при Бирото за јавна безбедност на Македонија, во рамките на Министерството за внатрешни работи, за успешното апсење на администраторот на криминалниот онлајн-пазар OLVX.

ФБИ му честиташе на МВР за заедничката акција во Голема Речица

Активен во периодот од 2023 до 2025 година, OLVX, според наводите, незаконски продавал лични податоци со кои може да се идентификуваат жртвите („PII“ – Personally Identifiable Information), како и податоци за најава на кориснички сметки, преку повеќе од 1.500 профили на продавачи.

Постоењето на овој онлајн-пазар директно ја загрозувало дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани, кои се потпираат на безбедноста и интегритетот на корисничките сметки што ги користат.

Оваа акција претставува прва сајбер-операција воопшто координирана меѓу ФБИ и Македонија и ја одразува посветеноста на ФБИ да работи со партнери ширум светот за заштита на американскиот народ во сајбер-просторот, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Нема докази дека Русија има намера да нападне некој членка на НАТО (ВИДЕО)

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека НАТО не гледа непосредна закана за својата територија и дека нема докази дека Русија има намера да нападне која било членка на Алијансата.

Руте: Нема докази дека Русија има намера да нападне некој членка на НАТО (ВИДЕО)

За време на посетата на Талин, Руте ја пофали Естонија за трошењето пет проценти од својот бруто домашен производ за одбрана и поддршка на Украина, нагласувајќи дека земјата поставува стандарди за другите членки на НАТО, објави естонскиот јавен сервис.

Тој додаде дека руските хибридни напади нема да ги заплашат сојузниците.

Естонскиот премиер Кристијан Михал изјави дека членството на Украина во НАТО ќе биде најсилната безбедносна гаранција за Естонија на долг рок.

Тој најави дека неговата земја ќе издвои 0,28 проценти од БДП за воена помош на Украина оваа година, во споредба со 0,35 проценти минатата година.

Пристапувањето на Украина во НАТО во моментов не е на дневен ред, поради противењето на некои членки, вклучувајќи ги и САД.

Во меѓувреме, иницијативата PURL има за цел да ѝ обезбеди на Украина американско оружје, вклучително и системи за воздушна одбрана.

Исто така, беше забележано дека европските земји се стремат да ја зајакнат сопствената одбранбена индустрија, додека безбедносните прашања во Балтичкото Море и Ормутскиот Проток дополнително ја истакнуваат важноста на заштитата на морските патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева со порака од Штип: Сплотени дејствуваме за една победа повеќе

На денешната панел дискусија под мотото „Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева .

Митева со порака од Штип: Сплотени дејствуваме за една победа повеќе

На денешната панел дискусија под мотото „Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева и истакна дека суштината на дејствувањето на Унијата на жени е во препознавањето на проблемите, нивното јавно отворање и заедничкото делување за изнаоѓање вистински решенија, нагласувајќи дека секој навреме направен преглед, рано откриена промена, побрзо поставена дијагноза и навремено започната терапија претставуваат победа во грижата за здравјето на жените.

„Сплотени дејствуваме – за една победа повеќе е пораката под која сме собрани вечерва, но би сакала уште на самиот почетокот да кажам дека овие зборови за нас ја изразуваат суштината на она што сакаме да го постигнеме како Унија на жени, организација која умее да препознае проблем, да го отвори јавно, да ги собере луѓето кои можат да помогнат и според нас она што е најважно, да придонесе проблемот да добие вистинско решение. Кога зборуваме на оваа тема, зборот победа има една многу важна тежина. Победа е прегледот што не бил одложен. Победа е промената којашто сме ја откриле навреме. Победа е дијагнозата којашто е поставена побрзо, терапијата којашто е започната без непотребно губење на време, лекарот до кого пациентката можела да стигне тогаш кога ѝ бил најпотребен“, рече Митева.

Митева истакна дека политичката одговорност подразбира не само препознавање, туку и решавање на проблемите, нагласувајќи дека иницијативата во Штип е пример за институционална соработка и конкретни резултати во интерес на граѓаните.

„Во тоа сите ќе ја препознаат и пошироката политичка определба на ВМРО-ДПМНЕ дека за нас, политичката одговорност не завршува со детектирањето на проблемот, туку започнува токму таму. Да кажеме што не функционира за нас е најлесниот дел, многу потешко, но и многу поважно, е да преземеме одговорност да го подобриме. Затоа за мене оваа иницијатива во Штип е јасен пример за политичката култура што сакаме да ја градиме, култура на работа, на институционална соработка и на решенија што имаат мерлив ефект врз секојдневието на луѓето. Позицијата нема смисла сама по себе ако зад неа не остане чесност, посветеност и резултат. И токму затоа нашата одговорност како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ е голема, капацитетот на партијата, на нејзините луѓе но и на нејзините структури да се стави во целосна функција не само за една политичката дебата, туку и за подобрување на реалните состојби во државата“, посочи Митева.

На крај Митева истакна дека посветеноста на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ за подигнување на свеста и поддршка на пациентките ќе продолжи и по октомври, нагласувајќи дека грижата за здравјето нема временско ограничување и бара континуирана ангажираност и конкретни решенија.

„Нашата одговорност не смее и нема да заврши на 31 октомври. Оваа болест нема календар, пациентките немаат месец за кампања, а грижата не смее да биде сезонска. Затоа Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја развива оваа тема и по октомври, со истата амбиција како што започнавме, да слушаме, да поврзуваме, да помагаме и таму каде што можеме да оставиме решение зад себе. Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, децидна е Митева, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер