Нов инвестициски циклус во „Костал“ во 2026, ќе се инвестираат 30 милиони евра и ќе бидат отворени дополнителни 200 работни места - Канал 5

Нов инвестициски циклус во „Костал“ во 2026, ќе се инвестираат 30 милиони евра и ќе бидат отворени дополнителни 200 работни места

Компанијата „Костал“ во 2026 година ќе го продолжи инвестицискиот циклус во фабриката во Охрид со нови 30 милиони евра и ќе бидат отворени нови 200 работни места.  

Нов инвестициски циклус во „Костал“ во 2026, ќе се инвестираат 30 милиони евра и ќе бидат отворени дополнителни 200 работни места

На средба со извршниот директор „Костал Аутомотив“ Каи Кникман и Виктор Мизо, директор на „Костал“ Македонија, претпладнево беше премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази задоволство, што „Костал“ верува во Охрид и во Македонија, и продолжува да го зголемува своето производно портфолио.

- Сепак, станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција. Моментално ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до обрт од околу 3,5 милијарди евра што е значајна работа. Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели, бидејќи тоа за нас како држава значи многу, рече Мицкоски.

Каи Кникман, извршниот директор на „Костал Аутомотив“ истакна дека после девет години успешна работа, „Костал“ пристапува кон нова фаза на проширување.

- Во моментот, предвидуваме зголемување на приходите од 60 проценти споредено со минатата година, и тоа ни дава можност да продолжиме да инвестираме во нашата македонска фабрика. Во 2026 година ќе почнеме со нов циклус на инвестиции што во моментов е планиран да биде околу 30 милиони евра. Тоа значи дека новите инвестиции ќе донесат нови производи, натамошно зголемување од 20 проценти во текот на следната година и нови работни места, рече Кникман.

Во „Костал“ во Охрид има околу 1200 вработени, а во 2026 година е планирано да бидат отворени дополнителни 200, што, како што посочи Кникман, претставува уште еден храбар чекор во нивната успешна приказна во Македонија.

- Ние како „Костал“ продолжуваме понатаму како инвестиции и развој во Охрид, иако европскиот пазар и автомобилската индустрија во моментов се во стагнација, сепак ние одлучивме со дополнителни инвестиции од над 30 милиони евра за следната година со нови клиенти да го прошириме портфолиото како на клиенти, така и на производи. Сметаме дека она што беше план во изминатите години, некаде до 2027 година ќе успееме и да имаме извоз и обрт поголем од 300 милиони евра, рече Виктор Мизо, директор на „Костал“ во Македонија.

Со тоа, потенцираше Мизо, ќе бидеме позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија, но истовремено тоа значи квалитетни, нови работни места во овие 200 плус вработени.

- Тука ќе има нормално работници кои ќе работат во производство, но технички лица кои ќе работат како инженери, но и луѓе во административни дејности-сето она што е поврзано со финансии, со логистика, со квалитет. Така од таа страна навистина очекуваме овој развој да биде позитивна вест не само за регионот, Охридско-Струшкиот регион, туку и за целата државата, но истовремено ова да значи еден мотив како и други компании би можеле да се фокусираат и да ја користат Македонија во целиот свој процес на експанзија, истакна Мизо, по посетата на Мицкоси на „Костал“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот

Вселенската опсерваторија „Нил Герелс Свифт“ на НАСА, која ги проучува најмоќните познати енергетски изливи во вселената повеќе од две децении, падна од орбитата како што се очекуваше и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија.

Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот

Вселенската опсерваторија „Нил Герелс Свифт“ на НАСА, која ги проучува најмоќните познати енергетски изливи во вселената повеќе од две децении, падна од орбитата како што се очекуваше и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти вселенската агенција во својата прва изјава откако вселенското летало „падна од небото“.

Телескопот од 1.452 килограми (3.000 фунти) падна како што се очекуваше, помалку од три месеци откако не успеа спасувачката мисија за враќање на телескопот во повисока орбита и продолжување на неговиот век, објави Ројтерс.

Сателитот што го носеше телескопот падна во горната атмосфера на Земјата со брзина од околу 22 пати поголема од брзината на звукот над индонезиската покраина Северна Суматра, околу 200 милји (322 километри) северно од екваторот.

НАСА соопшти дека топлината од триење при повторното влегување го изгорела поголемиот дел од сателитот далеку над површината на Земјата, но дека некои фрагменти го преживеале падот и дека немало штета или повредени на земјата од деловите што паднале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе

Стотици илјади граѓани се очекува да излезат на денешните протести низ Франција, додека вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието..

Нов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе

Француските власти распоредија околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од минатиот месец, пренесуваат светските медиуми.. Според проценките на француските разузнавачки служби, само надвор од париз на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.. Властите стравуваат од повторување на настаните од 17-ти октомври, кога за време на немирите беа ограбени и оштетени продавници и јавни објекти низ земјата.

Ќе бидат уште еден тест за претседателот на земјата, Емануел Макрон, по неделите немири што ја потресоа неговата влада и ја обележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)

Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.

Пет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)

Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк.

На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале.

По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај.

Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација.

Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта.

Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер