АвтомобилизамНов евтин теренец од Кина: „Вселенски брод“ за 17.500 евраВо Кина беше претставен „Geely Galaxy Starship 7“, „plug-in“ хибриден теренец кој покрај сите други карактеристики има и одлична цена.Станува збор за теренец со средна големина кој ги поминал сите потребни безбедносни проверки, а основната верзија чини само 13.000 евра, додека најскапиот модел е 17.500 евра. Димензиите на овој теренец се 4.740 mm x 1.9000 mm x 1.680 mm, а меѓуоскиното растојание е 2.755 mm. Во зависност од варијантата што ќе ја изберете, „Geely“ одлучи тежината да оди од 1.610 kg до 1.724 kg. Внатре има дијагонален дисплеј од 13,8 инчи, потоа табла со инструменти од 10,2 инчи и централен контролен дисплеј од 14,6 инчи. Веќе кажавме дека се работи за „plug-in“ хибрид, па да додадеме дека погонскиот агрегат се состои од 1,5-литарски „атмосферски мотор“ и еден електромотор. „Geely“ вели дека „Galaxy Starship 7“ има и вештачка интелигенција која управува со потрошувачката, така што може да предложи гориво или електрична енергија во зависност од условите на патот и вашите навики за возење. Што се однесува до моќноста, бензинскиот мотор има моќност од 110 КС, додека електричниот 215 КС. Клиентите можат да избираат помеѓу две верзии на батерии „LFP“, 8,05 kWh и 19,09 kWh, а исто така доаѓаат со електричен опсег од 55 km или 120 km. Вкупниот опсег е 1.420 километри според стандардот „CLTC“ (за кој секогаш треба да се биде малку скептичен), а „Geely“ наведува дека овој теренец троши 3,75 литри на 100 километри. Неговата максимална брзина е 180 km/h. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегналеУбиено е 26 годишно момче во Чаир , потврдија од Министертвото за внатрешни работи. Настанот се случил синоќа околу 23 часот и 30 минути во СВР Скопје во близина на раскрсница помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и ,,Војдан Чернодрински“ во Скопје. Пред излог на фирма стоеле 5 лица на возраст од 24 до 36 годишна возраст сите од Скопје, кога до нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил 26 годишниот А.М. кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Тагови: Убиство Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
СветДен на жалост во Непал, потрагата по преживеаните продолжуваНепал денес одбележува ден на жалост во спомен на загинатите во поплавите од 26 август, при што владините канцеларии ги спуштаат знамињата, а членовите на семејствата ги завршуваат ритуалите за жалост.Денес е 13-тиот ден од поплавите во кои загинаа повеќе од 1.300 луѓе во Непал и Тибет, а околу 5.000 се водат како исчезнати, вклучувајќи странци, според агенцијата за управување со катастрофи на Непал, објавува Асошиејтед Прес. Во Непал, каде што Хиндусите го сочинуваат мнозинството од населението, периодите на жалост траат 13 дена, во кои блиските членови на семејството остануваат дома, а роднините ги посетуваат за да им оддадат почит. На последниот, или 13-ти, се одржуваат ритуали за молитва за душите на починатите. Неколку лица чии членови на семејствата сè уште се водат како исчезнати одржаа симболични погреби со ритуали за жалост. Владата претходно го прогласи понеделникот за ден на официјална жалост и сите канцеларии ќе ги спуштат знамињата на половина копје. Во Катманду, членови на семејствата се собраа во близина на канцелариите на премиерот и клучните министерства за да побараат од владата да го забрза спасувањето на стотици луѓе кои работеле во хидроелектраните и биле однесени од реката Ботекоси или закопани под урнатините. Потрагата сè уште е во тек Потрагата по стотици луѓе кои сè уште се водат како исчезнати продолжува. Спасувачите извлекоа еден Кинез од електраната во саботата, а двајца непалски работници беа спасени од електраната во петокот. Спасувачките напори се повеќе се фокусираат на 12 хидроелектрани, каде што околу 900 работници се водат како исчезнати, а се верува дека околу 500 се заробени во различни тунели, соопштија властите. Специјализирани спасувачки тимови од Индија, Кина, Јужна Кореја и САД пребаруваат низ урнатините, оштетените згради и тунелите, надевајќи се дека ќе пронајдат преживеани. Извор: Б92Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook