Филипче од Тиквешко: Понижувачки се откупните цени на грозјето – СДСМ со закон ќе бара 5 денари повеќе за секој килограм
2Филипче од Тиквешко: Понижувачки се откупните цени на грозјето – СДСМ со закон ќе бара 5 денари повеќе за секој килограм
ФудбалНотс Каунти демантира продажба на клубот на поп-ѕвездата Тејлор Свифт Најстариот професионален фудбалски клуб во светот, англискиот Нотс Каунти, ги демантираше гласините дека ќе биде купен од големата светска поп-ѕвезда Тејлор Свифт.Откако дел од англиските медиуми пренесоа информација дека американската пејачка и кантавторка сака да го купи Нотс Каунти, се огласија сопствениците на клубот Александер и Кристофер Ридз, демантирајќи ја веста. -Жал ни е што ги разочаравме нашите и обожавателите на Тејлор Свифт, но мораме да ја демантираме оваа приказна. Сигурно нема лоша крв меѓу нас и Тејлор, но таа сигурно не можела да поверува ниту во нејзините најлуди соништа дека ќе ѝ ја препуштиме нашата контрола, порачаа Крис и Алекс Ридз, во својата шеговита објава, одговарајќи со насловите од песни на американската поп – ѕвезда. Нотс Каунти е најстариот професионален фудбалски клуб, основан во 1862 година, а во моментов се натпреварува во четвртата англиска лига. Според последната анализа на „Блумберг“, личното богатство на Свифт се проценува на 1.1 милијарда долари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаКолку е реална можноста земјава да оди на предвремени парламентарни избори? Евентуалното нивно одржување според дел од политичките аналитичари е можно догодина на пролет.Колку е реална можноста земјава да оди на предвремени парламентарни избори? Прашањето деновиве повторно го актуализираа лидерите на политичките партии кои изразија подготвеност за изборно соочување, но засега никој не сака да иницира предвремено гласање. Евентуалното нивно одржување според дел од политичките аналитичари е можно догодина на пролет поради важноста на техничката влада уште на овие парламентарни избори. „Не гледам логика, ниту пак термин тие да се одржат во текот на оваа година. Единствен логичен термин е пролет 2027 кој се шпекулира веќе подолго време, имајќи предвеид дека поради фактот што и овој пат останува пржинската влада потребни се сто дена за техничка влада, така што тешко е сето тоа да се случи наесен, а и на зима тешко се одржуваат избори затоа што некои села остануваат непристапни“– Петар Арсовски, политички аналитичар „Доколку се одржат евентуални предвремени избори тоа ќе биде напролет бидејќи се уште важо законот за т.н техничка влада. Доколку се одржат кон крајот на оваа година веќе на почетокот на септември мора да имаме согласно законот и Уставот пржинска влада – со технички премиер и минстри од редовите на опозицијата, но такво нешто засега не гледаме“– Бчагојче Атанасовски, политички аналитичар Можен повод за предвремено изборно соочување Арсовски гледа во евентуална внатрешна или надворешна криза, а според Атанасовски искуствата во политиката досега покажале дека предврмени избори може да се случат и без поголем и кокретен мотив. Според него клучот за нивно одржување сепак е во рацете да на владеачкото мнозинство. „Доколку нема вистински контекст, односно доколку нема вистинска политичка ситуација или проблем кој едиснтвено се решава со предвремени парламентарни избори, најголем дел од гласачите ќе ги оцентат таквите избори само како полтички маневар. И тоа е во моментот борбата на политичките партии кој ќе биде условно виновник за одржување на предвремени избори. Може да се случи некаква политичка криза, блокирање на Собранието. Може да се счучи некаква внатрешна коалициска препирка во рамки на валдечката коалиција или некаква надворешна политичка криза – да речеме уставни измени или притсиок од ЕУ.“ – Петар Арсовски, политички аналитичар „Може тие да бидат предизвикани од некаков договор меѓу валста и опозицијата или фрлена ракавица од опозицијата кон власта, под услов власта веднаш да прифати. Во Македонија воопшто не ме изненадува и да нема некоја особена и значителна политичка причина или да нема некоја безбедносно – општествена или политичка криза за да се распишаат нови предвремени парламентарни избори“– Бчагојче Атанасовски, политички аналитичар Премиерот Мицкоски деновиве порача дека доколку бидат предзвикани од опозицијата ќе прифатат предвремени избори, но Филипче вели дека тој нема да биде алиби за нивно одржување и дека СДСМ нема да ги иницира. Влен досега не се изјасниле. Единствено опозициската ДУИ отврено бара веднаш да се распушти Собранието и да се определи датум за предвремено изборно соочување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче од Тиквешко: Понижувачки се откупните цени на грозјето – СДСМ со закон ќе бара 5 денари повеќе за секој килограмВо изјавата за медиуми Филипче посочи дека производствените трошоци се драстично зголемите и не се покриваат со најавените откупни цени со кои лозарите не можат да обезбедат ниту солиден приход за егзистенција.Откупните цени на грозјето се понижувачки, СДСМ со закон ќе бара зголемување на откупните цени за 5 денари за килограм за сите сорти на винско и трпезно грозје, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со лозари од Тиквешкиот регион, на која се разговараше за моменталната катастрофална состојба во лозарството и претстојниот откуп. Во изјавата за медиуми Филипче посочи дека производствените трошоци се драстично зголемите и не се покриваат со најавените откупни цени со кои лозарите не можат да обезбедат ниту солиден приход за егзистенција. „Трошоците за производство се многукратно зголемени. Колкава е само цената на горивото. Понатаму трошоците се зголемени и за работната рака 2.000 денари им бараат луѓето коишто го берат грозјето. Зголемена е цената на водата и секако енормно зголемена е цената и на ѓубривата со кои што се ѓубри земјиштето“, рече Филипче. Тој додаде дека во ваква состојба на зголемени трошоци за прооизводство неопходно е зголемување на откупните цени на грозјето, за што најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог Закон за 5 денари повисоки откупни цени за сите сорти грозје. „Бараме итно да се зголемат откупните цени и во таа насока ќе дадеме предлог закон во Собранието со кој закон откупната цена на сите сорти на винско и трпезно грозје ќе се зголеми за 5 денари по килограм“, рече Филипче Воедно, Филипче најави дека СДСМ ќе побара да се укине попустот од 8% кој што винарите го нудат како предуслов за да ја платат веднаш целата откупена количина на грозје, како носење на интервентна мерка за откуп на црното грозје. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд почетокот на системот Безбеден град евидентирани се 310.865 прекршоци301.835 за брзо возење, 180.378 за возила со странски регистарски ознаки.Министерството за внатрешни работи ја известува јавнота дека во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци, додека во периодот од 19.08.2026 до 20.08.2026 регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05