ЖивотНорвешка реклама со Дедо Мраз го подели светот Божиќната реклама на норвешката поштенска служба Постен предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина веќе ја нарекуваат и реклама на годината.Рекламата го прикажува раѓањето на љубовта помеѓу маж по име Хари и Дедо Мраз. Рекламата е направена по повод 50 години декриминализација на хомосексуалноста во Норвешка. Насловот на рекламата е Кога Хари го запозна Дедо Мраз, што е асоцијација на популарниот филм Кога Хари ја запозна Сали. Приказната ја следи нивната прва средба, кога еден човек случајно го наоѓа Дедо Мраз како му остава подароци, а потоа секоја година нетрпеливо чека повторно да го види. Двојката секоја година се зближува за време на кратките божиќни состаноци, а во еден момент може да се види Хари како плаче по заминувањето на Дедо Мраз со реченицата „Ќе ми недостигаш“. Следната година, тој му напишал писмо на Дедо Мраз со порака: „Сè што сакам за Божиќ си ти“. Следната сцена го прикажува Хари како го чека Дедо Мраз покрај каминот кога одеднаш слуша ѕвонче. Подароците му ги доставува поштенската служба Постен. На враќање во дневната соба, го наоѓа Дедо Мраз како му вели „Па, договорив помош оваа година... за да бидам со тебе“, по што паѓа бакнеж. „2022. Норвешка слави 50 години како можеме да сакаме кого сакаме“, се вели во пораката на крајот од рекламата. Рекламата е прегледана милиони пати на YouTube, а многумина ја споделуваат на социјалните мрежи. Ok I’m breaking my no Xmas before December rule to thank Posten Norge for this strong and moving message of inclusion celebrating 50 years since the decriminalization of homosexuality in Norway. https://t.co/Sl7StxQ6Gm — Randall Garrison (@r_garrison) November 23, 2021 Of all the things to happen today, I wasn’t expecting to be in bits over the Christmas advert from Norway’s postal service. 🏳️🌈🏳️⚧️ https://t.co/xgWIXaTlrB — Phil Davies (@PhilDWriter) November 23, 2021 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменските Хути ја нападнаа Саудиска Арабија, над 70 ранетиЈеменските Хути, поддржани од Иран, нападнаа енергетски постројки и градови во Саудиска Арабија, сојузник на САД, при што беа повредени повеќе од 70 лица.Нападите доаѓаат откако Иран предупреди дека енергетската инфраструктура низ заливот, вклучувајќи ги и американските нафтени и гасни интереси, е ранлива по последната размена на напади помеѓу САД и Иран. Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови од Јемен и поголемиот дел од северот, започнаа напади врз Саудиска Арабија откако прогласија поморска блокада на земјата во јули, загрозувајќи го извозот на нафта преку Црвеното Море. Во исто време, Иран вети дека во наредните денови ќе објави нова ограничена зона во заливот, заедно со мапи на нов бродски коридор низ Ормускиот Теснец, како одговор на економската војна на САД. Саудиските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз повеќе области во Јемен, јави телевизијата „Ал Масира“.Тагови: Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРаспишани предвремени парламентарни избори во Србија на 25-ти октомвриПо речиси две годишни политички турбуленции, масовни студентски протести и калкулации, Србија оди на предвремни избори.Претседателот Вучиќ го потпиша указот за распуштање на собранието и ги распиша изборите на 25-ти октомври. Вучиќ кој по двата претседателски, сега влегува во трка за премиерски мандат, во обраќањето образложи дека главна причина за изборите се поделеното општесто и немирите, без директно да ги спомене студентското движење. -Затоа ни се потребни изборни резултати кои јасно ќе ја определат и покажат волјата на граѓаните. Не е особена тајна дека во Србија сите би биле подобри политичари и претседатели, исто како фудбалските и кошаркарските тренери. Но, тој процес на донесување одлуки не е едноставен. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија Последните анкети недвосмислено укажуваат дека главната битка ќе се води помеѓу Српската Напредна партија на Вучиќ, чиј кандидат за премиер е токму тој и Студентското движење, кое веќе подготви листа од 250 имиња на кандидати за пратеници. Едната анкета покажа голема предност за Вучиќ, другата значитална предност за студентите, кои според дел од аналитичарите, за да се надеваат на победа мора да ја прецизираат програмата. -Всушност можеме да дојдеме во опасност да гласаме за нешто со силна морална порака, а потоа да се соочиме со луѓе кои не ги познаваме. Каков е нивниот став за ЕУ, за стратешкиот дијалог со САД, каков е односот околу Русија и Украина? , изјави Александар Апостоловски, новинар на „Политика“ Иако кампањата не е почната, набљудувачката мисија „Црта“ алармира дека власта ги користи сите јавни ресурси во пресрет на изборите, од злупотреби на безбедносниот апарат, преку уцени на социјално загрозени граѓани до несразмерно голем медиумски простор за власта, како на пример, дека само во август во вестите на јавниот сервис дури 98 проценти од времето било одвоено за власта, а два за опозицијата. -Претседателот на Србија, Александар Вучиќ самиот зазеде половина од вкупното време во вестите на РТС и тоа е речиси четири пати повеќе од целото време што претседателот го доби претседателската кампања во 2022 година, изјави Тамара Бранковиќ, мониторинг мисија „Црта“ -Алармантна е злоупотребата на безбедносниот апарат. Независните меѓународни и домашни форензички проверки потврдија дека од почетокот на годинава на на 14 члена на студенското движере и на Зелениот лев фронт нивните лефонио биле инфицирани со шпионскиот софтвер „Пегазос“, изјави Раша Неделјков, мониторинг мисија „ЦРТА“ Освен социјалистите на Дачиќ, со околу пет проценти и провропската опозициска коалиција со околу четири, двете последни анкети покажаа дека расцепканите опозициски партии практично се борат со цензусот од три проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаАнгелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењетоПет активни пожари низ Македонија, се гасне кај месноста рамно на Скопска Црна Гора, кај Струга и во Јасен. Очекувањата од дирекцијата ан заштита и спасување се дека сите ќе бидат изгаснати во текот на денот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11