Норвешка донира медицинска опрема за полската болница Rolle 2

Донација од еден тон медицински материјал од Норвешка, која се состои од медицински маски, маски за изолација, заштитни маски, заштитни наочари и термометри наменети за полската болница Rolle 2, во вредност од околу 200 илјади евра.

Донацијата,реализирана преку НАТО Агенцијата за поддршка и набавки и транспортирана од Алијансата, денеска беше предадена во касарната Илинден во Скопје.

-Со денешната донација уште еднаш се покажува значењето на нашето полноправно членство во НАТО. Донацијата од Кралството Норвешка што се состои од се она што е потребно во овој момент за справување со корона кризата се реализира преку НАТО агенцијата за поддршка и набавки со што нашите НАТО-сојузници ја покажуваат солидарнста и соработката со сите земји-членки, рече државниот серетар во Министерството за одбрана Драган Николиќ по предавањето на помошта.

Тој нагласи дека Министерството за одбрана и Армијата уште во првите моменти на пандемијата со КОВИД-19 во нашата земја дадоа комплетна логистичка поддршка во борбата и справувањето со ширењето на коронавирусот.

-Во тој контекст ги проширивме и капацитетите на Инфетивната килинка со посатавување на мобилната полска болница Rolle 2, која всушност е донација од Кралството Норвешка. Во секој момент сме подготвени за поддршка на здравствените институции со сите капацитети кои можеме да ги понудиме, рече Николиќ и додаде дека сорбатоката со Норвешка датира уште од 2007 година преку обуката на македонските хируршки тимови кои учествуваа во мисијата во Авганистан.

Заблагодарувајќи се за донацијата на Алијансата и Норвешка, посочи дека на овој начин уште еднаш се покажа соработката на сите земји-членки од НАТО со најновата земја која неодамна му пристапи на воено-политичкиот сојуз.

Николиќ најави дека по првата пратка од норвешката донација ќе следат уште транши за обезбедување на медицински средства кои ќе помогнат во идниот период во справувањето со пандемијата.

-Ќе имаме и нови фази, ќе се потпишат и нови договори со Кралството Норвешка преку поддршката од НАТО агенцијата за логистика и набавки што ќе се базираат на спецификациите од нашиот Воено медицински центар. Солидарноста и што значи НАТО-сојузништво на овој начин се покажува на терен, потенцира Николиќ.

Норвешкото воено аташе во земјава потполковник Егил Далтвеит посочи дека донацијата што норвешкото Министерство за одбрана ја предава денска на Армијата на Македонија претставува практична алатка која може да се исористи во борбата против КОВИД-19.

-Истовремено таа претставува само уште еден чекор во долгата и богата воено-медицинска соработка. Ние ги обучивме вашите доктори и медицински сестри и помогнавме во опремувањето на вашите воено-медицински капацитети како што е вашата теренска болница. Вие ги испративте вашите војници и војнички да служат во Авганистан во мисија предводена од Норвешка. Со нивните одлични и професионални операции вашите луѓе спасуваа животи на норвешки војници кога беа тешко повредени од Талибанците. Тоа не сме го заборавиле и нема да го заборавиме, рече Далтвеит.

Тој нагласи деака низ годините станаа многу блиски и пријателски релациите меѓу оружените сили на двете земји, а денеска, како што кажа, сме дури и побилски од пријатели и сме сојузници во најуспешната воено-политичка алијанса во историјата.

Шефот на Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ посочи дека норвешката донација не претставува билатерална, туку здружена активност бидејќи во неа партиципираше и НАТО агенцијата за поддршка и набавки и додаде дека во Алијансата не се зборува само за текнови, пушки и артилерија, туку и за областа на медицината која е многу важана.

-Донацијата е многу важна бидејќи се наоѓаме сред пандемија со КОВИД-19, а Норвешка е многу активна на медицинско поле на целиот Балкан. Медицинската опрема е со двојна намена може да се користи во операции низ целиот свет, но може да се користи и за потребите на земјата, рече Јанковиќ. /MИА

Грција воведува шестдневна работна недела

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела.

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper.

Според законот, работниот ден дополнително работно време не може да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Во однос на ограничувањата, вработен во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

Американците се згрозени од снимката на наставник како претепува ученик,додека другите гледаат

Наставник (27) претепал ученик кој наводно го навредувал на расистичка основа, а инцидентот се случил пред очите на другите ученици во училиштето Валеи во Лас Вегас.

Во вознемирувачкото видео е снимено како наставникот му удира шлаканици на ученикот, па го фрла на земја и го клоца пред насобраните средношколци.

Според првичните информации, ученикот го нарекол наставникот „црнец“, што резултирало тој да се налути и да се соочи со младиот човек.

Откако видеата беа објавени во јавноста, полицијата ги уапси наставникот и ученикот, а локалните власти известија дека на 27-годишниот маж отсега ќе му биде забрането да предава во областа.

По нападот ученикот бил примен во болница каде се уште е таму поради повредите со кои се здобил во нападот.

Наставникот, меѓу другото, е обвинет и за нанесување тешка повреда и бил пуштен со кауција од 9.000 долари, а судењето е закажано за подоцна.

Во музејот на Битлси во Ливерпул е изложен познатиот јапонски сервис за чај на Џорџ Харисон

Јапонскиот сервис за чај, купен од англискиот гитарист, пејач и поранешен член на Битлси Џорџ Харисон во 1966 година за време на турнејата на Битлси низ Јапонија, е изложена во музејот на Битлси во Ливерпул.

Сервисот, еден од трите купени од Харисон во Јапонија, му го подарил менаџерот на турнејата Нил Аспинал на неговиот син Роаг Бест, кој сега го води музејот на Битлси.

Како што изјави, на тридневната турнеја, Битлси свиреле за повеќе од 10.000 луѓе по концерт.

„Битлеманијата навистина ја погоди Јапонија. Тие не можеа да ја напуштат хотелската соба“, рече Бест, кој е син на Аспинал и Мона Бест и полубрат на Пит Бест, оригиналниот тапанар на Битлси.

Тој изјавил дека неговиот татко, маскиран, го придружувал Џон Ленон, додека еднаш излегувале од хотел во Токио, еднаш излегол и Пол Макартни со маска, но Ринго Стар и Харисон останале заклучени во собите.

„Тие сакаа да купуваат работи на турнеја, но бидејќи не можеа да излезат, луѓето ги носеа своите производи во нивните соби. Џорџ купи три многу украсени јапонски чајни комплети кои потоа ги испрати назад во Англија. Чуваше еден, татко ми дозволи тој да избира од преостанатите два, а третиот и го дал на мајка си“, рекол Бест, пренесува Би-Би-Си.

Сервисот е префрлен во Ливерпул, во куќата на Мона Бест, сопственик на клубот „Касба“.

Бест изјавил дека на сетот недостасуваат три чаши кои ги скршил кога имал 15 години.

Тој додаде дека се надева дека сервисот за чај ќе биде од особен интерес за фановите на Битлси од Јапонија кои го посетуваат музејот во Ливерпул.

„Фан клубот на Битлси е еден од најголемите по членство и има околу 40.000 фанови. Мислам дека ова ќе им се допадне“, рече Бест.

притисни ентер