Њукасл и Де Хеа пред постигнување договор - Канал 5

Њукасл и Де Хеа пред постигнување договор

 Голманот Давид де Хеа, кој моментално е слободен играч, наскоро може да стане член на Њукасл, пренесува „The Telegraph“.

Њукасл и Де Хеа пред постигнување договор

Според британскиот медиум, Шпанецот ќе се пресели во англискиот тим доколку се исполнат неговите договорни услови.

Де Хеа бранеше за Манчестер јунајтед од јули 2011 година. Во сезоната 2022/23, фудбалерот одигра 58 натпревари за тимот и прими 61 гол, а 25 пати ја зачува мрежата „чиста“.

Триесет и тригодишниот Шпанец стана слободен играч во јули 2023 година и допрва треба да најде нов клуб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема нови потврдени случаи на западнонилска треска, но петмина пациенти се во критична состојба

Нема нови потврдени на западно нилска треска, ама има неколку нови приеми на пациенти за кои има сомнеж дека воспаление на мозокот имаат поради вирус, кои спаѓаат во ризичната група и се над 50 годишна возраст, потврдуваат за Канал 5 од Инфективна.

Нема нови потврдени случаи на западнонилска треска, но петмина пациенти се во критична состојба

Нема нови потврдени на западно нилска треска, ама има неколку нови приеми на пациенти за кои има сомнеж дека воспаление на мозокот имаат поради вирус, кои спаѓаат во ризичната група и се над 50 годишна возраст, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клиника. Дваесет и четиригодишното момче од Центар кој се води како досега најмладиот хоспитализиран со симптоми на западно нилска трескаб е во добра општа состојба и нема компликации, а 25 годишната девојка се уште е со одредени тегоби како силни главоболни и зашеметеност, но надвор од животна опасност, а за жал, нема подобрување на состојбата кај петмината повозрасни пациенти кои веќе со денови се во критична состојба и остануваат на апарати за дишење, брифираат од Клиниката.

Со оглед на тоа дека се намалува возрасната граница, и се почесто и помлади бараат помош по убод од комарец, лекарите апелираат на внимателност, особено кај повозрасните кои имаат придружни хронични болести и кај децата. Во минатото имало случаи на западно нилска треска кај деца и кај нас, но тогаш инфекцијата ја добиле во странство, а сега 37 од 38 случаи се водат како автохтони, односно заразата ја добиле во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“

126 денари за килограм – толку се плаќал лебот во 2025 година во студентскиот дом „Пелагонија“ иако според пазарот цената му е 70 денари – државните ревизори утврдија низа неправилности и несоодветно трошење на јавните средства во домот. 

Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“

Во 2023 година, „Пелагонија“ распишала тендер за леб и брашно, а истиот го добила фирма која воопшто нема таква дејност. Договориле цена по 57 денари од килограм, но добавувачот, при фактурирањето едно парче, односно векна леб го прикажувал двојно, како килограм. Ваквото постапување поради ретките контроли немал кој да го „детектира“ дури до крајот на 2024 година. А, подобра состојбата не била и подоцна.

-Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната цена од околу 70 денари/кг, што укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на јавните набавки,- - Државен завод за ревизија.

Освен кај лебот, државната ревизија констатирала пропусти и при набавката на душеци. Извештајот нотира дека биле набавени 250 душеци, кои биле со поголеми димензии од самите кревети, па истите стојат складирани. А, мерка не била земена ниту за претходната набавка, па тоа ги оштетило и креветите.

-Утврдивме дека и претходно биле набавени 450 душеци од истиот добавувач, иако постоечките биле во добра состојба, а поради тоа што димензиите на креветите се помали од душеците, била нарушена стабилноста и статиката на креветите. Тендерската документација на набавката на душеци од 2023 година содржи ограничувачки услови, а договорот е склучен со избраниот економски оператор без обезбедена банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот,- - Државен завод за ревизија.

Канал 5 стапи во контакт со Агим Фејзулаху, кој директоруваше со „Пелагонија“ до крајот на 2023 година, но тој одби да даде изјава, единствено посочи дека во тендерските постапки има јасни законски услови и клаузули, кои според него се испочитувани.

Актуелниот директор Орхан Алиу пак најави дека дополнително ќе одговори на наодите од ревизорите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце

Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на Граничниот премин Табановце.

Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце

Камерите на „сејф сити“ конечно почнаа да ги санкционираат и странците, па така покрај македонските возачи, сега и странските ќе мораат да ги почитуваат сообраќајните правила и да возат безбедно.

Казнувањето на самиот граничен премин вчера предизвика нервоза кај дел од возачите, бидејќи биле затекнати дека и за нив важат правилата. Каква е денес сликата го прашуваме Дејан Србиновски, кој се наоѓа на Табановце.

Дејан, дали повторно имаме метеж и нервозни возачи?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер