Њујорчаните незадоволни од чудната новогодишна елка пред Рокфелер центарот (ФОТО) - Канал 5

Њујорчаните незадоволни од чудната новогодишна елка пред Рокфелер центарот (ФОТО)

Елката што вчера беше поставена пред центарот Рокфелер во Њујорк, предизвика илјадници реакции.

Њујорчаните незадоволни од чудната новогодишна елка пред Рокфелер центарот (ФОТО)

Работниците кои ја поставиле елката пред центарот Рокфелер најпрво откриле минијатурен був скриен во нејзиниот крошна, кој патувал три дена со дрвото до Њујорк, минувајќи 270 километри.

Малата птица пронајдена во понеделникот е именувана, како инаку , освен Рокфелер, е возрасен мажјак од минијатурниот вид на був. Рокфелер бил дехидриран и гладен, но без повреди, изјави менаџерката на Центарот за диви животни во Равенсберд, Елен Калиш.

На птицата и била овозможена нега и центарот планира да ја ослободи викендов, кога ќе се опорави од одисејата.

Покрај бувот, вниманието на луѓето го привлече и изгледот на дрвото. Имено, социјалните медиуми не го дочекаа дрвото со воодушевување поради лошата крошна, а некои заклучија дека неговиот тажен изглед соодветно го означува крајот на годината, што треба да се заборави што е можно побрзо. „Дали ова дрво има Ковид?“, „Типично за 2020 година“, се само некои од коментарите.

Норвешката смрека висока 23 метри била доставена на Менхетн од Онента во центарот на Њујорк во саботата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето

По повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол",

Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето

По повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол", со цел подигнување на свесноста за превенција од кардиоваскуларни заболувања.

Годинава Светскиот ден на срцето се одбележува под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“. Фокусот е на препознавање на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон обезбедување универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи.

На пунктот на ИЈЗ граѓаните имаа можност бесплатно да ги измерaт нивото на крвен притисок, шеќер во крвта, холестерол, како и висината и телесната тежина, со што се овозможи пресметување на индексот на телесна маса (BMI) – еден од индикаторите за ризик од срцеви заболувања.

Смртноста од кардиоваскуларни заболувања е еден од најголемите ризици во светот. Факторите кои ги предизвикуваат овие заболувања може да се превенираат и откријат со едноставни прегледи. Апелирам граѓаните редовно да контролираат крвен притисок, гликемија, и доколку има потреба да се зема терапија пропишана од доктор, само на тој начин ќе го заштитиме здравјето, посочи министерот Клековски.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска истакна дека целта на оваа теренска активност е подигнување на свесноста за кардиоваскуларните заболувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“

Како што објави СДК, Македониумот во Крушево бил изнајмен за околу 500 евра за снимање на спотот „Секси мама“, на косовскиот рапер Дон Џони.

Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“

Директорот на споменикот Македониум во Крушево изјавил дека продукцијата побарала дозвола и тие дале.

„Просторот беше отстапен за снимање спот. И на Управен одбор имаме донесено одлука да може просторот да се отстапува со соодветна цена, се наплатува. Тие имаа доставено до нас објаснување дека просторот ќе се користи за снимање спот. Немаме точно оформена цена, се отстапува на саати, на пример околу 500 евра за 5-6 саати“, ни изјави Миха Оџаклиески за СДК.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Северна Кореја се подготвува да испрати уште 10 000 војници во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека на руска територија се наоѓаат повеќе од 8 000 севернокорејски војници и дека се во тек подготовки за распоредување на уште 10 000 војници.

Зеленски: Северна Кореја се подготвува да испрати уште 10 000 војници во Русија

Повикувајќи се на „нови податоци“ за распоредувањето на севернокорејски војници во Русија, Зеленски во објава на платформата Икс наведе дека тие „Се избираат за обука и последователно распоредување во Русија“. Украинскиот претседател минатиот месец рече дека до 50 000 севернокорејски војници би можеле да бидат испратени да се борат за Русија.

Според украинските и независните проценки, Пјонгјанг, исто така, ја снабдил Русија со милиони артилериски и минофрлачки гранати, како и со балистички ракети, артилериски системи со голем дострел и повеќецевни ракетни системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер