АвтомобилизамНиз фабриките на БМВ патролираат роботски кучиња (ВИДЕО)Низ производствените капацитети на BMW патролираат роботски кучиња кои ја обезбедуваат безбедноста на работниците и машините.Четири роботски кучиња се воведени во производниот процес на фабриката Хамс Хол во Велика Британија. Тие се направени од Boston Dynamics, истата компанија која произведува хуманоидни роботи за американската војска. Компанијата сега е во сопственост на Hyundai, а оваа соработка дојде на иницијатива на BMW. За следење на просториите на фабриката се користат роботски кучиња. Тие се опремени со сензори и камери преку кои можат да детектираат прегревање на машините и истекување на индустриски гасови, вклучително и компримиран воздух. Од БМВ не го спомнуваат следењето на работната атмосфера и самата изведба, па ќе веруваме дека овие роботи се таму само за безбедност на работниците. Иако е малку морничав, особено за љубителите на научна фантастика и дела како Фаренхајт 451, овие роботи се симпатично наречени SpOTTO, како алузија на две лица. Првиот е Густав Ото, еден од основачите на БМВ, а вториот е Николаус, неговиот син и пронаоѓач на четиритактниот мотор со внатрешно согорување. SpOTTO открива опасни ситуации и може да се качува по скали. Може да има повеќе работни места за него во иднина, вклучувајќи читање аналогни контроли, но се надеваме дека нема да ги кодоши работниците или да собира лични и биометриски податоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНа Косово почна ископување во потрага по масовна гробница, се огласи Курти Форензичарите денеска започнаа со ископ на локација на северот од Косово, барајќи масовна гробница во која би можеле да бидат пронајдени останките на околу дваесет жртви кои се водат како исчезнати од војната во 1990-тите, објави косовскиот премиер.Околу 13.000 луѓе, вклучувајќи 11.000 косовски Албанци, претежно цивили, беа убиени за време на косовската војна 1998-1999 година, во конфликтот меѓу српските сили и косовските Албанци. Речиси 1.600 луѓе сè уште се сметаат за исчезнати, објави Индекс. Ископувањето на масовната гробница започна во селото Калудри во општина Зубин Поток на северот од Косово, изјави премиерот Курти. Властите се надеваат дека таму ќе ги пронајдат „останките на група од 23 интелектуалци од Митровица, лекари, професори и активисти за човекови права, кои беа киднапирани и се водат како исчезнати од 19 април 1999 година“, објави Курти на платформата X. Authorities of the Republic of Kosova have begun excavating a mass grave in the village of Kalludër, in the municipality of Zubin Potok. The grave is suspected to contain the long-concealed remains of a group of 23 intellectuals from Mitrovica, doctors, professors and human… — Albin Kurti (@albinkurti) July 30, 2026 Пребарувањата на локацијата започнаа три дена по апсењето на двајца Срби од Зубина Поток, според обвинителството. Властите, исто така, претходно оваа недела посочија дека на местото на настанот се пронајдени човечки остатоци, без да откријат детали. Обвинителот Блерим Исуфај денес за медиумите за време на посетата на местото изјави дека во оваа фаза од ископувањето е сè уште „прерано“ да се зборува за резултатите. „Идентификацијата бара време и почитување на строги процедури за пронаоѓање, а потоа и идентификација на секое тело преку ДНК анализа“, рече Исуфај. Речиси три децении по војната, затегнатите односи меѓу Косово и Србија, која никогаш не ја призна независноста што нејзината поранешна покраина ја прогласи во 2008 година, исто така влијаат на процесот на барање исчезнати лица. Сепак, заедничка комисија од косовски и српски специјалисти се состана за прв пат во Брисел во јануари, повеќе од две години откако беше објавено нејзиното формирање. Се очекува комисијата да иницира соработка меѓу Белград и Приштина за лоцирање на местата на масовни гробници. Меѓу исчезнатите, 1.100 жртви се косовски Албанци, додека околу 500 се Срби, Роми или припадници на други малцинства.Тагови: Косово Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕрупција на вулканот Етна на Сицилија (ВИДЕО)Ерупцијата на вулканот Етна се случи денес по повеќе од три недели мир.Голем облак од пепел се издигна од кратерот на врвот на Ворагина, предизвикувајќи паѓање на пепел во градот Бронте на италијанскиот остров Сицилија. Вулканската пепел предизвика привремени ограничувања на воздушниот простор над вулканот, додека операциите на меѓународниот аеродром во Катанија продолжија без прекин, според локалните власти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00
МакедонијаМуцунски во Вести Плус: Се разговара, на маса се и уставни измени со одложено дејствоМакедонија има само план А за ЕУ, вели министерот Тимчо Муцунски..Во Вести Плус на Канал 5 Муцунски изјави дека се разгледуваат повеќе механизми за откочување на процесот,а повторно на маса се и уставни со одложено дејство. За назначувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи за специјален претставник во Брисел , решение кое предизвика бројни политички реакции, Муцунски вели дека за Владата тој бил најкометенетнен за оваа позиција. Се школувал во Белгија, имал двојно државјанство но и контакти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00