Нисан го претстави новиот Нисмо, наменет за богати шеици (ФОТО) - Канал 5

Нисан го претстави новиот Нисмо, наменет за богати шеици (ФОТО)

Nismo понудата се шири, и тоа во доменот на џиповите.

Нисан го претстави новиот Нисмо, наменет за богати шеици (ФОТО)

Сосема неочекувано, Nissan го прошири семејството Nismo со SUV. Тоа е најдоброто во палетата, Patrol, што одлучија да им го понудат на клиентите на Блискиот исток. Тоа е вистински ѕвер според изгледот и силата што се издвојува покрај верзиите AMG, M и RS на германските спортски теренци.

Поставен на 22-инчни тркала со агресивно скроена надворешност, Patrol добива 5,6 V8 атмосферски мотор. Развива 434 КС со 560 Nm вртежен момент. Нуди одлични перформанси за еден теренец. На крајот на краиштата, тука е и задниот дифузер со стоп светло инспирирано од Ф1 болидите. Амортизерите од Билштајн се повеќе како украс, бидејќи е тешко да се замисли дека шасијата може да помогне со таков труп. Кој би помислил дека ова е модел стар повеќе од една деценија.

Сè што се гледа со додавање на првокласна опрема, Нисан го наплатува нешто повеќе од 87.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот Исток

И, носачот на авиони „Абрахам Линколн“ замина од Блискиот Исток. 

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот Исток

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се упати кон Соединетите Американски Држави од Блискиот Исток, по девет месеци поминати на море од страна на екипажот и маринците, соопшти денеска еден американски претставник.

Официјално лице изјави за „Си-Би-Ес Њуз“ (CBS News) дека американскиот носач на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ пристигнал на Блискиот Исток за да го замени „УСС Абрахам Линколн“, кој испловил од Сан Дијего на 21 ноември со околу 5.000 членови на екипажот.

Американската војна со Иран, која започна кон крајот на февруари, ја продолжи мисијата и го зголеми обемот на нивните обврски, при што „УСС Абрахам Линколн“ служеше како појдовна точка за илјадници летови на авиони за време на нападот врз Иран.

Членовите на семејствата на американските морнари јавно изразија загриженост поради влошеното ментално здравје на екипажот на бродот, како и поради санитарните услови и недостигот на храна, по што бродот „УСС Абрахам Линколн“ беше посетен од командантот на Централната команда на САД (CENTCOM), адмирал Бред Купер.

На носачот на авиони ќе му бидат потребни околу три недели за да се врати во Сан Диего.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вембањама повторно ги шокираше Американците. Ова лето порасна за уште пет сантиметри

Според „Yahoo Sports“, ѕвездата на НБА лигашот Сан Антонио, Виктор Вембањама наводно пораснал за уште околу пет сантиметри ова лето и сега е висок приближно 231 сантиметар. 

Вембањама повторно ги шокираше Американците. Ова лето порасна за уште пет сантиметри

Француската суперѕвезда на „Сан Антонио Спарс“ минатата сезона беше заведена со висина од околу 226 сантиметри, што значи дека Вембањама – кој сега има 22 години – продолжил да расте во период кога физичкиот развој кај повеќето мажи одамна е завршен. Поради тоа, неговиот раст во последните години изгледа речиси неверојатно.

На 16-годишна возраст, Вембањама бил висок околу 218 сантиметри, а кога „Спарс“ го избраа како прв пик на НБА-драфтот во 2023 година, официјално беше измерен на нешто повеќе од 222 сантиметри (без патики).

Пред почетокот на минатата сезона, „Спарс“ веќе го водеа со висина од околу 226 сантиметри, а најновите извештаи укажуваат на тоа дека тој се приближува до границата од 231 сантиметар.

Веќе подолго време кружеа шпекулации дека тој е многу повисок од официјалната бројка. Луѓето што стоеле до Вембањама тврдеа дека неговата официјално наведена висина не соодветствува со реалноста.

Поранешниот НБА-центар Бобан Марјановиќ, кој е висок околу 224 сантиметри, претходно раскажуваше дека морал да гледа нагоре кога се сретнал со Французинот.

Брајан Виндхорст, новинар на ESPN специјализиран за НБА, исто така тврдеше дека Вембањама е значително повисок од бројката што тогаш стоеше во официјалните записи. Тој проценуваше дека играчот се приближува до границата од 231 сантиметар. Се чини дека новите информации за неговиот раст ги потврдуваат таквите проценки.

Доколку бројката од 231 сантиметар е точна, Вембањама би се израмнил со највисоките играчи што некогаш играле во НБА. Георге Мурешан и Манут Бол исто така биле високи околу 231 сантиметар, додека Јао Минг, Шон Бредли и Тако Фол биле високи околу 229.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сопругата на Бајден ја потврдува сериозната состојба на Џо. „Тој ќе умре,ајде да го искористиме секој момент на најдобар можен начин“

Сопругата на поранешниот претседател на САД, Џозеф Бајден, Џил отворено зборуваше за тоа како таа и нејзиниот сопруг Џо се справуваат со неговата сериозна дијагноза на рак, добиена минатата година. 

Сопругата на Бајден ја потврдува сериозната состојба на Џо. „Тој ќе умре,ајде да го искористиме секој момент на најдобар можен начин“

Во едно интервју, поранешната прва дама ги откри своите стравови, како и пристапот на семејството кон одржување на оптимизмот, пренесува „Пипл“ (People).

Гостувајќи во емисијата „Jaime Kern Lima Show“, 75-годишната поранешна прва дама опиша како се справува со фактот дека ракот на простата на поранешниот претседател се проширил на коските.

Иако се соочуваат со можноста за негова смрт, Џил вели дека се обидува да ги потисне негативните мисли. „Се разбира дека се плашам“, рече таа.

„Како прво, тој е речиси десет години постар од мене. А со таква болест... едноставно не смеете да дозволите мислите да ви тргнат во таа насока.“ „Како да не можете да си го замислите животот без нив. Но, знаете дека ќе умрат – исто како што знам дека и јас ќе умрам“, продолжи таа. „Значи, едноставно прифаќате дел од тоа.“

Според неа, Џо останал „силен“ и „издржлив“ по дијагнозата. Таа додаде дека тој не разговарал со неа за своите стравови, ниту пак таа го очекувала тоа од него.

YouTube video

„Тој отсекогаш бил столбот на нашето семејство“, изјави таа. Џил вели дека, и покрај тешките емоции поврзани со здравјето на Џо, таа и нејзиниот сопруг не се фокусираат на тешкотиите. Тие одлучиле да го ценат времето што им преостанува. „Не можеме така да гледаме на животот.

Нашиот пристап е: Џо има рак, тој ќе умре, па затоа ајде да го искористиме секој момент на најдобар можен начин. Да бидеме заедно, да наоѓаме работи што ни носат радост. Ова нека биде позитивно патување – па, барем не негативно – бидејќи како воопшто би можеле да живеете со тоа секој ден?“, објасни таа. „Не можеш. Премногу е тешко.“

Во мај 2025 година, кабинетот на поранешниот претседател објави дека на Џо Бајден му бил дијагностициран агресивен карцином на простата во петти стадиум, кој се проширил на коските.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер