Нинова: Претседателската институција на Радев му е тесна и сака вистинска власт - Канал 5

Нинова: Претседателската институција на Радев му е тесна и сака вистинска власт

Вицепремиерката во оставка и лидер на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова во интервју за БНТ ги критикуваше постапките на претседателот Румен Радев. 

Нинова: Претседателската институција на Радев му е тесна и сака вистинска власт

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Нинова го обвини Радев за пристрасни напади врз Владата на Кирил Петков, бидејќи се стреми кон поголема моќ.

Таа коментира дека претседателската институција на Румен Радев му е тесна и дека сака вистинска власт. Преодните влади од минатата година, преку кои тој владееше, му се допаднаа. Радев, според Нинова, се надевал дека со лансирањето на „Продолжуваме со промените“ на власт како лица на промените, ќе остане во позадина и преку своите луѓе кои учествувале во преодните влади на Бугарија ќе продолжи да ги влече конците и да владее со земјата.

Корнелија Нинова го коментираше предлогот на француското претседателство со ЕУ за Македонија дека БСП се воздржа од гласање во Националното собрание бидејќи тоа не ги испочитувало целосно нивните т.н. црвени линии за Република Македонија за спроведување на билатералниот договор. Во него се вели дека преговорите ќе започнат откако Скопје ќе го промени Уставот и ќе ги вклучи локалните Бугари во него, а тоа е добар предлог, според Нинова.

Сепак, додава таа, предлогот се однесува на билатерален протокол без истиот да биде потпишан од ниту една страна. Коментирајќи ја острата реакција на премиерот на Македонија за предлогот на француското претседателство со ЕУ, Нинова рече дека бугарските интереси не се заштитени, бидејќи не е потпишан билатерален протокол.

Нинова беше категорична дека темата „Македонија“ е грубо искористена за партиски цели од две партии – „Има таков народ“ и ГЕРБ. Таа коментира дека во моментов има сугестија дека може да се формира ново евроатлантско мнозинство во Националното собрание, преку кое Бојко Борисов се обидува да си го исчисти својот имиџ преку темата „Македонија“, што го одвлекува вниманието од целта за која протестираа луѓето во Бугарија во последните две недели.

За Корнелија Нинова, нови избори и преодна влада се најлошото за народот во Бугарија, бидејќи земјата ја чека тешка есен и тешка зима. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Докторите предупредуваат на ризик од мигрена кај децата поради употреба на мобилните телефони

Употребата на паметни телефони го зголемува ризикот од главоболки кај децата за 1,5 пати, а кај предиспонирани пациенти може да предизвика порано појавување на мигрена.

Докторите предупредуваат на ризик од мигрена кај децата поради употреба на мобилните телефони

Ова го изјави неврологот во Федералниот центар за неврохирургија во Новосибирск и вонреден професор на Одделот за невронауки на Државниот универзитет во Новосибирск, Галина Мојсак.

Еквиваленти или прекурсори на мигрена

„За жал, мигрените кај најмладите ретко се препознаваат на време денес. Честопати, возрасните ги толкуваат проблемите на децата како нормално преоптоварување на училиштето или замор. Сепак, првите напади можат да се појават уште на возраст од три до пет години“, објасни Мојсак.

Таа забележа дека клиничката слика на мигрена кај децата може значително да се разликува од онаа кај возрасните. Болеста не секогаш започнува со карактеристична еднострана пулсирачка главоболка.

„Покрај типичната болка од мигрена, децата доживуваат таканаречени еквиваленти или прекурсори на мигрена. Тие вклучуваат, на пример, повторливи, интензивни епизоди на повраќање во отсуство на гастроинтестинални или заразни причини или ненадејни напади на вртоглавица. Само по некое време, понекогаш месеци или години, овие симптоми се развиваат во класична главоболка“, нагласи специјалистот.

Намалување на сивата материја во мозокот

Според докторката, важно е родителите да не ги игнорираат повторувачките циклични поплаки на своето дете за лошо расположение и гадење, особено по преоптоварување или продолжено изложување на дигитални екрани, и навремено да се консултираат со педијатриски невролог.

Мојсак претходно изјави за ТАСС дека луѓето кои страдаат од хронични мигрени (со напади што се случуваат повеќе од 15 пати месечно) доживуваат намалување на сивата материја во мозокот, што може да доведе до намалена концентрација и оштетување на меморијата.

Таа наведе строго придржување кон дневната рутина, ограничување на предизвикувачите и одење во кревет во исто време како примарен метод за заштита на нервниот систем без лекови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крдо од 12 диви свињи се прошетаа низ центарот на Солун (ВИДЕО)

Уште една „прошетка“ на диви свињи во населено место е снимена вчера вечерта во Солун, вториот по големина град во Грција.

Крдо од 12 диви свињи се прошетаа низ центарот на Солун (ВИДЕО)

Како што може да се види во видеото објавено на TikTok, вкупно 12 диви свињи се забележани во областа Харилау, објавија грчките медиуми.

„Мислам дека вечерните излети завршуваат тука“, напиша жител на областа, кој го снимаше крдото диви свињи.

Животните, кои можат да бидат исклучително опасни, мирно шетаа среде ноќ во потрага по храна, без никој да ги допре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанец од Косово со нож до смрт избодел 15- годишен тинејџер во Германија

Албанецот Албин Бејтулаху (23) од Вучитрн е осомничен за вмешаност во убиството на 15-годишно момче во Марсберг, Германија. 

Албанец од Косово со нож до смрт избодел 15- годишен тинејџер во Германија

Тој се предал на полицијата заедно со неговиот соучесник откако германските власти издале налог за претрес по нив, објави Билд.

Полицијата во Дортмунд соопшти дека двајцата осомничени, на возраст од 22 и 23 години, се предале на властите.

Претходно биле издадени налози за апсење поради сомнение за убиство со умисла и нанесување тешки телесни повреди.

Според германските власти, тие се осомничени дека учествувале во тепачка во населбата Есенто во Марсберг во саботата, 19 септември, во близина на приватна роденденска забава.

За време на тепачката, 15-годишникот од Дортмунд бил избоден со нож и починал на местото на настанот. Друг млад човек, на возраст од 18 години, се здобил со тешки повреди и е однесен во болница.

Полицијата започнала потрага по осомничените и објавила нивни фотографии. Полицијата, исто така, користела хеликоптер за време на претресот во областа Марсберг. Властите соопштија дека, и покрај нивното бегство, немало проценка дека постои закана за населението.

Осомничените се од Хам. Според информациите објавени од германските медиуми, едниот е грчки државјанин, додека другиот е од Косово. Тие се идентификувани како Алекс Олтаси (22) и Албин Бејтаљаху (23).

По нивното предавање, јавната потрага по нив е прекината. Во среда, на 23 септември, двајцата се изведени пред судија за притвор.

Истрагата за околностите и мотивот на конфликтот продолжува. Обвинителството сè уште не објавило целосни детали за тоа како започнал конфликтот и што довело до употреба на насилство. Властите, исто така, ја истражуваат специфичната улога на секој од двајцата осомничени.

Според непотврдени информации, група млади мажи се судриле поради девојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер