Николовски: Верувам дека Владата ќе најде решение за платите во АД „Водостопанство“

Допираат информации од вработени дека не се исплатени неколку плати. 

Верувам дека Владата ќе најде решение, на тоа работи вицепремиерот Фатмир Битиќи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со ситуацијата во АД „Водостопанство“.

Како што објасни Николовски, платите ги исплаќа АД „Водостопанство“ кое не е орган во состав на Министерството за земјоделство.

-Јас и неколку министри го отвораме постојано прашањето на Влада, зашто допираат информации од вработени дека не се исплатени неколку плати. Верувам дека Владата ќе најде решение. Ние го поддржуваме АД „Водосатопанство“ во капиталните инвестиции, во реконструкцијата и изградбата на системите за наводнување, во целосното одржување, а во тој дел предвидовме 180 милиони денари. Како што се склучуваат договорите од нивна страна, така се исплаќаат, истакна Николовски, по примопредавањето на опремата за шумската полиција од Италија.

Тој потсети дека уште во 2018 година на негово барање, МЗШВ доби грант од ЕУ за реорганизирање на АД „Водостопанство“.

-ИПА проектот е готов и во најскоро време ќе биде предложен модел за реорганизирање пред Владата, напомена министерот, додавајќи дека тоа ќе биде во контекст и на барањата на земјоделците кои сакаат да се врати стариот систем на водни заедници.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер