МакедонијаНиколовски: Се потврди скандалот со ИПАРД Николовски посочува дека оние кои се гонат за корупција се луѓе директно поставени од Владата и блиски соработници на Трипуновски, што дополнително ја потврдува политичката одговорност на ВМРО-ДПМНЕ за овој случај.Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење, се вели во соопштението од СДСМ. „Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за земјоделство се обидуваа да ја сокријат. Суспензија имало два пати и тоа само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во 2011 и сега во 2025 година“, вели Николовски. Тој оценува дека ова е тежок удар врз македонското земјоделство и доказ дека партизацијата, клиентелизмот и корупцијата ја разориле довербата во институциите. „Суспензијата е, пред сè, срам за Владата и доказ дека партизацијата, корупцијата и девијантните појави се широко распространети во Агенцијата – нешто на што укажував од самиот почеток“, порача Николовски. Според него, ИПАРД програмата во времето на СДСМ била најуспешната европска приказна во земјоделството, со рекордни 2.369 реализирани и контролирани инвестиции и целосна искористеност на европските пари. Николовски бара одговорност од актуелната власт. „Сега Владата треба да одговори: Кој ќе понесе политичка одговорност за овој мега-скандал? Кој ќе одговара за штетите што ќе ги претрпат земјоделците и инвеститорите? Ќе поднесе ли конечно Цветан Трипуновски оставка или ќе продолжи да се преправа дека ништо не се случило? Со кој кредибилитет ќе излезе пред земјоделците?“, вели тој. Николовски посочува дека оние кои се гонат за корупција се луѓе директно поставени од Владата и блиски соработници на Трипуновски, што дополнително ја потврдува политичката одговорност на ВМРО-ДПМНЕ за овој случај. „Време е конечно со чесни, посветени и професионални луѓе, а не со партиски поставени кадри, да се изгради системот и да се врати довербата“, нагласи Николовски. Центар за комуникации со јавноста на СДСМТагови: Љупчо Николовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членствотоВчерашниот ден го завршивме со состанок со општинскиот комитет во Неготино.ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството. Во директна комуникација со членовите разговаравме за развојни проекти, нови политики кои ќе донесат уште поголем развој на државата. фб објава на Александар Николоски, вицепремиер и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЧупиќ ги распиша претседателските избори во СрбијаПретседателот на српскиот Парламент, Александар Чупиќ, денес ги распиша вонредните претседателски избори, кои ќе се одржат во недела, на 27 декември. Чупиќ ја потпиша одлуката за распишување на изборите напладне во Домот на Народното собрание. „Почитувани граѓани, во согласност со член 114, ги распишувам изборите за претседател на Србија, кои ќе се одржат на 27 декември.„Се надевам дека ќе имаме тежок избор помеѓу водечките кандидати и нивните програми, нека јавните дебати и демократскиот изборен процес бидат покана за голема излезност“, рече претседателот на Народното собрание и продолжи: „Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни и да излезат на гласачките места на 27 декември. Нека јавните дебати бидат повик за голема излезност. Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни за волјата да роди претседател со силен интегритет. Да живее Србија.“ изјави Александар Чупиќ. „Оваа одлука стапува на сила од денот на објавувањето во Службен весник“, рече Чупиќ на прес-конференцијата. Роковите за спроведување на изборните дејствија почнуваат од денот на распишување на изборите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоради процесот Брдо-Бриони во Охрид и Струга посебен режим на сообраќајПоради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денес и утре ќе се одржи во Охрид, од денеска во Охрид и Струга, на сила се засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, информираат од МВР.Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посета. Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид и Струга, на трасите предвидени за движење на возилата под придружба, интензивно спроведуваат мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот во двата града, особено по булеварот „Туристичка“ во Охрид, на дел од автопатот Охрид-Кичево, во централното градско подрачје во Струга, по регионалниот пат Струга Струга-Дебар, како и по други улици и сообраќајници каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила. Тука, предвидени се краткотрајни застои во сообраќајот кои ќе трааат до поминување на возилата со кои се превезуваат учесниците на средбата. Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности на терен, СВР Охрид навремено воспостави контакти и координација со службите на локалната самоуправа, со правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици во општините Охрид и Струга, јавните претпријатија и други релевантни институции. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедноста на сите учесници а своите возила, да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37