3Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
МакедонијаНиколовски: Новата декларација потврдува дека барањата на Бугарија немаат крајМакедонија е доведена до точка на студена војна со Бугарија поради отсуството на државна стратегија, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.Според потпретседателот на партијата, Александар Николоски, позициите со источниот сосед ни се на најниско можно ниво а Владата, како што вели, досега немала соодветен одговор на ниту една провокација. Во Декларацијата која пред два дена ја усвои Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент Николоски гледа потврда дека официјална Софија ја продолжува старата пракса на нови барања. „Уште еднаш се потврдува тезата дека барањата на Бугарија немаат крај. Тоа е најдобар демант на сите оние изјави кои што беа давани во текот на 2017 година дека прашањат со Бугарија се затворени. Клучното прашање не е зошто Бугарија носи Декларација и тие можат какви сакаат декларации да си носат, клучното прашање е зошто тие документи кои што македонското Собрание ги усвојува и се обврзни не се почитуваат од Владата на СДСМ и ДУИ.“- Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Шефот на дипломатијата Бујар Османи во интервју за Радио слободна европа директно ја посочи Русија како држава која има интерес да ги одржува конфликтите на Балканот живи. Според него, тоа е влијание кое подолго време опстојува во различни периоди. „Тоа влијание сме го виделе во различен интензитет, во различни периоди на односите, не само меѓу Бугарија и Македонија туку воопшто на Западен Балкан, така што сигурно последната ескалација ќе биде добредојдена за многу трети фактори кои што ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт. Дали е тоа во наш интерес? Јас не се согласувам. - Тие трети фактори не би ги именувале сега? - Руската Федерација.- Бујар Османи, министер за надворешни работи Османи не одговори прецизно дали е оправдан впечатокот во дел од јавноста дека институциите не се меѓусебно усогласени како да се координират за чествувањето на Гоце Делчев. Единствено посочи дека тие координации веќе се одвиваат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Шоу бизФото: Холивудски пар воодушеви во ТоронтоХоливудската ѕвезда, актерката Пенелопе Круз во кожа и тантела, нејзиниот сопруг, шпанската актерска ведета Хавиер Бардем не го трга погледот од неа, холивудски пар воодушеви во Торонто.Шпанските актерски ѕвезди Пенелопе Круз и Хавиер Бардем блеснаа на премиерата на филмот „Бункер“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што ги толкуваат главните улоги. Двојката, која важи за еден од најхармоничните парови во Холивуд, повторно привлече внимание на црвениот тепих, само неколку дена откако заедно блеснаа на Филмскиот фестивал во Венеција. Пенелопе и Хавиер ги толкуваат главните улоги во филмот „Бункер“, поради што публиката со нетрпение го очекува неговото пристигнување во кината. Нивното заедничко појавување во Венеција, а потоа и во Торонто, дополнително го поттикна интересот за филмот, кој веќе се вбројува меѓу најочекуваните остварувања во кои славните сопружници играат заедно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕвропаЕвропскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка Афродити ЛатинопулуЕвропскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка во Европскиот парламент и лидерка на партијата „Гласот на разумот“, Афродити Латинопулу.На 15 септември 2026 година, Европскиот парламент гласаше за укинување на имунитетот на грчката пратеничка во Европскиот парламент и лидерка на партијата „Гласот на разумот“, Афродити Латинопулу, со што се овозможува продолжување на правната постапка во Грција во врска со наводите поврзани со потписите за основање на нејзината партија. Со оваа одлука се укинува парламентарната заштита во однос на постапката опфатена со барањето. Таа не претставува утврдување вина и не го прекинува автоматски нејзиниот мандат како пратеник во Европскиот парламент. За што се работи во случајот со потписите Случајот се однесува на поплаки во врска со потписите поднесени при основањето на политичката партија на Латинопулу, „Гласот на разумот“ (на грчки: „Foni Logikis“). Во поплаките се тврди дека дел од потписите во документите за основање биле фиктивни или фалсификувани. Прашањето дали овие наводи се основани е во надлежност на грчките правосудни органи, а не на Европскиот парламент. Латинопулу јавно побара укинување на нејзиниот имунитет уште неколку месеци пред гласањето. Во писмото од 15 јануари 2026 година упатено до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола – кое беше објавено на веб-страницата на нејзината партија – таа изрази уверување дека непристрасната судска постапка ќе ја потврди нејзината невиност. Таа исто така изјави дека не сака парламентарниот имунитет да биде пречка за судската проверка. Извор: GreekreporterТагови: Афродити Латинопулу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМал авион падна во Хрватска Мал авион со едно лице се урна нешто по 10 часот претпладне во Роковци, во близина на Винковци, Хрватска.Според неофицијални информации, пилотот е повреден, а авионот завршил во поле со пченка покрај пистата. На местото на несреќата се упатени сите служби за итни интервенции. Испратен е и хеликоптер за итна медицинска помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29