Николовски: Изборите се решение и гаранција за поефикасно справување со последиците од кризата,тоа е одговорно и државнички

Заедно со кандидатите за пратеници од Изборната единица 3 денеска имавме координативен состанок со Регионалниот изборен штаб, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

Разговаравме за справувањето со коронавирусот, за мерките за заштита на граѓаните  и потребата од избори најдобро што може.

Изборите се потребни заради целосна подготвеност на државата пред вториот бран на вирусот наесен, заради заштита на здравјето, рестарт на македонската економија но и целосно функционални институции.

Изборите се решение! Тоа е нашата порака!

Решение затоа што ќе им дадат полн легитимитет на законодавната и извршната власт, на ново Собрание и Влада.

Решение затоа што ќе создадат простор за подобра и понавремена подготовка пред вториот бран на вирусот наесен.

Решение кое гарантира најголема заштита на здравјето на граѓаните и најдобри услови за рестарт на економијата. 

Никој не знае колку ќе биде голем и какви последици би донел тој нов бран на коронавирус на есен, за што предупреди и Светската здравствена организацијата.

Затоа сега е моментот, кога ситуацијата ја држиме под контрола. 

На државата на граѓаните и се потребни институции, функционално Собрание, политичка Влада  со пренесен легитимитет од граѓаните.

Така, државата уште подобро би се справила со тоа што не чека на есен.

Здравјето и животот  на луѓето се најважни. Но, важна е и економијата, важни се и останатите сектори.

Колку пократко трае оваа состојба ,толку побрзо ќе се вратиме во нормала.

Затоа, изборите се решение!

Уверени сме, институциите ќе ги обезбедат сите превентивни мерки за 100% заштита на граѓаните на денот на гласањето, ќе имаме 100% безбедно гласање.

Веќе 18 држави соопштија дека ќе одат на избори пред летото. Сите држави кои имаат избори оваа година ги закажуваат во овој период, затоа што тоа е одговорно, државнички.

Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември, се опасни за здравјето и всушност се предлози да нема воопшто избори туку да се создаде Уставна криза.

Ние како одговорни луѓе тоа нема да го дозволиме.

Мицкоски од сите страни е веќе виден како неодговорен и незрел политичар, тоа го велат граѓаните.

Ничија политичка кариера не може да биде поважна од граѓаните и нивната сигурна иднина, рече Николовски.

притисни ентер