Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид - Канал 5

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

Во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

За околку два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи.

Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е за прв пат од неговата изградба и треба да овозможи зголемување на капацитетот на патници и бројот на нови авиолинии.

“Реконструкцијата и надградувањето на охридскиот аеродром е нешто што долго време му требаше на аеродромот и еве конечно се случува. Некаде за два месеци од денес ќе имаме аеродром кој што ќе изгледа како вчера да се изградил, целосно ново решение, проширување на терминалната зграда, проширување на делот за слетување, проширување на делот за полетување, значи за патници на доаѓање, патници на заминување што дополнително ќе значи голем економски стимул. Ако на тоа го ставиме и автопатот Охрид-Кичево, делот кој што води до аеродромот, гледате дека веќе е завршен, за брзо време ќе имаме отварање на нови делници од овој автопат, тоа значи една целосна преродба за целиот регион. Би сакал тука да се заблагодарам на Изведувачите за одличната работа тука на аеродромот и за работата на популарната Воена болница, градската болница во Скопје, каде што за прв пат се случи реконструкција по нејзината градба и во моментов имаме најмодерна болница буквално од Атина до Виена” истакна Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредени

Едно лице загина, а десет други се повредени синоќа во францускиот град Кан, откако возач намерно со автомобил удри во пешаци пред железничката станица. 

Видео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредени

Локалните власти го потврдија инцидентот во северна Франција, пренесува Ројтерс.

„Последиците се тешки. Имаме еден загинат; седум лица се во критична состојба, а тројца се сериозно повредени, но не им е загрозен животот“, изјави за новинарите Давид Клавиер, префект на департманот Калвадос.

Префектот потврди дека возачот бил уапсен кратко по нападот. Според достапните информации, мажот е роден во Русија и претходно не им бил познат на разузнавачките служби. Мотивите на напаѓачот засега остануваат непознати.

Во тек е полициска истрага која опфаќа детална анализа на снимките од безбедносните камери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ѝ продаваат ракети на Јужна Кореја. Пјонгјанг најавува силен одговор

Северна Кореја ја осуди одлуката на САД да ѝ продадат ракети на Јужна Кореја и најави силен и итен одговор на непријателските потези на Вашингтон. 

САД ѝ продаваат ракети на Јужна Кореја. Пјонгјанг најавува силен одговор

Овие пораки беа пренесени од севернокорејската државна агенција KCNA, пренесува Ројтерс. Оваа реакција од Пјонгјанг доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно го повикува севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на средба.

Трамп претходно овој месец изјави дека Ким одговорил на неговиот предлог, но аналитичарите велат дека официјален Пјонгјанг не покажува голем интерес за продолжување на разговорите.

„Уште еднаш се уверивме во отворено непријателскиот став на САД кон ДПРК“, се вели во изјавата на портпаролот на министерството, објавена од агенцијата KCNA. ДПРК е кратенка за Демократска Народна Република Кореја, официјалното име на Северна Кореја.

Реакцијата се однесува на одлуката на Стејт департментот на САД за можна продажба на тактички ракети „AIM-9X Sidewinder“ и придружна опрема на Јужна Кореја.

Пјонгјанг ја смета оваа зделка, вредна 125 милиони долари (107,25 милиони евра), за нова закана по својата безбедност. Северна Кореја, исто така, упати критики кон планот на САД за финансирање на документирањето на состојбата со човековите права и собирањето информации за земјата.

Тие тврдат дека тоа е дел од кампања насочена кон дестабилизација на нивниот општествен систем.

Портпаролот истакна дека оваа година Вашингтон веќе одобрил продажба на различни системи за вооружување на Јужна Кореја, како што се напредни тактички ракети, поморски и борбени хеликоптери, како и прецизни бомби. Тој додаде дека со тоа САД го охрабруваат Сеул да ги зајакне своите борбени капацитети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу претстави и гостувања во новата театарска сезона на Битолскиот театар

Со богат и разновиден репертоар, Народен театар Битола ја отвора новата театарска сезона во септември.

Многу претстави и гостувања во новата театарска сезона на Битолскиот театар

Публиката ја очекуваат претстави што екипата на Народен театар Битола ги создаде со љубов, претстави што веќе бројните посетители ги познаваат и сакаат, но и нови сценски приказни кои допрва ќе ги откриваме заедно.

Септември носи многу театар, многу приказни и многу причини повторно да се сретнеме во Битолски театар. Оваа сезона повторно ја создаваат за нивната верна публика, без која театарот не постои. На сцената нè очекуваат „Едмонд“, „Госпоѓа Бовари“, „Странецот“, „Унна“ - гостување на Ѕвездара театар од Белград,Србија, „Ричард III“, „Пламенка“, „Пинокио“, „Жиголо“, „На отворено море“, „Кориолан“ и „Секстет“.

Септември во НУ Народен театар Битола носи нови средби, големи приказни, врвна актерска игра и претстави како и гостувања што остануваат долго по последниот аплауз. Па така на 10 септември во Битола гостува „Ѕвездара театар“ од Белград со претставата „Унна“,а на 11 септември „Едмонд“ ќе биде изведена во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица. На 18. септември „Пинокио“ гостува во ТФД „Силјан Штркот“ во Прилеп, а на 25 септември е предвидено гостување со „Кориолан“ на „Magical Nights in Bitrint“ во Саранда, Албанија.

Нека започне новата театарска приказна.

Ве очекуваме во Народен театар Битола.

Билетите можете да ги набавите онлајн, на следниот линк:👇

https://narodenteatarbitola.com/buy-tickets-repertoire/

Репертоар:

„ЕДМОНД“

Дејвид Мемет

Режија: Оливер Мицевски

3 септември, 20:00 ч.

4 септември, 20:00 ч.

11 септември, 19:30 ч. – ФКТ „Ристо Шишков“, Струмица

„ГОСПОЃА БОВАРИ“

Густав Флобер

Режија: Дејан Пројковски

7 септември, 20:00 ч.

9 септември, 20:00 ч.

„СТРАНЕЦОТ“

Адаптација и режија: Дамјан Читкушев

10 септември, 18:00 ч.

„РИЧАРД III“

Вилијам Шекспир

Режија: Мартин Мирчевски

12 септември, 20:00 ч.

„ПЛАМЕНКА„

Петре Димовски

Режија: Софија Ристевска Петрушева

14 септември, 20:00 ч.

21 септември, 20:00 ч.

„ПИНОКИО“

Карло Колоди

Режија: Деан Дамјановски

15 септември, 11:00 ч.

16 септември, 11:00 ч.

18 септември, 12:00 ч.ТФД.„Силјан Штркот“ Прилеп

„ЖИГОЛО“

Игор Кузмановски

Режија: Благој Мицевски

17 септември, 20:00 ч.

„НА ОТВОРЕНО МОРЕ“

Славомир Мрожек

Режија: Благој Мицевски

22 септември, 20:00 ч.

„СЕКСТЕТ“

Марк Камолети

Режија: Марјан Георгиевски

29 септември, 20:00 ч.

30 септември, 20:00 ч.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер