МакедонијаНиколоски: Во новата 2026 година влегуваме со зголемено темпо и уште повеќе проекти за МакедонијаВицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, ја честита Новата 2026, порачувајќи дека во новата година „влегуваме со зголемено темпо и уште повеќе проекти за Македонија“.- Погледнете осврт на одличната 2025 година, со многу започнати и завршени проекти. Во новата 2026 година влегуваме со зголемено темпо и уште повеќе проекти за Македонија! Имајте убава, среќна и весела 2026 година, напиша на Фејсбук вицепремиерот Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во АеродромДенес во 10:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром.Предвидено е тој да даде изјава за медиумите.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГраѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздухГраѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево повикува на марш за чист воздух и прекин на практиката на толерирање на застарени гранични вредности за воздухот.Маршот ќе почне од собранието во 18 часот, а ќе заврши пред министерството за животна средина кое е задолжено за издавање на а-интергрираните дозволи. Според „Стоп за Усје“, цементарница Усје бара обнова на дозволата за работа без никакви промени во однос на дозволата од 2020 година. Министерот за животна средина Муамет Хоџа неодамна во телевизиско гостување демантираше дека цементарница Усје ќе добие дозвола по старите правила. Усје уште сега ќе ги имплементира најновите и построги еколошки стандарди, иако новиот закон за индустриски емисии стапува на сила дури во септември 2027 година. Истото ќе важи за сите оператори кои поседуваат а интегрирана еколошка дозвола, изјави Хоџа.Тагови: Усје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес– 23 јуни 2026 година, вторник, на свечена церемонија со почеток во 12:00 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“.Проева се одликува за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка. Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook