Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија - Канал 5

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

Во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што овозможуваме изградба на Дата центри во Македонија што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП.

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

Во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што овозможуваме изградба на Дата центри во Македонија што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот:

"Би сакал да ја информирам јавноста околу новите законски измени што ги подготвува Министерството за транспорт со кои ги следиме најновите светски трендови во развој на Дата центри. Со развој на вештачката интелегенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачка интелегенција, Дата центрите стануваат нивна неопходност и поддршка. Македонија тука треба да води паметна политика и да привлече инвеститори кои ќе инвестираат во големи Дата центри. За да го овозможиме тоа потребни се законски измени за урбанизирање вакви центри и начин на нивна градба. Планираме да се направи тоа централизирано и во рамки на Владата да се води целиот процес со цел кога ќе доаѓаат потенцијалните инвеститори да имаат веќе спремни локации и проекти на кои ќе можат да инвестираат. Тоа ќе значи стотици милиони евра за Македонија нови вработувања и раст на БДП. За таа цел правиме измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење кои се во финална фаза со кои што овозможуваме Дата центри да се градат во Македонија на организиранначин и тоа да значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП и да ги следиме светските трендови во развојот на вештачката интелегенција" изјави вицепремиерот Николоски.

Министерство за транспорт

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот на Пакистан: Постигната е финалната верзија на договорот

Конфликт на Блискиот Исток – Ден 105. Шехбаз Шариф, премиерот на Пакистан, изјави дека е постигната финалната верзија на мировниот договор.

Премиерот на Пакистан: Постигната е финалната верзија на договорот

„Можеме да потврдиме дека е постигната финалната и договорена верзија на мировниот договор и дека Пакистан сега тесно соработува со двете страни за да ги финализира следните чекори“, рече тој, додавајќи ја конфузијата околу можноста за потпишување на мировен договор во Женева во недела.

„Мирот никогаш не бил поблиску отколку што е сега.“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја добиле војната во Иран и дека не им е потребна помошта од Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Москва: Вонземјаните одговорија на нашите молби

Вонземјаните полека, но сигурно работат на обезбедување оставка на британскиот премиер Кир Стармер, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка, Кирил Дмитриев.

Москва: Вонземјаните одговорија на нашите молби

„Пред два дена ги замолив вонземјаните да му помогнат на човештвото да обезбеди оставка на Стармер. Се чини дека вонземјаните работат на тоа полека, но сигурно“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа „X“, коментирајќи го медиумскиот извештај за изјавата на лидерката на Конзервативната партија, Камил Бејднок.

Во статијата, Бејднок тврди дека британските вооружени сили ја изгубиле довербата во премиерот.

Според неа, времето на Стармер истече.

Претходно, Дмитриев ги повика вонземјаните да помогнат да се убеди британскиот премиер да поднесе оставка. Според него, на Стармер треба да му се каже што луѓето мислат за него и да му се даде до знаење дека со неговата оставка може да ѝ даде надеж на западната цивилизација.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

Во Народната канцеларија во Скопје, денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“.

Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

На средбата присуствуваа Владо Томески, претседател на здружението, Петар Јанчевски, Мики Ристовски и Сашко Голубовски.

Според нив, Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, од 2002 година, селективно се применува од страна на институциите на централно и локално ниво.

Поради тоа, тие се соочуваат со дискриминација во остварувањето на законски утврдените права врзани со вработувањето, напредувањето, бесплатните здравствени услуги и бесплатното факултетско образование за нивните деца.

Тие ја информираа претседателката дека не се спроведуваат дури ни правосилните судски пресуди, донесени во нивна корист.

Претставниците на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“ укажаа на потребата од измена и дополнувања на законот, за нивните посебни права, заради прецизирање на решенијата и унапредување на нивните бенефиции.

Според Сиљановска-Давкова, укажувањата и забелешките на бранителите заслужуваат должно внимание од надлежните институции, како и почитување на еднаквата примена на законот за сите.

Таа вети дека Кабинетот ќе ги информира надлежните органи за презентираните проблеми, укажувајќи на нужноста од почитување и спроведување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, како и пресудите.

За претседателката, придонесот на бранителите не смее да биде заборавен ниту занемарен, туку мора да се почитува и валоризира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер