Николоски: Со ребалансот се подобрува стандардот на граѓаните,

Николоски: Со ребалансот се подобрува стандардот на граѓаните, за нови мерки 4,7 милијарди денари, за вработување 1,9 милијарди денари

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедуваат средства за подобрување на стандардот и условите за живот на граѓаните во услови на најголема глобална економска криза. За нови таргетирани мерки наменети за финансиска помош на оние на кои им е најпотребна, се обезбедуваат средства во износ од 4,7 милијарди денари. Средствата за активни мерки за нови вработувања се зголемени за три ипол пати споредбено со 2016 година, односно од 521 милион денари на 1,9 милијарди денари, истакна заменик министерот за финансии, Филип Николоски образложувајќи го ребалансот на Буџетот за 2022 година.

Истовремено, во време на глобална економска криза, нагласи заменик министерот Николоски, потребно е рационално користење на средствата од Буџетот и штедење онаму каде што има можност. Со ребалансот на Буџетот средствата за материјали и ситен инвентар се намалени за 171 милион денари, додека средствата за купување нови возила се скратени за 107 милиони денари.

Говорејќи за стандардот на граѓаните Николоски рече дека за тоа најдобро говорат податоците за континуираното зголемување на нето платата, како и податоците за зголемување на средствата за пензии.

– Просечната нето плата за само четири месеци од годинава се зголеми за 10 проценти, што целосно го покрива порастот на инфлацијата во овој период од годината. Согласно последниот објавен податок од Државниот завод за статистика, во април просечната нето плата изнесува 31.525 денари, потенцира заменик министерот Николоски и притоа додава дека можеби и тоа не е доволно, но важно е што има континуиран раст.

Просечната нето плата бележи раст од 41 процент во споредба со 2016 година кога истата изнесувала 22.342 денари.

Притоа заменик министерот нагласи дека здравствените работници, просветните работници односно вкупно над 90 илјади вработени во јавниот сектор, добија или ќе добијат повисоки плати во година на најголема светска економска криза.

Воедно, како што рече, продолжува грижата и за пензионерите и подобрување на нивниот стандард, при што средствата за пензии во Буџетот се зголемени за 33% во однос на 2017 година и истите со ребалансот изнесуваат 68 милијарди денари.

Со ребалансот на Буџетот се зголемуваат и средствата за трансфери кон општините, се со цел подобрување на условите за живот во сите општини. Така, во 2017 година транферите кон единиците на локална самоуправа изнесувале 17 милијарди денари, а со ребалансот истите изнесуваат 23 милијарди денари или 6 милијарди денари повеќе. Само со ребалансот за 2022 година, нагласи Николоски, се обезбедуваат нови дополнителни над 800 милиони денари кон општините.

Притоа, како што рече, за движењето на економијата, јасно говорат и податоците за Бруто домашниот производ во апсолутен износ. Така ако БДП во 2016 година изнесувал 9,6 милијарди евра, во 2022 година истиот е проектиран на 13,1 милијарди евра, што е раст за 36,5 проценти односно за цели 3,5 милијарди евра.

Министерство за финансии

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер