Николоски: Потпишан Договор за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на автопатот Скопје - Блаце - Канал 5

Николоски: Потпишан Договор за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на автопатот Скопје - Блаце

Автопатот е дел од стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот.

Николоски: Потпишан Договор за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на автопатот Скопје - Блаце

Автопатот Скопје -Блаце е важен чекор во реализацијата на стратешката визија Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница на Балканот. Тој е дел од транс-европската рута 6, која Македонија ја поврзува со Косово, со пристаништата во Албанија и Црна Гора и што го прави значаен во аспект на трговија, бизнис и развој на туризмот, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на потпишувањето на Договорот за инвестициски грант меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој.

Грант средствата во вредност од 30,8 милиони се обезбедени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан - ВБИФ.

„Навистина е убаво кога почнуваат нови проекти и денеска сме на почеток на еден нов проект, а тоа е изградба на едно автопатско решение кое треба да оди по Трансевропската рута 6, која ќе ги поврзе Скопје и Приштина, а понатаму ќе продолжи кон Тирана и Драч, како и кон Бар. Со тоа, кон Скопје се отвора уште едно пристаниште и уште една можност за трговија, бизнис и развој на туризмот“, изјави Николоски.

Тој нагласи дека проектот е конкретна реализација на визијата, што како што рече, поставена од премиерот Христијан Мицкоски во јуни 2024 година – Македонија да ја искористи својата стратешка позиција на Балканот, каде што се вкрстуваат паневропските коридори 8 и 10, како и другите регионални транспортни правци.

„Без разлика што немаме излез на море, на овој начин државата може да стане стратешки најважна точка на Балканот, преку која ќе се вкрстуваат бизнисот, трговијата, туризмот и економската размена. Токму реализацијата на овој проект е конкретна поддршка на таа визија“, потенцира Николоски.

Тој информираше дека рокот за изградба е четири години, но изрази очекување работите да завршат и пред предвидениот рок.

„Особено ме радува што по долги години, би рекол и децении, игнорирање на домашната градежна оператива, избраниот изведувач е домашната компанија ГРАНИТ. Со тоа покажуваме дека македонските компании имаат капацитет успешно да реализираат големи инфраструктурни проекти“, истакна Николоски.

Вицепремиерот упати благодарност до премиерот Мицкоски, вработените во Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, како и до Европската Унија и Европската банка за обнова и развој за заедничката посветеност во реализацијата на проектот.

Автопатот Скопје -Блаце е во должина од 10,5 км, претставува инженерски предизвик, каде на трасата ќе се изградат околку четириесетина објекти.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Дончиќ до противникот „Не можеш да ме чуваш, п***о!“

Погрдни зборови го одбележаа мечот во Лос Анџелес. Дончиќ брутално го прозва дебитантот, а потоа му покажа кој е главен! Камерите снимија сè!

Видео-фото: Дончиќ до противникот „Не можеш да ме чуваш, п***о!“

Вербалната пресметка меѓу големата НБА ѕвезда Лука Дончиќ и младиот Џаксел Ландеборг го одбележа дуелот меѓу Лејкерс и Голден Стејт Вориорс, а она што започна како вербална конверзација на паркетот, прерасна во вистинска војна со зборови која продолжи и по натпреварот.

Сè започна кон крајот на втората четвртина, кога Ландеборг, кој беше задолжен да го чува Дончиќ, влезе во расправија со една од најголемите ѕвезди во лигата.

Лука изнуди фаул, а потоа, според снимките и извештаите од натпреварот, му рече на својот млад ривал:

– Не можеш ти, (пи..ко) копиле едно, да ме чуеш! Потоа, Дончиќ почна да плеска со рацете, ставајќи до знаење дека провокациите воопшто не го вознемируваат. Ландеборг набргу заврши на клупата, но тоа не беше крајот на нивната пресметка.

Откако постигна кош преку противнички играч, Дончиќ се сврте кон клупата на „Вориорс“ и продолжи да го провоцира Ландеборг, повикувајќи го да се врати на теренот.

– Врати се, кучко(пи..о) Тренерот Стив Кер се обиде да ја смири ситуацијата, но тензиите не стивнаа.

Ситуацијата кулминираше кон крајот на полувремето, кога на Ландеборг му беше досудена техничка грешка поради фрлање кон словенечкиот ас. Сепак, по натпреварот, Дончиќ нагласи дека овој пат не возвратил вербално и дека сакал да избегне непотребни технички грешки.

YouTube video

– Тој многу зборуваше. Но, јас не одговорив ништо и сакам така да биде во текот на целата сезона. Не сакам да добивам технички грешки. Ова е првпат да нема обострана техничка грешка, бидејќи јас не кажав ништо – објасни Лука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП

Државниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП во вториот квартал од 2026 година, соопшти статистичката служба на ЕУ – Евростат.

Државниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП

Во парична вредност, владите во еврозоната должат околу 14,4 трилиони евра.

Италија и се приближува на Грција која е најзадолжената земја-членка со долг од 140% од БДП-то, додека зад нив е Франција чиј долг се искачи на 119%. Според правилата на ЕУ, долгот не треба да надминува 60% од БДП, а годишните буџетски дефицити не треба да надминуваат 3%. Меѓутоа, според Евростат, комбинираниот дефицит на владите во еврозоната е зголемен и изнесува 3,3% од БДП-то во вториот квартал од годинава. Минатата година, 12 земји-членки имаа долг над границата од 60 % утврдена од ЕУ, а 11 земји забележаа дефицити од 3 % или повеќе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија

Се најавува нов бран поскапувања и нов удар врз семејните буџети со повисоки сметки за струја и парно од Нова година. 

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати,  граѓаните тонат во сиромаштија

МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струјата од јануари 2027 година, се споменува и новото поскапување на парното, трето по ред годинава.

Трошоците за живот од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари.

Вкупната потрошувачката кошничка во октомври надминува 70.000 денари, а со кирија достигна над 90.000 денари.

Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.

Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.

Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. Минималната плата не мрда од 26 илјади денари.

33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата.

Граѓаните имаат крпен живот - одат на работа, вложуваат труд, а се повеќе осиромашуваат.

До ова дно ги донесе Мицкоски. Одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Ја одби секоја мерка на СДСМ за да им помогне на граѓаните да се справат со овие ценовни шокови.

Наместо да ги зголеми платите арамијата Мицкоски размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници, а Мицкоски зголемува на над 100.000.

Ова е смислена политика, ова е одлука.

И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците.

Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации.

Прес-конференција на СДСМ, Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер