Николоски: Македонија ќе го добие првиот „Смарт“ автопат во регионот – од граница со Србија до граница со Грција - Канал 5

Николоски: Македонија ќе го добие првиот „Смарт“ автопат во регионот – од граница со Србија до граница со Грција

Минатата година низ автопатот Е-75 поминале над 10 милиони луѓе, а целта на Владата, како што посочи вицепремиерот министер за транспорт и врски Александар Николоски, е максимално да се искористи потенцијалот на коридорот .

Николоски: Македонија ќе го добие првиот „Смарт“ автопат во регионот – од граница со Србија до граница со Грција

Минатата година низ автопатот Е-75 поминале над 10 милиони луѓе, а целта на Владата, како што посочи вицепремиерот министер за транспорт и врски Александар Николоски, е максимално да се искористи потенцијалот на коридорот а со тоа да се задржат што повеќе туристи кои транзитираат преку земјава. За таа цел, Николоски најавува воведување интелигентни транспортни системи со кои автопатот Е-75 ќе стане прв „смарт“ автопат во регионот, а проектот се очекува да се реализира идната година.

-Македонија прва во регионот ќе има смарт автопат од граница со Србија до граница со Грција, нешто што во моментов ни Србија го има на нивна страна, ни Грција по Коридор 10, се надевам дека ќе не следат. Во реално време ќе може да се следат временските услови на автопатот, да се следи густината на сообраќај, ќе може да се предвидува со која брзина се вози, доколку има несреќи доколку е затворен патот кој е протокот. Да не зборувам за мали алатки како бесплатен интернет, електрични полначи кои ќе ги има по целиот коридор,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Заедно со министерот за култура Зоран Љутков, Николоски на панел дискусија посветена на автопатот Е-75 најави и олеснување на постапката за изградба на нови хотели долж автопатот, а информираше и дека Владата усвоила одлука за урбанистичко решение на локалитетот Стоби. Министерот за култура Зоран Љутков пак додаде дека ќе бидат поставени и дигитални табли кои ќе ги насочуваат туристите кон културните содржини и локалните бизниси во земјава.

-Кога нудите едни вакви добри услови и едно паметно автопатско решение тогаш и самите општини и градови кои се наоѓаат покрај автопатот и самите локални бизниси, винариите и националните установи кои што се наоѓаат таму во делот на културата имаат поголема мотивација да вложуваат во своите бизниси,- Зоран Љутков – министер за култура .

Николоски најави и изградба на брза пруга од Скопје до Солун, а покрај Коридорот 10 посочи дека интензивно се работи и на изградба на Коридорот 8. Кажа дека во тек е рехабилитацијата на обиколницата Крива Паланка, како последна точка со поврзување со Бугарија, како и на реконстукција на граничниот премин Деве Баир. Николоски кажа дека со цел побрзо патување помеѓу Скопје и Софија, очекува слична активност и од бугарска страна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“

Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. 

Почина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“

Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата.

Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга.

Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот.

„Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот.

Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Во четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 главица кромид

1 домат

150 гр. свежи печурки

1 зелена лута пиперка

100 гр. кашкавал

малки мајонез

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Теодора Евтимовска-Бојковска е предложена во Собранието за нова судијка во Уставниот суд

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. 

Теодора Евтимовска-Бојковска е предложена во Собранието за нова судијка во Уставниот суд

Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот.

Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година.

Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер