ВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации
2ВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации
МакедонијаНиколоски: Креираме нов едношалтерски систем и поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на Николоски: Креираме нов едношалтерски систем и поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претседаваше со Комитетот за управување со Националниот едношалтерски систем, кој го усвои Предлог законот за едношалтерска околина, нов закон со кој треба да се обезбеди збир на едношалтерски услуги кои ги обезбедуваат 15 институции во делот на увозот, извозот и транзитот на стока. -Целта на оваа регулатива е да се олесни трговијата преку рационализација на процесите при апликација и издавање на дозволи, нивната обработка и процесот на царинење на стоките при увоз, извоз и транзит низ државата, информираат денеска од Министерството за транспорт. Исто така, додаваат, со Законот се постигнува интероперабилност, односно размена на податоци меѓу сите инститиуции на национално ниво, подобра соработка како и координирани активности во рамки на овој систем. -Законот има за цел да направи и услогласување со европската регулатива, како и целосно усогласување со нецаринските системи во земјите од ЦЕФТА. Република Македонија е дел од проектот за олеснување на транспортот и трговијата во земјите од Западен Балкан каде една од компонентите е имплементацијатa на овој Нов Национален Едношалтерски Систем што подразбира целосна замена на тековниот систем за управување со дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки со нов систем, нагласуваат од Министерството. Во рамките на оваа активност, преку Проектната единица во рамки на самото Министерство е во фаза на подготовка на тендерска документација за нова електронска “Платформа за дозволи" како и хардверска опрема, која се очекува да биде распишана во мај оваа година. Овoj софтвер подразбира дека во иднина сите дозволи за увоз, извоз и транзит како и плаќањето, ќе се одвива по електронски пат на една точка. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Владата има пари за авион - нема за плати!Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните.Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава“. За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со безбедна вода. Се мери со нов авион за Мицкоски. „Третата економија во Европа“ на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра. За нов владин авион – има. Се може да почека само авионот не може. Граѓаните во Гостивар 5 недели да чекаат на вода. Анализите за водата во Гостивар да почекаат. Работниците со минимална плата да чекаат. Потрошувачката кошничка од 70.000 денари да почека. Дизелот од 100 денари да почека. Земјоделците со нјаниски откупни цени да почекаат. Само авионот не може да чека. Велат, авионот бил потребен за ЕУ, за инвеститори и за функционерите да не губеле време на редовни линии. За Гостивар имаа време. Додека илјадници граѓани се соочуваа со здравствената криза, Мицкоски имаше време за одмор и екскурзија. А сега нема време да патува со редовна линија и да седи во економска класа. Оваа власт ги намали странските инвестиции за над 60% за 2 години, да и беше за инвестиции ќе ги зголемеше. Сериозна држава е држава која прво обезбедува безбедна вода за своите граѓани. Сериозна држава обезбедува достоинствени плати, функционално здравство и институции што работат. Сериозна држава не слави додека илјадници граѓани завршуваат во болница. Но тоа не се приоритетите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Нивниот редослед е јасен: Прво луксуз за нив, потоа изговори за граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинацииСо новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид.Најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко. Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро и Палермо. Од Охрид пак, новите линии ги поврзуваат граѓаните со Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена. Подобрата поврзаност е важна и за економијата. Поголемиот број директни линии може да придонесе за развој на туризмот, особено во Охрид, но и за полесно поврзување на домашните компании со странски партнери и пазари. Проширувањето на авиомрежата е дел од заложбите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поголема мобилност, повеќе можности и посилно поврзување на Македонија со Европа и светот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаТретиот ден од карпошовото културно лето започна со урбана уметностВчера, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. Третиот ден од Карпошовото културно лето започна во знакот на урбаната уметност и проектот „По таму, сонот…“, во чии рамки ликовната уметничка Калина Брајковска започна со изработка на мурал на бараките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ). Со осликувањето на четирите бараки на оваа високообразовна институција, јавниот простор ќе добие ново ликовно и уметничко обележје, збогатувајќи го урбаниот амбиент на Карпош и Скопје. Додека уметницата работеше на муралот, посетителите уживаа во музичката програма и пријатната атмосфера. На почетокот на создавањето на муралот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој и самиот се приклучи во уметничкиот процес и учествуваше во цртањето Вчера, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. Во опуштена атмосфера под отворено небо, карпошани од сите генерации уживаа во филмската вечер. Карпошовото културно лето продолжува со богата програма, добра забава и содржини за сите генерации! ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter