Александар Николоски избран од Советот на Европа за известител за БиХ - Канал 5

Александар Николоски избран од Советот на Европа за известител за БиХ

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше дека тој е избран од Советот на Европа за известител за БиХ и потенцираше дека за него тоа е огромна чест и дека тоа е резултат на негов личен напор.

Александар Николоски избран од Советот на Европа за известител за БиХ

-Навистина е една посебна чест да прв пат на било кое ниво, било кој политичар од Македонија, кај мене дополнителен квалитет е што сум и политичар од опозиција, тоа е неколку пати потешко да стигнете до било која позиција отколку доколку владата стои позади вас, значи за мене не лобира ни амбасада, ни дипломатија и така натака, туку е личен напор. Значи за прв пат се случува да политичар од Македонија да е известител за било кое ниво, за било која држава во Европа. Јас ја имам таа чест, таа привилегија да Советот на Европа ме овласти да бидам известител за БиХ, тоа не е мала работа. Имајќи предвид дека БиХ е една од најжешките точки во Европа, таму војната за среќа заврши во 90-тите години, но конфликтот никогаш не престана, и тоа е еден активен конфликт, меѓународната заедница има многу значајна улога во одржувањето на државата каква-таква, рече Николоски.

Потпретседателот Николоски во текот на своето гостување потсети дека во БиХ има висок претставник кој што го именуваат Обединетите нации, тоа е Христијан Шмит.

-Да не заборавиме дека во БиХ има висок претставник кој што го именуваат Обединетите нации, кој што е еден вид гувернер на државата. Тоа е во моментот господинот Христијан Шмит кој што меѓу другото е и трет човек на Европската Народна Партија, кој најблиско кажано е одговорен за финансиите на ЕНП. Тој беше министер во неколку претходни влади, вели тој.

Николоски порача дека негова цел е што побрзо да се изработи извештајот за состојбата во БиХ.

-Така да една ваква чест да бидам известувач за Советот на Европа е огромна. Мојата цел е да што побрзо да изработиме извештај за состојбите во државата, имајќи предвид дека последниот извештај советот на Европа го има продуцирано 2018 година, потоа беше корона кризата, потоа се сменија неколку известители. Инаку принципот е секогаш двајца известители, народски кажано со „врзан потпис“ за да не може еден известител да е пристрасен, така што за секоја држава која што е под мониторинг има по два известители, така што јас сум еден од тие двајца известители и се надевам со колегата што побрзо да изработиме извештај. Нашата цел е ако е возможно веќе на пролетната априлска сесија да извештајот биде усвоен, додаде Николоски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови

Со претстојната промена на часовникот и пораното затемнување, од недела официјално влегуваме во годишното време кое носи со себе забележителна промена во дневниот ритам и потрошувачките навики на населението. 

Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови

Преминот кон таканареченото зимско сметање на времето традиционално го означува почетокот на сезоната во која фокусот на општествениот и економскиот живот се пренесува од отворените простори во топлината на домот, отворајќи нови полиња на раст за цела низа економски сектори.

Пазарните аналитичари истакнуваат дека раното затемнување делува како силен психолошки поттик за враќање на навиките поврзани со удобноста на домот. Од првиот работен ден во новиот ритам, се очекува значителен скок во користењето на платформите за стриминг и услугите за дигитална забава, бидејќи вечерните часови стануваат резервирани за филмови, серии и релаксација со семејството.

И тоа е првата неверојатна промена. Нема ни да забележите дека од тој ден всушност поминувате повеќе време пред екранот.

Заедно со е-забавата, апликациите за достава на храна и продавниците доживуваат најголем бум. Вечерите дома стануваат попрактичен и поудобен избор за многу граѓани, што отвора можност локалните ресторани и специјализираните услуги за достава значително да го зголемат обемот на работење за време на вечерните врвови.

Иако летните градини природно полека ги празни своите места со првиот самрак и посвежите вечери, угостителската индустрија доживува динамична трансформација, а не стагнација. Сопствениците на ресторани со нетрпение го поздравуваат пренасочувањето на гостите кон затворени простори, каде што топлите пијалоци, специјализираните менија и пријатните, интимни ентериери стануваат клучни средства.

Сезоната што претстои, со тоа, уште еднаш ја потврдува прилагодливоста на модерната економија, во која темнината не ја гаси потрошувачката, туку само ја пренасочува кон нови, поудобни и потопли текови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!

Честит Ден на македонската револуционерна борба!

Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!

Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меланија Трамп договорила привремено примирје меѓу Русија и Украина во градот Олешки

Белата куќа објави дека Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави, успешно обезбедила прекин на огнот меѓу Русија и Украина во градот Олешки.

Меланија Трамп договорила привремено примирје меѓу Русија и Украина во градот Олешки

„Русија и Украина се согласија привремено да ги суспендираат сите воени дејствија во градот за да се овозможи влез на хуманитарна помош и да се подготви за евакуација на цивилите преку одреден безбеден премин“, додаде Белата куќа.

Договорот ќе стапи на сила на 29 октомври.

Олешки е украински град на руско окупираната страна од реката Дњепар, спроти Херсон.

Откако руските сили го зазедоа во 2022 година, тој е сведен на урнатини и отсечен од светот.

Сепак, илјадници цивили, вклучувајќи деца, остануваат таму. Според извештаите, тие живеат без електрична енергија, вода за пиење и редовни залихи на храна.

Жителите потврдија за Скај њуз дека многу луѓе варат трева за да преживеат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер