Николоски: Инвестициите во железничкиот Коридор 10 е силна порака за идниот економски развој - Канал 5

Николоски: Инвестициите во железничкиот Коридор 10 е силна порака за идниот економски развој

Коридорот 10 е иднината на регионалната трговија и економското поврзување на Југоисточна Европа.

Николоски: Инвестициите во железничкиот Коридор 10 е силна порака за идниот економски развој

Коридорот 10 е иднината на регионалната трговија и економското поврзување на Југоисточна Европа, порача заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што денеска се одржува во Солун во присуство на високи претставници на Европската Унија, министри од замјите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции.

Николоски истакна дека заедничката определба на државите од регионот за инвестирање во железничкиот Коридор 10 претставува силна порака за идниот економски развој и дополнително ја потврдува стратешката важност на Македонија како раскрсница на два паневропски транспортни коридори.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски:

“Сметам дека самото тоа што Европската Унија го организира овој состанок на кој што ЕУ е претставена на највисоко ниво, преку Kомесарот за транспорт и мобилност, Апостолис Цицикостас, а тука на највисоко ниво се и владите на Грција, на Македонија, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, претставници иод Словенија, говори дека е јасна посветеноста да се развива инфраструктурата во регионот. Исто така јасно се поставија принципите и правилата, дека заеднички ќе вложуваме во изградбата на железничкиот Коридор 10. Тоа е иднината за развојот на трговијата и развојот на пристаништата во регионот и затоа ми е драго што покрај нашата држава, и Грција, и Србија, и Хрватска, дадоа јасна заложба дека ќе инвестираат во овој коридор, што уште повеќе ја истакнува важноста на нашата инвестиција во изградба на брза пруга. Коридорот 10 е економски најжив и најзначаен коридор и нешто што дополнително ќе и носи бенефит и економска оправданост на Македонија.

Ако на тоа додадеме дека веќе имаме автопат по Коридорот 10 од граница до граница, таму веќе одиме на модернизација. Имено, заедно со Светската Банка, работиме на воведување на Интелигентни Транспортни Системи, проект кој што очекувам да започне за брзо да се имплементира и исто така заедно со Светска банка работиме на подобрување и забрзување на системите кои што се поврзани со Царина. Кога сето ова ќе се стави во контекст, навистина денешниот ден е порака дека регионот има иднина и дека регионот ја задржува и ја надградува својата позиција, а Македонија особено, како раскрсница на два паневропски коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10, го добива своето геостратешко значење”-изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо се појави со модринка на окото: Немаше да се случи акo носев очила

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, се појави со модринка под десното око на вчерашниот пријателски натпревар против Шалке, клубот што го води тренерот на Босна и Херцеговина, Мирон Муслиќ. 

Мурињо се појави со модринка на окото: Немаше да се случи акo носев очила

Појавата на Мурињо привлече внимание по средбата во Гелзенкирхен.

Победа за Реал и подарок за Мурињо

Во натпреварот, Реал Мадрид убедливо го победи Шалке со резултат од 3:0. По средбата, Муслиќ и Мурињо се фотографираа, а португалскиот тренер доби соодветен подарок. Муслиќ му подари дрес на Шалке со натпис „Специјален“, познатиот прекар на Мурињо.

Објаснување за повредата

По натпреварот, Мурињо откри како ја заработил салото. Тој објасни дека станува збор за несреќа за време на тренинг, каде што топката го удрила во лицето и оставила видлива трага. „На тренинг, топката ме удри во лицето. Да немав очила, веројатно немаше да се случи. Можеше да биде полошо“, рече Мурињо.

Последна проверка пред новата сезона

Овој натпревар беше последниот подготвителен тест за двата тима пред почетокот на новата сезона. Натпреварот се играше и во чест на 25-годишнината од изградбата на стадионот на Шалке, Велтинс Арена. Хујсен, Мбапе и Еспи постигнаа голови за Реал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Синди Крафорд тврди дека врз неа бил извршен егзорцизам (ФОТО)

Актерката Каја Гербер откри дека нејзината мајка, супермоделот Синди Крофорд, како дете организирала егзорцизам врз неа.

Ќерката на Синди Крафорд тврди дека врз неа бил извршен егзорцизам (ФОТО)

Гербер за прв пат јавно проговори за тоа во подкастот „Mitch Churi Chat Show“, каде што беше гостинка со колегата Греам Кембел, пишува Entertainment Weekly.

Необично искуство од детството

За време на разговорот за соработката со продуцентот Рајан Марфи, Гербер рекла дека нејзината мајка Синди Крафорд ѝ дала света вода за снимањето на серијата „American Horror Story: Double Feature“. „Ми кажаа дека сум била опседната како дете“, објасни таа, додавајќи дека целиот свој живот се чувствувала како да е „прогонувана од духови“. „Се чувствувам како да привлекувам суштества од друга димензија на многу опуштен начин“, објасни таа.

Кога директно ја прашале дали навистина е извршен егзорцизам врз неа, Гербер одговорила потврдно. „Дали знаете како го изведоа? Свиреа диџериду над мене, така изгледаше“, откри таа и појасни дека станува збор за традиционален австралиски абориџински дувачки инструмент. Иако не даде повеќе детали, таа ја потврди автентичноста на настанот. „Навистина се случи. Никогаш не зборував за тоа“, заклучи таа.

Нова улога во серијата „The Shards“

Гербер моментално глуми во новата серија на Рајан Марфи „The Shards“, базирана на истоимената книга на Брет Истон Елис од 2023 година. Во подкастот, таа истакна дека нејзината улога во серијата била „сон“.

„Пораснав со „Glee“, гледав сè што правеше Марфи, дури се вратив и на „Nip/Tuck“. Навистина ја следам целата негова кариера и сè што создава ми изгледа совршено“, рече таа за соработката со познатиот продуцент.

Серијата „The Shards“ се одвива во Лос Анџелес во 1980-тите. Таа следи група привилегирани дипломци на елитно приватно училиште кои се соочуваат со прашања за идентитет, пол, љубомора, опсесија и опасностите што се кријат под површината на растењето во Америка.

За септемвриското издание на списанието „Вог“, Гербер зборуваше за носталгијата за времето пред интернетот, што е евоцирано во серијата. „Гледате „The Shards“ и копнеете по времето кога не сте биле на мобилен телефон, кога можевте да западнете во неволја, а следниот ден да не завршите на интернет“, рече таа.

Заедно со Гербер и Кембел, во екипата на серијата се и Хомер Гир, Хејс Ворнер, Еван Рејчел Вуд и Вес Бентли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Пожарот во прилепско Чаниште зафати куќи, нема жртви и повредени

Пожарот во близина на прилепското село Чаниште навлегол во населеното место, при што, според првичните информации, се зафатени неколку стари и напуштени куќи, а можно е да е зафатена и една куќа во која живеат луѓе.

Ангелов: Пожарот во прилепско Чаниште зафати куќи, нема жртви и повредени

Пожарот во близина на прилепското село Чаниште навлегол во населеното место, при што, според првичните информации, се зафатени неколку стари и напуштени куќи, а можно е да е зафатена и една куќа во која живеат луѓе, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов посочи дека пожарот бил пријавен преку системот 112 во 15:58 часот, а прилепските пожарникари добиле повик околу 13:30 часот за пожар на отворен простор во близина на селото, кое се наоѓа околу 35 километри од Прилеп.

Поради лошиот и кривулест пат, на пожарникарите им било потребно околу еден час да стигнат до селото. Во моментот кога пристигнале, пожарот веќе почнал да навлегува меѓу првите куќи и се ширел во најмалку три различни правци надвор од селото.

„Пожарот навлегол во селото од различни правци, што значи дека најверојатно е подметнат, бидејќи линијата на огнот била доста долга“, изјави Ангелов.

Тој информираше дека на терен се наоѓаат и околу 20 доброволци од Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола, кои помагаат во спречувањето на ширењето на огнот.

„Добро е тоа што нема повредени жители, нема повредени пожарникари“, рече Ангелов.

Тој апелираше до граѓаните да бидат особено внимателни и да пријавуваат секое сомнително однесување, нагласувајќи дека во изминатите денови се регистрирани голем број намерни палења.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер