Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8 - Канал 5

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8

Македонија и Бугарија ги дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8.

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8

Македонија и Бугарија ги дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот што го потпишаа денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, на железничката станица Ѓуешево.

Како што јави известувачот на МИА, Договорот за подготовка, изградба и оперативност на тунелот, што ќе биде меѓугранична точка на двете држави на Коридорот 8 за директната железничка врска меѓу Скопје и Софија, беше потпишан во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, САД, Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и на Светска банка. На церемонијата присуствуваше и амбасадорката на САД Анџела Агелер.

Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри, 1.189,30 метри на македонска територија, а 1.193,70 метри на бугарска.

- Договорот е сон на генерациите од двете страни на границата, нешто за што сме читале, за што се учело додека сме биле деца дека двете држави, двата главни града и Софија и Скопје треба да се поврзат со железничка врска, рече вицепремиерот Николоски, на церемонијата во Ѓуешево, најзападната и највисоко лоцирана железничка станица во Бугарија, на 933 метри надморска височина.

Караџов посочи дека овој ден е исклучително важен и оти се исполнува сон на многу генерации. - Отвораме, возобновуваме железница стара повеќе од 100 годони. Нам ни падна честа со Николоски да го реализираме овој проект, изјави Караџов.

Пругата Скопје-Софија, чија изградба е почната во 1994 година, се гради во три фази, а проценките на надлежните институции се дека со неа ќе се зголеми товарниот превоз за над 30 проценти, а патничкиот сообраќај за 20–25 проценти во првите години по изградбата. Завршена е изградбата и реконструкцијата на првата делница Куманово – Бељаковце во должина 30,8 километри (40,5 милиони евра). Во тек е изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце - Крива Паланка во должина од 34 километри и вредност од над 155 милиони евра, каде прогресот на работите е 35 проценти, а рокот за заврување е крајот на 2026 година. За третата делница од Крива Паланка до границата со Република Бугарија, која во продолжение ќе го опфати и тунелското решение, според најавите, следниот месец ќе се распише повикот за избор на изведувач. Изградбата на третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, во должина од 23,4 километри со планирани 22 тунели, од кои и меѓуграничниот, како и 52 моста, се смета за најголем предизвик.

Македонија и Бугарија, по повеќемесечен застој на крајот на јуни на министерско ниво постигнаа договор за придвижување на работите за железничкото поврзување. Следуваше состанокот на делегации на двете држави на 16 јули во Брисел на кој беа идентификувани приоритетите меѓу кои и повторно објавување на тендерот за работите на железничкиот дел помеѓу Крива Паланка и влезот на прекуграничниот тунел до крајот на годинава од страна на државава.

На западното крило на железничкиот Коридор 8, предвидена е изградба на пруга од Кичево до Лин, за што подготвен е и проект. Владата неодамна најави и проект за реконструкција на линијата Скопје -Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево во должина од 103 километри. Добиен е грант од ЕУ од 5,3 милиони евра за изработка на еколошка студија, физибилити студија и подготовка на тендерска докумeнтaција. Се очекува за две години да се избере изведувач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Укинување на забраната за нуклеарно оружје во Литванија?

Литванскиот парламент гласаше за укинување на уставната забрана за нуклеарно оружје во земјата, што претставува прво од двете гласања потребни за измена на уставот.

Укинување на забраната за нуклеарно оружје во Литванија?

За предложениот амандман гласаа 106 од вкупно 141 пратеник, а второто гласање е закажано за 12 јануари, пренесе Ројтерс.

За усвојување на амандманот е потребно двотретинско мнозинство при двете гласања.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа во јули изјави дека политичките партии се согласиле да ја укинат забраната, наведувајќи ја како причина промената на безбедносната ситуација во регионот предизвикана од Русија.

Науседа истакна дека во моментов не постојат планови за распоредување нуклеарно оружје во Литванија, но дека укинувањето на забраната би ѝ овозможило на земјата да преземе соодветни чекори доколку се промени безбедносната состојба.

Според него, Литванија ќе остане потписничка на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“

„Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме“, рече Чо.

Јужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“

Јужна Кореја доби извинување од Украина во врска со обелоденувањето информации за префрлањето на двајца севернокорејски воени заробеници во Сеул, но тоа не ги исполни очекувањата на јужнокорејската влада, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Чо Тае-јул.

„Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме, па затоа имаме намера да преземеме решителни мерки“, рече Чо за време на парламентарниот надзор над работата на министерството, како што пренесе агенцијата Јонхап.

Тој додаде дека владата разгледува различни опции, вклучително и можноста за отповикување на јужнокорејскиот амбасадор во Украина, Парк Хи-квон.

Чо истакна дека уште од самиот почеток постоел договор префрлањето да се чува во тајност со цел да се заштитат двајцата војници и нивните семејства во Северна Кореја.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, претходно ја опиша ситуацијата како „дипломатско недоразбирање“.

Според јужнокорејските власти, двајцата севернокорејски војници биле заробени во јануари минатата година додека се бореле на страната на Русија во регионот Курск, а во Јужна Кореја пристигнале во средината на септември.

Јужна Кореја се обидува да го реши спорот преку дипломатски канали, истовремено одржувајќи ги односите со Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? 

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана.

Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело.

Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер