3Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
Шоу бизНикол Кидман низ солзи призна - најголемата желба ми е да останеме заедно со сопругот!Во интервју за Си Би Ес, Никол Кидман на прашањето која е нејзината желба во животот, низ солзи изјави: Јас и сопругот да останеме заедно!Никол Кидман е мајка на 4 деца. Има две ќерки со Кит Урбан - 7 годишната Сандеј и 5 годишната Фејт. Зборувајќи како е да се биде мајка во поодминати години, таа рече: - Jас само би сакала да бидам доволно долго покрај нив за да тие да пораснат и да ги гледам како напредуваат! Никол Кидман и Кит Урбан се во брак 10 години. Иако с епојавика гласини дека ќе направат пауза, на прашањето која е тајната што ги задржала толку долго заедно, Никол вели: - Ние се поплавуваме со љубов! И многу си се допаѓаме! На гласините дека ќе се разделат, Кит Урбан во друго интервју изјави: - Лужето измислуваат луди работи и ние мора тоа да го слушаме. Ме нервира, сакам д аживееме заедно, некаде каде што нема да бидеме фотографирани постојано! Луѓето може да измислуваат сешто бидејќи ние не сме тука постојано да демантираме и да се браниме. Никол Кидман има две посвоени деца од бракот со Том Круз - Изабела Џејн и Конор Круз. Со Кит Урбан има две ќерки - Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВинисиус: Играчите кои прават разлика на теренот, како мене и Јамал, мора да бидат заштитениЅвездата на Реал Мадрид, Бразилецот, Винисиус Жуниор, оваа недела повторно јавно им се обрати на судиите и на надлежните органи кои ги регулираат правилата на играта, повикувајќи на подобра заштита на фудбалерите. Во изјава за новинарите по победата на Реал Мадрид над Рома во Лигата на шампионите, одиграна на стадионот „Олимпико“во Рим, популарниот Вини ја искористи можноста да го изрази своето незадоволство, како од противничките одбранбени играчи, така и од судиите. „Имам чувство дека одбранбените фудбалери можат да ме удираат кога и да посакаат, а сепак, на крајот јас сум тој што добива жолт картон. Сметам дека треба да ги заштитиме играчите кои прават разлика на теренот – како мене, Ламин Јамал и Хулијан Алварез“, изјави Винисиус. Винисиус имаше големи потешкотии на теренот против Рома и беше заменет по еден час игра, откако не успеа да оствари значително влијание во нападот.Тагови: Винисиус Жуниор Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБолсонаро или Лула?Сенаторот Флавио Болсонаро продолжува да води пред бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва пред вториот круг од претседателските избори.За потсетување, вториот круг е закажан за 25 октомври, сепак, според медиумските извештаи, разликата меѓу двајцата кандидати се намалила. Како што пренесува Ројтерс, анкетата на институтот „Датафоља“, објавена во четвртокот, покажува дека Болсонаро – најстариот син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро – би добил 47 отсто од гласовите, додека Лула би добил 45 отсто. Во анкетата на „Датафоља“ објавена минатата недела, Болсонаро имаше поддршка од 49 отсто од испитаниците, наспроти 45 отсто за Лула. Во првиот круг од претседателските избори, одржан на 4 октомври, Болсонаро освои 47,03 отсто од гласовите, додека Лула доби 45,16 отсто. Бидејќи ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, тие ќе се соочат еден против друг во вториот круг на 25 октомври. Извор: Б92Тагови: Болсонаро Лула да Силва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес ја потресе КамчаткаЗемјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Камчатка, а во некои области се почувствувани потреси со интензитет до пет степени, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации. Во одредени делови на Петропавловск-Камчатски, како и во Уст-Камчатскиот и Алеутскиот округ, се почувствувани потреси со интензитет до четири степени, додека во окрузите Виључинск и Јелизово интензитетот достигнал пет степени, се наведува во соопштението објавено на платформата „Макс“. Според податоците на огранокот на Камчатка при Геофизичката служба на Руската академија на науките, епицентарот на земјотресот бил на копно, во округот Јелизово, на 138 километри југоисточно од селото Уст-Болшерецк, на длабочина од 128 километри. Службите за итни случаи не добиле никакви повици поврзани со земјотресот, а не е издадено ниту предупредување за цунами.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26