Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викенд
2Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викенд
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на својот ментор Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје
Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
1Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
Шоу бизНикол Кидман ја покажа совршената фигура - позирање кое изненади многумина!Актерката Никол Кидман покажа дека е како виното, како старее, таа изгледа сè подобро. Таа овој пат позираше самоуверено за магазинот „Совршена“ во маичка и микро мини на „Дизел“, покажувајќи дека е во топ форма и во шестата деценија.Насловната фотографија беше една од низата авангардни фотографии направени од Зонг Линг за третото издание на списанието во кое се претставуваат најголемите ѕвезди на поп културата. Во урбан стил, искината облека, веројатно сакајќи да го истакне својот младешки дух, Никол ја заврши својата работа како професионален модел. View this post on Instagram A post shared by PERFECT (@theperfectmagazine) Злобниците од социјалните мрежи не пропуштија прилика да го искритикуваат изгледот на познатата актерка, па рекоа дека е премногу фотошопирана. Други го коментираа нејзиното позирање и рекоа дека е несоодветно и непристојно за жена на нејзина возраст да позира така. View this post on Instagram A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman) Оваа фотографија беше објавена само неколку месеци откако Никол во слично микро здолниште од брендот „Miu Mi“ позираше за „Vanity Fair“. Таа во едно интервју тогаш изјави дека ја молела стилистката да ѝ облече микро здолниште и инсистирала да носи број што едвај постои. View this post on Instagram A post shared by Vanity Fair (@vanityfair) Бидејќи нејзината стилистка била изненадена од тоа, таа ја прашала дали може да го носи тој модел, на што Никол се согласила. Како и да е, актерката не им се предава на своите години и очигледно сака да покаже дека во неа сè уште постои младешкиот незауздан дух. изворКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје.Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на трчањето и спортот да бидат дел од првото издание на „CENTAR NIGHT RUN“. Centar Night Run — Ноќна урбана трка | Скопје 2026 „Сакаме Центар да живее и преку спортот и да создава настани што ги обединуваат луѓето. Особено ми е драго што токму нашата општина ќе биде првата општина домаќин и организатор на полумаратон во државата. На 12 септември ги отвораме центарските улици за тркачите, но и за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од една поинаква вечер исполнета со спорт, дружење и забава. Ги поканувам сите да ни се придружат“, вели Герасимовски. „CENTAR NIGHT RUN“ има за цел да го промовира трчањето, активниот начин на живот и дружењето, но и да донесе нова спортска енергија на улиците во Центар. По завршувањето на „CENTAR NIGHT RUN“, вечерта ќе продолжи во Паркот на Франкофонија со традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, со што спортската вечер ќе прерасне во голема забава за сите учесници и посетители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаЗголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викендПоради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.Со оваа одлука, инспекторите ќе бидат активно присутни на терен во текот на работните денови, како и за време на викендите и неработните денови. Дежурствата ќе опфаќаат вонредни надзори и обиколки на територијата на целата општина Битола, со цел навремено да се констатираат и спречат незаконски и прекршочни постапувања. Засилените контроли ќе се однесуваат на области како што се градежништвото, комуналните дејности, јавната чистота, како и несовесното постапување со јавните добра. Посебно внимание ќе се посвети на појавите кои што го нарушуваат јавниот ред и квалитетот на животната средина. Граѓаните можат да го информираат општинскиот инспекторат за затекнати неправилности, несоодветно однесување или други појави од надлежност на инспекциските служби на дежурниот телефонски број 075388797. Целта на воведувањето на дежурствата е превентивно делување и навремено постапување при сите нерегуларности, недоследности и незаконитости на територијата на Општина Битола. Со оваа мерка, Општина Битола останува доследна на спроведувањето на законските одредби и на навременото решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ФудбалГалатасарај ја одби понудата од 130 милиони евра за Осимен Според Флоријан Плетенберг, турскиот фудбалски гигант Галатасарај ја одбил понудата вредна 130 милиони евра за Виктор Осимен, поднесена преку посредник кој го застапува Ал-Хилал. Турскиот шампион јасно стави до знаење дека Осимхен не е на продажба и дека немаат намера да започнуваат преговори за негово евентуално заминување. Осимен е 27-годишен нигериски напаѓач кој се прослави во Наполи, освојувајќи ја титулата во италијанското првенство со клубот во 2023 година. Тој долго време важи за еден од најбараните напаѓачи на европскиот пазар и има статус на клучен играч во Галатасарај. Евентуален трансфер вреден 130 милиони евра би бил осми најскап во историјата и најскап надвор од лигите од „големата петорка“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00