Никој не сакал да попушти, па три автомобили се заглавиле на излез од автопат (ФОТО) - Канал 5

Никој не сакал да попушти, па три автомобили се заглавиле на излез од автопат (ФОТО)

Никој не сакал да се откаже, па се втурнаа во исто време.

Никој не сакал да попушти, па три автомобили се заглавиле на излез од автопат (ФОТО)

Автопатите се врв на патниот сообраќај во однос на брзината, безбедноста на сообраќајот, но се` паѓа во вода кога во сообраќајот ќе се најдат арогантни возачи. Токму на таква ситуација укажуваат фотографиите од Сенди Спрингс, САД, објавени од локалната полиција.

Невообичаената сообраќајна несреќа се случила кога сите три возила одлучиле да излезат од автопатот во исто време. Се разбира, немало доволно простор, така што буквално заглавија. Никој не е повреден во несреќата, известува полицијата, така што се` се сведува на материјална штета и пронаоѓање вина.

Според фотографиите, тешко е да се одреди вината. Факт е дека GMC Savannah е сместен помеѓу Ford Mustang и друг GMC, а предното десно тркало на Mustang завршило на заштитната ограда. Впечаток е дека Фордот најмногу настрадал, а судејќи според досегашното искуство, многумина би се обложиле дека вината е кај овој возач. Исто така, впечаток е дека возачот на теренецот во последен момент го видел излегувањето од автопатот и се обидел да се пробие. Истрагата ќе покаже дали навистина е така.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

И утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

20 Попова Шапка, 26 Крушево, 30 Маврови Анови, Претор, Берово, 32 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 33 Битола, 34 Виница, Тетово, Штип, 35 Велес, 36 Зајчев Рид, Струмица, Кавадарци, 37 Демир Капија, 38 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Салма Хајек стана баба и го откри името на внукот (ВИДЕО)

Салма Хајек (59) стана баба. Нејзиниот посинок Франсоа Пино помладиот и неговата сопруга Лара Козима Хенкел фон Донерсмарк го добија своето прво дете, син кого го крстија Франсоа.

Салма Хајек стана баба и го откри името на внукот (ВИДЕО)

Хајек е во брак со Франсоа-Анри Пино (64), со кого има 18-годишна ќерка, Валентина, и е маќеа на неговите деца од претходни врски - Франсоа (38), Матилда (25) и Огистен (19).

Откри како ќе се вика внукот

Во неделата, актерката сподели видео на Инстаграм во кое го држи внукот во раце и му зборува на шпански. Таа откри дека момчето се вика Франсоа, со што ја продолжува семејната традиција, но и дека веќе му го дала својот прекар - Панчито.

„Благословени сме што ја пречекуваме четвртата генерација во семејството што ќе го носи името Франсоа. Сепак, ќе го викам Панчито. Се чини дека му се допаѓа и не би можела да го сакам повеќе од мене“, напиша Хајек.

Објавени се и првите семејни фотографии.

Мајката на момчето, Лара, објави неколку фотографии од својот син минатата недела, а Салма Хаек со нејзиниот внук е на една од нив.

„Мојот сопруг (најкул Франсоа на светот) и нашиот син (најслаткиот Франсоа на светот)... нашиот прв месец како родители“, напиша Лара покрај фотографиите.

„Секогаш сакав да имам многу деца“

Хаек стана маќеа откако се омажи за Франсоа-Анри Пино во 2009 година. Нивната ќерка Валентина се роди две години претходно, во 2007 година. Со текот на годините, актерката често зборуваше за тоа колку ѝ значи големо семејство.

„Отсекогаш сакав да имам многу деца, но не можев. Чудо е што успеав да родам едно дете. Голем благослов е што мојот сопруг има уште три деца. Значи, јас имам четири и сите се сосема различни“, изјави таа за списанието „Ред“ во 2017 година.

Сега малиот Франсоа, или Панчито, како што Хајек одлучи да го нарече, се придружи на нивното големо семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна... За безбедност во мир!“

На белорускиот претседател Александар Лукашенко му беше врачена првата целосно белоруска автоматска пушка, „VSK-100B“, за време на неговата посета на претпријатието „Кидма Тек“, дознава Белта.

Лукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна... За безбедност во мир!“

Лукашенко посети компанија која развива високотехнолошки производи за воени и цивилни цели, а во таа пригода му беше врачена автоматска пушка „VSK-100B“.

Подарокот беше придружен со плоча со натпис: „Не за војна... За безбедност во мир!“, објави Спутник.

За време на посетата, Лукашенко ја нагласи потребата од развој на борбено оружје со целосна локализација на производството.

Според каналот Телеграм „Пул првого“, белоруското оружје веќе е воведено во арсеналот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер