Ники Хејли ја извојува првата победа над Доналд Трамп - Канал 5

Ники Хејли ја извојува првата победа над Доналд Трамп

По седум порази во низа, републиканската кандидатка Ники Хејли ја извојува првата победа над Доналд Трамп и со теоретски шанси останува во трката за претседателска номинација. 

Ники Хејли ја извојува првата победа над Доналд Трамп

На партиските прелиминарни избори во Вашингтон, речиси отпишаната екс амбасадорка во Обединетите Нации освои безмалку двојно од Трамп, 63 наспрема 33 проценти од гласовите и стана првата жена која победила на предизборите во Вашингтон. И покрај повиците дека си го губи времето, таа порача дека ќе остане во трката барем до утре, клучниот „супер вторник“, кога се гласа во 16 сојузни држави.

-Колку пати треба да загубиме пред да сфатиме дека можеби Доналд Трамп проблемот. , изјави Ники Хејли, кандидат за претседател на републиканеците.

Хејли досега обезбеди само 43 делегати, наспрема 247-те на Трамп, кој во кампањата речиси целосно е насочен кон актуелниот претседател Џо Бајден, со кого самиот очекува соочување на изборите во ноември. 77-годишнот републиканец на вчерашниот митинг во Вирџинија, направи гаф кога во говорот го помеша Бајден со екс претседател Барак Обама.

-И Путин, знаете, има толку малку почит кон Обама што почнува постојано да го нафрла зборот „нуклеарно“. Да, слушнавте, нуклеарно. Тој денеска почнува да зборува за нуклеарно оружје. Само чекав да се случи тоа. Но, имаме будала, будала за претседател. , изјави Доналд Трамп, кандидат за претседател на републиканците.

Последниот гаф на Трамп повторно го отвори дилемите во американската јавност за возраста на најверојатните кандидати за претседател, откако и 81-годишниот Бајден неколку пати претходно направи слична збрка со именувањето држави и региони. Анкетата на Њујорк тајмс објавена пред два дена, покажа предност на Трамп пред актуелниот претседател од 48 наспрема 43 проценти ако изборите се одржат денеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лидерите на Западен Балкан во Охрид - состанок на Брдо-Бриони

Охрид денеска е во фокусот и на регионалната дипломатија.

Лидерите на Западен Балкан во Охрид - состанок на Брдо-Бриони

Во градот се одржува состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, чиј домаќин е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Во фокусот на разговорите се регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Повеќе информации за средбата и очекувањата од состанокот ќе дознаеме од нашиот известувач во Охрид Афродита Рамос .

Афродита делегациите пристигнаа каква е агендата за денеска кој се е присутен во Охрид?

YouTube video

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Супер Марио Брос“ од 1985 година продаден за астрономска сума

Копија од играта „Супер Марио Брос“. од првата серија за конзолата Nintendo Entertainment System (NES) е продадена на аукција за фантастични 96.875 долари. 

„Супер Марио Брос“ од 1985 година продаден за астрономска сума

Аукциската куќа Heritage Auctions објави дека со ова се поставени два светски рекорди - за копија на играта од првата продукциска серија и за отворена видео игра со целосно зачувано оригинално пакување.

Што го прави овој примерок посебен?

Станува збор за американско издание од 1985 година, препознатливо по мат налепницата на кутијата.

Примерокот доби вкупна оцена на PSA од 9,0. Самата кутија беше оценета со 8,5, кертриџот 9,2, а рачниот 9,0. Според каталогот на аукциите, овој пример ја дели највисоката оценка меѓу четири познати целосни примери на истата варијанта во записите на PSA. Продадена е на 20 ноември, првиот ден од дводневната аукција на видео игри.

„Ознаката „complete-in-box'“ значи дека кутијата е отворена и играта е искористена, но пакувањето сè уште го содржи кертриџот, упатствата и сè друго што купувачот го добил кога играта била продадена на мало“, соопшти аукциската куќа.

Во оваа категорија копијата постави рекорд.

Како вториот „Супер Марио“ постигна уште повисока цена? Најскапиот предмет на истата аукција била неотворена копија од играта „Супер Марио Брос“ од втората продукциска серија, со сјајна налепница и PSA рејтинг од 8,5. Оваа копија била продадена за 131.250 долари. Вкупно три копии од играта беа меѓу десетте најскапи предмети на аукцијата, кои беа продадени за околу 2,52 милиони долари.

„Возбудливо е да се види како интересот на колекционерите за овие исклучително ретки рани NES игри продолжува да расте. Тешко е да се прецени важноста на играта „Супер Марио Брос“.

„Тоа е игра за домашна конзола, а колекционерите јасно го препознаваат нејзиното место во историјата на видео игрите“, рече Еван Мајзингил, директор за прифаќање на видео игри во „Херитиџ аукшнс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишии

Во петок (20.11.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Вело Марковски.

„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишии

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. брашно

1 коцка квасец

1 лажичка сол

млака вода по потреба

масло за пржење

Прилог:

сирење

мед

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер