Невидено невреме во Загреб: Ветрот корне дрвја и покриви (ВИДЕО) - Канал 5

Невидено невреме во Загреб: Ветрот корне дрвја и покриви (ВИДЕО)

Силно невреме проследено со дожд и бурни ветрови го зафати Загреб околу 16 часот, а на запад од градот е забележано дека летаат лимени покриви и паѓаат дрвја.

Невидено невреме во Загреб: Ветрот корне дрвја и покриви (ВИДЕО)

Силниот ветер однесе лимени покриви во населбата Волтино во Загреб, кршејќи гранки и соборувајќи дрвја. Пожарникарите велат дека добиле голем број пријави од граѓаните.

YouTube video

Според нивните извештаи, некои делови од градот останале без струја.

YouTube video

Одвреме-навреме се слушаат и сирени на возилата за итна интервенција кои одат на терен, јавува хрватски Индекс.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензии и обвинувања во Лекарската комора – почнува изборот на ново раководство

Бурна атмосфера во Лекарската комора...Денешното Собрание мина со викотници и остри обвинувања помеѓу докторите... 

Тензии и обвинувања во Лекарската комора – почнува изборот на ново раководство

Тензии и препукувања меѓу докторите пред изборите на ново раководство и претседател на Лекарската комора. На денешното собрание беа распишани избори за нови делегати, но паднаа и обвинувања дека поради истечениот мандат на актуелната претседателка од јули, лекарите нема можат да ги обноват лиценците. Калина Гривчева Старделова која осум години раководи со комората ги отфрла обвинувањата и кажа дека нејзиниот потпис и одлуките се легитимни се до завршување на изборниот процес.

„Лекарската Комора мора да функционира, ние имаме јавни овластувања кои мора да ги обавуваме, службите мора да работат во континуитет дефинитивно, согласно одлука на Уставен суд се е најлегитимно како и сегде.“

„Во овој период сите документи потпишани од именуваната госпоѓа се нелегитимни. Проблемот е што можат да западнат во правни проблеми доктори, здравствени установи кои што имале потреба од документи, лиценци или било што во овој период на нелегитимност кои се потпишувани од лекарската комора.“

За едни тоа што досега немало собраниска седница е опструкција на процесот, за други пак немање на кворум за нејзино одржување.

„Од 30 април досега имавме 3 обиди, ова е 4 да се соберат делегатите на Собранието. Морам да кажам дека има делегати кои бараа објаснувањее зошто тоа не е направено, но има и делегати кои молеа тоа да не биде во летен период кога се сами и дежураат по 24 часа и не можат да дојдат, изјави Калина Гривчева Старделова.“

„Тоа е една таква манипулација каде беа вршени притисоци на членови на собранието да не доаѓаат на сите претходни седници за да нема кворум. Која им била целта незнам. Денес беа сложни дека конечно мора да има избори и денес на оваа седница за прв пат се стави на дневен ред точката - избори, изјави Ленче Неловска.“

По две последователни мандати, Гривчева-Старделова заминува од челната позиција во Комората. Изборот на новите делегати е првиот чекор, а новиот претседател треба да биде избран до крајот на октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

In memoriam: Почина професорот и дипломат, Јован Донев

Денеска во Скопје на 71-годишна возраст почина универзитетскиот професор и амбасадор Јован Донев.

In memoriam: Почина професорот и дипломат, Јован Донев

Донев зад себе остави богата академска, научна и дипломатска кариера. Во текот на својот професионален ангажман беше посветен на истражувањето на македонската историја, меѓународните односи и геополитичките процеси поврзани со Македонија и Балканот.

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1979 година. Магистрирал во 1986 година, а докторирал во 1993 година, посветувајќи значаен дел од својот научен интерес на меѓународните политички аспекти на македонското прашање.

Својата научна кариера ја градеше во Институтот за национална историја во Скопје, каде што достигна звање научен советник и редовен професор. Предавал и на повеќе високообразовни институции, меѓу кои Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Во периодот од 1999 до 2012 година беше извршен директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“, а претходно бил и директор на Охридскиот летен универзитет.

Во деведесетите беше претсадател и на управниот одбор на Фондацијата Инстут Отворено Општество Македонија, под покровителство на филантропит и финансиер Џорџ Сорос.

Во дипломатската кариера, Јован Донев беше амбасадор на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, со седиште во Лондон, во периодот од 2013 до 2017 година.

Во истиот период бил акредитиран и како амбасадор во Ирска и Исланд, претставувајќи ја Македонија во важен период од нејзините меѓународни односи.

Во 2017 година бил и член на Советот за безбедност на Република Македонија.

Донев е автор и коавтор на бројни научни трудови и публикации од областа на историјата, меѓународните односи и надворешната политика. Меѓу неговите позначајни дела се публикации посветени на Македонија во меѓународните договори, односите на големите сили кон Балканот и македонското прашање во периодот на Балканските војни.

Во последните години беше активен како колумнист и политички аналитичар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Естонија избра нова претседателка– доби 71 глас во Парламентот

Естонскиот парламент ја избра адвокатката и канцеларка за правда Ула Мадисе за нова претседателка на земјата. 

Естонија избра нова претседателка– доби 71 глас во Парламентот

Во првиот круг од тајното гласање, таа доби 71 од 101 глас, обезбедувајќи го потребното двотретинско мнозинство.

Мадисе беше единствениот кандидат за претседател. Седум гласачки ливчиња останаа празни, додека преостанатите пратеници не гласаа или не беа присутни. 75 пратеници од владејачката Реформистичка партија и Ести 200, како и опозициските социјалдемократи и конзервативната партија Исамаа гласаа за нејзината кандидатура.

Втора жена што ќе ја предводи Естонија

Новата претседателка ќе биде само втората жена што ќе ја предводи Естонија, по Керсти Каљулаид, која ја извршуваше функцијата од 2016 до 2021 година. Актуелниот претседател Алар Карис претходно објави дека нема да се кандидира за нов мандат.

Во говорот по изборите, кој траеше нешто помалку од десет минути, Мадисе рече дека ќе работи за доброто на Естонија. Таа ја опиша земјата како една од клучните точки на безбедност за Европа и целиот слободен Запад, но не навлезе во конкретни прашања од надворешната политика.

Канцеларка за правда од 2015 година

51-годишната Мадис е естонски канцеларка за правда од 2015 година, независна институција која ја надгледува уставноста и законитоста на прописите и дејствијата на државата и владата. Таа е долгогодишен професор по право на Технолошкиот универзитет во Талин и на Универзитетот во Тарту, а претходно работеше како правен советник на поранешниот естонски претседател Томас Хендрик Илвес.

Претседателот на Естонија има претежно церемонијални овластувања, но ја претставува државата и игра важна улога во прашања поврзани со националната безбедност и одбрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер