Нереди во Букурешт откако прорускиот десничар Георгеску доби забрана за учество на изборите - Канал 5

Нереди во Букурешт откако прорускиот десничар Георгеску доби забрана за учество на изборите

Во Букурешт избија нереди откако Централната изборна комисија му забрани на прорускиот десничар Калин Георгеску да учествува на претседателските избори во мај. 

Нереди во Букурешт откако прорускиот десничар Георгеску доби забрана за учество на изборите

Тринаесет повредени полицајци е исходот од синоќешните насилни протести во Букурешт, кои избувнаа по одлуката на Централната изборна комисија на земјата да ја отрфли кандидатурата на екстремнодесничарскиот популист, Калин Ѓорѓеску за прегласувањето на претседателските избори кои треба да се одржат во мај.

Како што пренесуваат романските медиуми, над 500 приврзаници на Ѓорѓеску биле присутни на протестите, кои најпрво се собрале пред седиштето на Комисијата, ја урнале оградата па потоа следела и пресметка со полицијата.

Ситуација ескалирала во стариот дел на Букурешт, каде демонстрантите фрлале камења, петарди и шишиња, палеле контејнери, по што полицијата со солзавец се обидела да го спречи хаосот.

Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите од првиот круг два дена пред вториот круг избори на 8 декември откако се појавиле наводи дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на Ѓорѓеску, кој пак се кандидираше како независен.

Комисијата, која се изјасни негативно во однос на кандидатурата на Џорџеску ја цитираше одлуката на Уставниот суд на земјата за поништување на минатогодишните избори, наведувајќи дека кандидатот не се усогласил со изборните прописи. Ѓорѓеску,кој има 24 часа рок да поднес жалба, одговори дека ова е директен удар во срцето на демократија низ светот.

-Одиме заедно до крај за исти вредности, мир, демократија и слобода. Им благодарам на сите граѓани на Романија за се што прават, но се да помине во мир и добро познавање на реалоста, дека не смееме да предизвикаме насилство или други форми слични на синоќешните. Продолжуваме напред за подобра иднина на оваа држава,- изјави, Калин Ѓорѓеску.

Ѓорѓеску важи за силен критичар на членствто на Украина во НАТО, но и на поддршката на ЕУ кон Украина. Од Брисел пак околу ситуацијата во Романија негираат било каква вмешаност.

-Немаме коментар за изборите во Романија. Да бидеме јасни. Изборите се национално надлежни и Комисијата не го коментира избирачкиот процес во Романија. Тоа е прашање на романските власти и романскиот народ,- Маркус Ламерт – портпарол на европската комисија.

Поништувањето на претседателските избори во Романија беше силно критикувано од сегашниот американски потпретседател Џеј-Ди Венс и Илон Маск, кои му дадоа поддршка на Ѓорѓеску. За прегласувањето во мај кандидатури поднесоа актуелниот градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, кој настапува како независен кандидат и Крин Антонеску, кој е заеднички претседателски кандидат поддржан од романската владина коалиција составена од Социјалдемократската партија, Национал-либералната партија и малата етничка унгарска партија УДМР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари на средба со претставникот на Катар: Унапредување на соработката во правосудството

На средбата, Шасивари ја истакна важноста од воспоставување директни контакти со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции.

Шасивари на средба со претставникот на Катар: Унапредување на соработката во правосудството

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари средба со вршителот на должноста во Амбасадата на Државата Катар, Рашид бин Саед Ал-Хајарин, на која се разговараше за можностите за продлабочување на билатералните односи и отворање ново поглавје во институционалната соработка во областа на правосудството.

На средбата, Шасивари ја истакна важноста од воспоставување директни контакти со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции, со фокус на обуката на правните професионалци, борбата против корупцијата и финансискиот криминал, како и дигитализацијата на правосудниот систем.

Односите меѓу нашата држава и Катар континуирано се развиваат. Политичките консултации одржани во Доха во јули 2026 година и потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на трудот во септември оваа година го потврдуваат потенцијалот за натамошно проширување на соработката.

Во таа насока, министерот Шасивари изрази интерес за разгледување на можностите за техничка и финансиска поддршка за приоритетни проекти во рамките на реформите во правосудството, со цел соработката да се преточи во конкретни проекти и мерливи резултати.

Добрите дипломатски односи создаваат можности, а институционалната соработка ги претвора во резултати.

Министерството за правда има за цел односите со Катар да ги надминат рамките на дипломатскиот дијалог и да донесат конкретни придобивки за институциите и граѓаните на двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Нова фекална канализациона мрежа во Пинтија

 Општина Кисела Вода ја финализираше изградбата на новиот крак од фекалната канализација на улицата „Саса“ во населбата Пинтија. 

​Нова фекална канализациона мрежа во Пинтија

Со овој инфраструктурен проект се надминува повеќегодишниот проблем на жителите од овој дел на општината, кои конечно добиваат соодветно и стандардизирано одведување на отпадните води. Изведена е нова фекална канализација во должина од 320 метри, при што се поставени 15 нови ревизиони шахти. Новата мрежа е директно поврзана со постоечката канализациска инфраструктура на улицата „Саса“. Се работи за проект финансиран од Општина Кисела Вода, додека дел од материјалите беа обезбедени во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

-Реализацијата на овој проект е директен одговор на барањата на граѓаните од овој дел на Пинтија. Моето ветување до нив беше дека ова прашање ќе биде решено во најскоро време, и денес тоа ветување е реалност. Со изградбата на новата мрежа, го надминуваме овој комунален предизвик и обезбедуваме достоинствени услови за живот. Општина Кисела Вода продолжува со континуираните инвестиции во изградба и реконструкција на подземната инфраструктура во секое населено место- истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Чешката Република во Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Ирена Гетцова.

Сали–Гетцова: Продлабочување на билатералната соработка и чешката поддршка за европската интеграција

Министерот Сали ѝ посака добредојде на амбасадорката и успех во нејзината дипломатска мисија, изразувајќи подготвеност за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу двете земји.

На средбата се разговараше за билатералните односи и европската перспектива на Северна Македонија. Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешка за членството на земјата во Европската Унија, нагласувајќи ја важноста на партнерството со земјите членки во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети.

Внимание беше посветено на можностите за размена на чешките искуства од процесот на пристапување и користењето на европските фондови, како и на потенцијалот за проширување на економската, образовната и културната соработка.

Министерството за европски прашања останува посветено на продлабочувањето на соработката со Чешката Република, во функција на унапредување на процесот на европска интеграција и остварување конкретни придобивки за граѓаните.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер