Неопходни се официјални ковид-психосоветувалишта - Канал 5

Неопходни се официјални ковид-психосоветувалишта

Веќе две години се справуваме со ковид-пандемијата, која остави трајни, неизбришливи траги. 

Неопходни се официјални ковид-психосоветувалишта

Загубени се многу човечки животи, оставени се здравствени последици, но, што е многу битно, и психолошки трауми, во некои случаи, и за целиот живот. Особено во семејствата каде што е загубен човечкиот живот.

Но, што е со психолошките трауми, како и дали може луѓето сами да се носат со нив или, пак, неопходна е психолошка помош?

Од Комората на психолозите на Македонија велат дека од почетокот на пандемијата, во првите месеци на карантинот, а и до ден-денеска, се со „полни раце" работа. Тогаш, а и сега, кога броиме бројни мутации на коронавирусот, а дојдени сме до сојот омикрон, потребата од психолошката помош не стивнува. Сега е „пет минути по дванаесет", и е прекупотреба психолошката помош. Наместо дијазепам, кој ќе ве прати „во заборав" неколку часа, потребен е разговор за сето што ни се случува, можност да се избориме. Ни треба решение да се избориме со ситуацијата, која трае две години, а нема назнака за крајот.

– Првите денови кога почна ковид-кризата во Македонија, Комората на психолозите организираше психолошка помош, психосоцијална поддршка за луѓето кои беа ковид-позитивни, за нивните семејства, за оние кои беа во изолација. Кога траеше вонредната состојба, 30-40 психолози беа достапни преку интернет, на телефон. Имаме податоци за целата држава за сите кои се плашат од болеста, за оние кои беа позитивни, за оние кои се плашат за своите блиски. Кога заврши вонредната состојба, продолживме да работиме онлајн, луѓето продолжија да се јавуваат. По извесно време и редовните кои се јавуваа, почнаа да се жалаат на тешкотиите кои ги предизвикува оваа состојба, изложени на еден долготраен страв и на притисок на точни и неточни информации, за тоа каде треба да се обратат, како да се лекуваат, што ќе се случи откако ќе се заразат, што ќе биде потоа, какви се последиците од болеста, што ќе биде со работата… факт е дека личноста не може да издржи без последици по големиот притисок. Периодот е долг, веќе две години е притисокот врз личноста. Сите овие советувалишта кои беа: психотераписки кабинети, здруженија кои нудеа психолошка помош, останаа да работат со полн капацитет сето ова време, објаснува д-р Мирјана Јовановска Стојановска, претседателка на Комората на психолозите на Македонија.

За тоа дали ни се потребни официјални ковид-психолошки советувалишта, психолозите се едногласни дека се потребни. Сметаат дека живееме реалноста со пандемијата, со психолошкиот притисок. Неопходни се официјални советувалишта, системско решавање, а државата, велат, е „заспана" за оваа ситуација. Иницијативата на Комората да помогне, прво на здравствените работници, наиде на молк и без одговор, смета д-р Мирјана Јовановска Стојановска, која нагласува дека ни треба системско решение.

– Ние пративме неколку електронски пораки до Министерството за здравство, нудевме помош и за здравствените работници, помош која би била организирана и добро осмислена. Не добивме никаков одговор, никогаш потоа никој не се заинтересирал, ниту нè повикал, ниту нè прашал за тоа. Луѓето кои се јавуваат, а работат во здравството, се јавуваат по сопствена иницијатива и добиваат помош од нас. Но, ќе повторам, тоа покажува воопшто недостиг, ја нема организираната психолошка помош за луѓето во нашата држава, која би требало да биде на државно ниво. Нашиот систем да го организира сето тоа. Навистина ќе биде достапно до сите кои имаат потреба. Ние претходно говоревме за идејата во примарното здравство да може да се воведе психолошка помош. Така, луѓето кои ќе дојдат да побараат помош за физичкото, да ја имаат и за менталното здравје, вели Јовановска Стојановска.

Потребни се законски измени и цврста определба за официјални ковид-психолошки соетувалишта.

– Да, треба да има промени во законот, во стратегијата за заштита на менталното здравје. Законот за ментално здравје добро е направен, но таму се предвидува помош за луѓето кои имаат одредени заболувања и тешкотии во функционирањето. Но, со оглед на тоа дека сите ние веќе две години живееме под притисок, на сите нам ни е потребна психолошка помош. Односно, наместо да земеме да пиеме дијазепам, а има статистики дека огромен број лекови се пропишани и огромен број население ги пие, ни треба психолошка помош и терапија. Треба да направиме нешто за доброто на народот. А тоа е, да им понудиме стручна психолошка помош. Сите кои работеа и овие две години стекнаа огромно искуство со луѓето и нивните трауми, треба да им бидат на располагање на луѓето – официјално. На тие што им е потребно лекување – физилошко, ќе побараат, но потребно е лекување на психата. Ќе нагласам, тоа е многу битно да се организира на ниво на државата, системски, во сите здравствени единици, да биде достапно за населението. Наместо да им се пропише дијазепам, да разговараат, барем 45 минути со психолог, да си најдат механизми како ќе се смират. Дијазепамот ќе заврши услуга за неколку часа, но не го решава проблемот во кој живеат луѓето. Психолошката помош, пак, ќе им помогне на луѓето да изградат механизми, начини за да се справат со состојбата во која живеат. Самите да ги пронајдат одбранбените механизми. Да најдат свои начини на справување, нешто што ним ќе им одговара во дадената ситуација. И, тогаш, нема потреба да се земаат лекови, објаснува Јовановска Стојановска.

Прилепскиот психолог Ана Алексоска вели дека веќе две години се соочуваат со потресни приказни. Психолошките советувалишта во 90 отсто од случаите работат на траумите од корона-пандемијата. Според неа, приказните се потресни, и затоа треба да има официјални советувалишта. Алармантно е, потенцира, кај младите.

– Полни сме со работа. Проблем е кај речиси сите луѓе: кои се соочиле со короната, имале проблем, прележале тие или некој близок, самата ситуација прави да имаат симптоми на анксиозност и депресии. Затоа, потребна е психотерапија. И не само со таблети, со антидепресиви. Статистиките за тоа се фрапантни – дневно се прошишуваат по 10 000 рецепти со дијазепам. Тоа се огромни бројки, огромен број луѓе бараат „заборав" во таблетите. Кај нас е мала средината и сметам дека треба да се поттикнуваат луѓето за психотерапија. Психотерапија во смисла не само еднаш да дојдат, туку треба и подолг временски период за да може луѓето да живеат, да речам, еден попријатен живот. Има различни ситуации. И треба да се воспостават основните работи – потребата за сигурност, за припадност кон една група, за комуницирање. Да се врати тоа што е одземено. Затоа мора луѓето да побараат помош, да се охрабрат. Тоа не е знак на слабост, туку, напротив, е знак на храброст. Храброст е да се побара помош и да се рече дека е тешко да се живее во оваа реалност. Фрапантно е дека преку 90 отсто случаите со кои работам е што бараат помош од оваа ковид-ситуација. Има потресни приказни. Посебно кај оние што живеат во заедница, „донеле" коронавирус во домот, починал нивни близок и потоа огромна е вината што ја чувствуваат. Тешко е да се изборат со тоа чувство на вина дека се причина за смрт на близок. Постојано повторуваат: „Ако не бев јас, тоа немаше да се случи." За мене сите се тажни приказни. Едно е што загубиле близок, тие се најтрагичните, ама има многу и млади кои се изолираат, депресивни се, не знаат што да прават со времето. не се вклучуваат „онлајн", не им се учи, не им се излегува, има апатија, незаинтересираност, незадоволство на толку млади години и посегнуваат по таблети, по алкохол, дрога и веќе тогаш станува многу критично. Посебно за младите на 17-18 години, објаснува психологот Алексоска.

Ковид-состојбата сѐ уште ја живееме, ама психолошките последици ќе бидат подолготрајни. Затоа, час поскоро, велат психолозите, да ја „лекуваме психата", да помогнеме во психолошкото здравје, за да нема последици со години и со генерации.

– Што поскоро да има официјални ковид-советувалишта. И тоа на целата територија на Македонија. Ние како Комора на психолозите нудиме помош сето да се организира. Не треба да биде ништо сложено, специјално, доволно е да има места каде луѓето ќе дојдат, ќе седнат и ќе поразговараат за тоа што им се случува, и ќе најдат начини како да се справуваат со овие две години што поминааа и трагите што останаа во нив, заклучува д-р Мирјана Јовановска Стојановска, претседателка на Комората на психолозите на Македонија.

Пихолозите го нудат најкраткиот и, сметаат, најлековитиот почетен импулс во третманот „за душата": Отворете ја душата и кажете сѐ што ви лежи на срце. Само така може да зацелат и душата и срцето./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветувале сигурна добивка, измамиле стотици - битолчанка и Естонец „заработија“ кривични

Уплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. 

Ветувале сигурна добивка, измамиле стотици - битолчанка и Естонец „заработија“ кривични

„Уплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. Со вакви или слични пораки, споделени во група на социјална мрежа со неколку стотици членови, како што е „Вибер“, 56-годишна битолчанка и 38-годишник од Естонија ги убедувале граѓаните да инвестираат во криптовалути, ветувајќи им високи и сигурни добивки. Ама наместо заработка, во рок од пет месеци, од декември лани до април годинава, стотици граѓани останале без вложените пари. Откако ги добивале уплатите, измамниците ги префрлале во криптовалути. Следејќи го трагoт на овие трансакции, полицијата успеала да дојде до сопственикот на т.н криптопаричник за сега да има докази и да поднесе кривични пријави за „измама“ од член 247 од Кривичниот законик против битолчанката и Естонецот.

-Со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број на граѓани од целата држава да вложуваат финансиски сретства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета. До секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР доставени се пет пријави од оштетени граѓани кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената во измамата оштетени се стотина граѓани од државата, но повеќето не го пријавиле случајот. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Во текот на истрагата која траела со месеци биле вклучени странски институции, а делото е докажано со форензичка анализа на уредите, како што се комјутери и мобилни тетефони на 56 годишната Македонка, појасуваат од МВР.

Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира до граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамници нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за „Државна лотарија“

За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав кога постапката беше во одмината фаза и при носењето на истата не гласавме  - вака денеска пред судот сведочеше Андреј Крстевски, вработен во Државна Лотарија.

Продолжи судењето за „Државна лотарија“

За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав кога постапката беше во одмината фаза и при носењето на истата не гласавме - вака денеска пред судот сведочеше Андреј Крстевски, вработен во Државна Лотарија, кој се појави како сведок на обвинителството во случајот со злоупотреби во државна лотарија од речиси 10 милиони евра. Крстевски кој сега работи во кабинетот на актуелниот директор на Лотарија, а порано бил член и во управниот и надзорниот одбор, рече дека вработените не добиле детално објаснување зошто е неопходна набавката на ВЛТ апарати.

-За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав непосредно пред крај на постапката од лица кои беа членови во комисиите кои треба да ги спроведат постапките. Сметам дека требаше да добиеме подетално објаснување за оваа набавка. Тие никогаш не неа ставени во функција и сега се наоѓаат во некој наш магацин,- - сведок Андреј Крстевски.

Според одбраната пак, иако сведокот рече дека не гласал за планот за набавка на ВЛТ апаратите, дал исказ со кој потврдил дека ВЛТ апаратите биле дел од финансискиот план на претпријатието и со тоа потврдил дека бил свесен за нивната неопходност уште од почетокот на постапката.

Токму набавката на ВЛТ апарати е предмет на обвинение во случајот во кој првообвинет е ексдиректорот Перпарим Бајрами, а обвинителен предлог има и против поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште 6 лица. Следното рочиште е закажано за 6 ноември кога ќе се испитуваат последните сведоци на обвинителството, а кога се очекува да се појави и актуелниот директор на Лотарија Александар Климовски.

По ова се очекува пред судот да бидат испрашувани сведоци на одбраната, а Груби веќе најави дека меѓу повиканите сведоци на одбраната ќе бидат сите поранешни членови на претходната влада на СДСМ и ДУИ, меѓу кои и поранешниот премиер Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државата

Деветмината осомничени во аферата со ФЗО и очната клиника „Санте Плус“, добија мерки на претпазливост. 

 За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државата

Кривичниот суд го прифати предлогот на ОЈО ГОКК, па на осомничените им се одземени пасошите и ќе мора редовно да се јавуваат во судот. доцна синоќа бил уапсен и сопственикот на „Санте Плус“, турскиот бизнисмен Билал Кара, кој се товари за кривичното дело – перење пари.

-Полициски службеници, по наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, го лишија од слобода Б.К. за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Кара им е добро познат на органите за прогон и во регионот, а Албанија од лани го бара и со потерница поради сомнежи за неколку кривични дела.

Меѓу нив се непријавување на приходи од еден милион евра преку клиниката„International Medicare“, поранешна „Санте Плус“, како и за користење на лекови со истечен рок и нелегално внесени медицински препарати.

И во „Санте Плус“ во Приштина според тамошните медиуми, биле утврдени сериозни законски прекршувања, болницата работела две години без лиценца, а имало случаи каде на пациенти наместо ботокс им се вбризгувала вода.

Очната болница во Скопје, која според пријавата оштетила помеѓу 3000 и четири пациенти со тоа што наплаќала за операции и од фондот и од пациентите денеска работи под полна пареа. Екипата на Канал 5 побара одговори од менаџментот но досега не добивме.

Приватната болница вчера била затворена, но денеска функционира вообичаено, внатре холот е полн со пациенти кои вршат прегледи и закажуваат операции на очите

Со спорниот договор помегуи фондот и Санте Плус буџетот бил оштетен 1,7 милиони евра, а приватната болница се стекнала со противправна корист од речиси 4,5 милиони евра. Договорот е потпишан кога со фондот раководел Ден Дончев кој според извори на Канал 5, не е во земјава ..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер