Нема повредени, ниту значителна материјална штета во пожарот во печатницата „Киро Дандаро“

50 литарско буре со етил алкохол ja предизвикало експлозијата во битолската печатница „Киро Дандаро“, која со години наназад го печати избирачкиот материјал за  сите избори во земјава.

Од менаџментот на фирмата велат дека нема поголема материјална штета, ниту повредени. Мешавината од ацетат и алкохол ја користеле за процесот на производство, а пожарот избувнал во просторијата за рециклажа.

Експлозијата во „Киро Дандаро“ доаѓа во време кога Антикорупциската комисија по добиена анонимна пријава има индиции дека во ДИК се краделе државни пари. Од Комисијата за Канал 5 потврдуваат дека поднеле иницијатива до Јавното обвинителство да утврди дали вработени во ДИК местеле тендери со печатници за подготвување на гласачките ливчиња и изборниот материјал за последните четири изборни циклуси, а токму битолската печатница се избирала како најповолен понудувач во преговорите кои секогаш се воделе тајно.

Сомнежите на антикорупционерите се однесуваат на парламентарните избори во 2016 година, локалните во 2017-та, референдумот во 2018-та и последните претседателски избори оваа година. Според нивниот извештај, освен „Киро Дандаро“ во преговорите секогаш била повикувана и печатницата „Европа 92“ од Кочани за да достави понуда на затворениот оглас. Но, сопственикот на оваа печатница, Ратко Димитровски е член на бордот на директори на печатницата од Битола, што според Антокорупциска, значи дека немало тајност во понудите на двете фирми.

Според Комисијата од ДИК за сите наведени избори тврделе дека поради кратки рокови, од затворањето на Избирачкиот список до денот на спроведување избори, немало доволно време да се објавуваат тендери, па морало непосредно да се договараат со печатниците. Но, антикорупционерите сметаат дека се кршеле законите, а изборната комисија имала време да организира јавен повик и да обезбеди транспарентна постапка.

Според нивниот извештај во три изборни цисклуси од ДИК се правеле технички спецификации со кои три печатници се исклучуваат од игра, заради недоволна количина хартија, видот и големината на гласачкото ливче итн,. и се местеле условите за „Киро Дандаро“. Исклучок се локалните избори во 2017 кога од ДИК одлучиле да го сменат шаблонот и повторно на затворени прегопвори била поканета и трета печатница – „Полиестердеј“ од Скопје, која ја добила понудата.

Досега во Антикорупциска на исказ бил повикан Добре Јанчев, генералниот секретар на ДИК, бидејќи многу пати бил дел од комисијата за набавки. Од Јавното обвинителство ја известиле Комисијата дека Обвинителството за организиран криминал ќе постапува за овој случај.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер