Нема опасност од поплави, состојбата се следи

Водостојот на најголем дел од реките и акумулациите во Македонија е под просечното ниво, а некаде и двојно пониско, освен реката Пчиња каде што нивото е поголемо за 1,5 пати од просечното. Нема никаква опасност од поголемо излевање на реки или акумулации.

Ова го изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по денешната седница на Координативното тело за превенција од природни непогоди, кое ја разгледуваше состојбата со водите во Македонија и во регионот.

Јанакиески информира дека Координативното тело заклучило Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со општините да преземат превентивни мерки, бидејќи се очекува и наредните денови водите коишто доаѓаат, пред се од Србија, да го зголемат дополнително нивото на реката Пчиња.

Состојбата на Пчиња се следи и на секои два часа се добиваат информации од Хидрометеоролошкиот завод. Ако има потреба ќе преземеме и други дополнителни мерки, а во оваа фаза одиме со превентивни, за чистење тесни грла, чистење гранки околу мостовите..., наведе министерот Јанакиески, кој за превентивните мерки разговарал со раководствата на општините.

На седницата е донесен заклучок да не се испуштаат дополнителни води од акумулациите во наредните два дена, бидејќи денеска и утре, согласно информациите од Хидрометеоролошкиот завод, ќе има дождови, но не со голем интензитет, а од недела до крајот на месецот ќе преовладува сончево време со повремени локални врнежи. - Денеска и делумно утре ќе има врнежи претежно во северозападниот дел на Македонија. Заклучокот е да не се испуштаат води пред се во акумулацијата Калиманци и хидросистемот Злетовица. Во координација сме и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и со ЕЛЕМ, изјави Јанакиески.

Тој апелира општините Куманово, Старо Нагоричане и Петровец да ги ангажираат сите свои капацитети, но исто така состојбата будно да ја следат и останатите општини во државава.

Според Јанакиески, од Србија и од Босна и Херцеговина каде што има поплави, се уште не е пристигнато директно барање за помош од Македонија, но е доставено генерално барање од Европската асоцијација за заштита и спасување до сите земји членки.

- Имаме контакти со соседните земји. Доколку има директни барања, Владата ќе одговори, како што најави и премиерот, со сите расположливи капацитети. Исто така, очекувам дека деновиве ќе биде разгледано и барањето на Европската асоцијација за заштита и спасување, информира министерот за транспорт.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски рече дека во изминатите десет дена по последните поплави во источниот дел од државата, особено во атарот на општината Чешиново-Облешево, дојде до исцедување на водата и нејзино повлекување во коритото на Злетовска река. Оттаму, појасни, е и упатството од денешниот состанок до хидросистемот Злетовица да се воздржи од какви било испуштања дополнителна количина вода од акумулацијата. Тоа се однесува и за акумулацијата Калиманци.

- Состојбата е стабилизирана дотолку повеќе што и самото водостопанско претпријатие Брегалница работи на реализација на планот за дистрибуција на вода за потребите на оризовите полиња. Сите штети што беа со наталожувањето на мил на одредени површини, што е случај со два хектари, во атарот на селото Лепофелци е санирано, а останатите површини се сосема во добра кондиција и сите земјоделски активности со оглед на околностите се одвиваат во најдобар ред, рече министерот Димовски.

Додаде дека не се евидентирани одредени оштетувања на останатите земјоделски култури освен тоа што, со оглед на влажноста на почвата, за одреден период ќе доцни пролетната сеидба на пченицата.

Министерот Димовски најави и дека следната недела ќе се одржи средба со пчеларите за да се најде решение за надминување на проблемите со кои се соочуваат поради временските прилики.

- Станува збор за доцно цветање на багремите и неможноста на пчелите да ги вршат активностите со оглед на временските прилики. Имаме добиено информација од пчеларите. Во текот на следната недела ќе имаме работен состанок со нив и ќе ги увидиме сите проблеми со кои се соочуваат и ќе бараме излезни решенија, изјави Димовски. /МИА

Уапсен е уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва, во кој загинаа 145 луѓе

Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на салата Крокус во Москва на 22 март, изјави денеска портпаролот на полицијата за Тас.

„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја истражуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.

Според РБЦ, полицијата го уапсила таџикистанскиот државјанин Џумохон Курбонов.

Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.

Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.

Битиќи:На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби,за сплотена и силна Македонија

„Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв.“

Социјалдемократскиот сојуз е единстваната обединувачка политичка партија за силна и сплотена Македонија – земја и европски дом во кој ќе има место за секого, независно од неговата етничка, религиозна, културна, политичка или социјална припадност“, порача на денешните средби со жителите на Топаана и Шуто Оризари, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не треба да се прифатат со малодушност ниту пак да се обесхрабрувачки, туку треба да се перцепираат како предизвик кој во себе носи можност за сплотување на сите прогресивни сили во државата за двојните избори на 8-ми мај.

„Со нашата предизборна програма нудиме повеќе од економски раст и развој, повеќе од повисоки плати и пензии, многу повеќе од европски животен стандард, ние нудиме иднина во која секој граѓанин ќе биде прифатен, почитуван, градиме земја во која ќе владее дијалогот, меѓусебното разбирање, а не раздорот. Затоа на 8-ми мај, победата на СДСМ и коалицијата ќе значи пораз на стравот од различностите, на поделбите. Ќе зачекориме кон заедничка и споделена европска иднина“, порача Битиќи.

Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, како суштинска политичка вредност на СДСМ, тој ја нагласи потребата граѓаните да го отфрлат национализмот како свој политички избор, затоа што тој е наметнат избор.

„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и порача дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.

„Нашата сакана земја е на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, многу повеќе од тие што се прикажуваат како победници во првиот круг на претседателските избори. Затоа нема откажување, заеднички, едни покрај други, рамо до рамо, сите различни, продолжуваме и победуваме на 8-ми мај“, порача Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Петровска: 1198 т.н. проекти на ВМРО-ДПМНЕ значат само бројки

„ Bараат промени за да не' вратат назад, кога добиваа наредби од еден центар на моќ и граѓаните освен што гледаа скапо платени реклами, не добиваа ништо. “

Ќе ставиме акцент на прашањата за кои граѓаните сме воочиле дека чувствуваат слабост кај нас. Можеби гласачите што гласале во првиот круг за Османи, Таравари или Димитриевски во вториот круг нема да бидат мотивирани да гласаат, од тука не би прифатила дефиниција за префрлање гласовии. Со оглед на пристапот што и до сега го имаше Претседателот Пендаровски го имаше изминатите пет години и неделбата на граѓаните по социјална или верска основа, можеби ќе му донесе и повеќе гласови во втор круг, а со тоа можен е пресврт. Се што нудат од 1198 т.н. проекти на ВМРО-ДПМНЕ значат само бројки, а бараат промени за да не' вратат назад, кога добиваа наредби од еден центар на моќ и граѓаните освен што гледаа скапо платени реклами, не добиваа ништо. Клучните проблеми на граѓаните не ги решаваа, и сега ја извртуваат тезата сакајќи да играат на картата на патриотизам и непотребно го билдаа, а кај нив знаеме дека е лажен. Прво повикуваа на обединување само на Македонските партии, а потоа кога сфатија дека им е погрешна стратегијата, ја променија, рече Славјанка Петровска носител на листа во ИЕ6 во вечерашната Само Вистина.

притисни ентер