Неколку земјотреси почувствувани во Македонија - Канал 5

Неколку земјотреси почувствувани во Македонија

Неколку силни земјотреси ја затресоа Македонија.

Неколку земјотреси почувствувани во Македонија

Најсилниот земјотрес според ЕМСЦ е со јачина од 5.8 степени според Рихтеровата скала а неговиот епицентар бил на 131 километар јужно од Скопје, во Лерин, северна Грција.

Втор по јачина е земјотресзот од 5.5 степени според Рихтеровата скала а неговиот епицентар бил на 137 километри јужно од главниот град на Македонија.

Регистриран е и трет земјотрес со јачина од 4.8 степени според Рихтер чиј епицентар според ЕМСЦ е на 23 километри јужно од Битола.

А според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, во околината на Битола се регистрирани и уште неколку послаби земјотреси.

На социјалните мрежи се споделуваат и видео снимки на кои се гледа како жителите на Битола исплашени од серијата земјотреси се излезени надвор од своите домови.

Потресот предивикал напукнување на ѕидовите во некои објекти во Битола, но информации за посериозни штети засега нема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрватски фудбалер уапсен со 14 килограми дрога, родителите му работат во полицијата

Дваесет и шестгодишен фудбалер од Загреб е уапсен откако полицијата пронашла речиси 14 килограми марихуана во неговиот автомобил.

Хрватски фудбалер уапсен со 14 килограми дрога, родителите му работат во полицијата

Хрватскиот портал „Индекс“ пишува дека неговите родители се вработени во полицијата, а идентитетот на фудбалерот не е објавен. Тој се сомничи за неовластено производство и трговија со дрога. Граничната полиција во Вргорац го запрела неговиот „Мерцедес“ во вторникот попладне, на 22 септември, на автопатот А1.

При контролата на возилото, полициските службеници забележале две спортски торби во багажникот. Автомобилот потоа бил пренесен во полициската станица, каде што бил извршен претрес врз основа на судски налог. Во торбите биле пронајдени 20 пакувања со вкупно 13 килограми и 848 грама марихуана.

Според полицијата, дрогата била наменета за продажба. „По завршувањето на криминалистичкото истражување, 26-годишникот е предаден на надлежниот орган со кривична пријава за неовластено производство и трговија со дрога“, наведуваат од загрепскиот портал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Драма во Атина: Силна експлозија ги разбуди луѓето, насекаде има урнатини

 Нешто пред 8:00 часот утринава, во најстарата атинска населба Плака одекна експлозија, при што тешко е оштетена станбена зграда, а полесно беше повреден еден минувач, соопшти локалната противпожарна служба.

Фото: Драма во Атина: Силна експлозија ги разбуди луѓето, насекаде има урнатини

Експлозијата се случила во стара двокатна зграда на улицата Лисикрат, спроти Столбовите на Олимписки Зевс, пренесува „Прототема“.

Противпожарната служба, која интервенирала на лице место, евакуирала две жени од соседната зграда, кои биле пренесени во болница.

Експлозијата била исклучително силна и се слушнала во голем дел од центарот на Атина, а делови од зградата оштетиле паркирани автомобили, додека ударниот бран оштетил и продавници во околината.

Противпожарната служба соопшти дека експлозијата предизвикала и помал пожар. Според првичните информации, експлозијата била предизвикана од истекување на природен гас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински значајно за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност

„Стратешкото партнерство и неговата иднина, поврзана со конкретните проекти што веќе се договорени и оние што се договараат, се суштински значајни за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност на нашата држава“, истакна Муцунски.

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински значајно за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за МИА од Њујорк се осврна на односите со Соединетите Американски Држави, конкретните резултати од стратешкото партнерство, европската интеграција и односите со Бугарија, како и на активностите во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.

Говорејќи за односите со САД, министерот истакна дека од формирањето на новата американска администрација е засилена комуникацијата на сите нивоа. Средбите со државниот секретар Марко Рубио, заменик-државниот секретар Кристофер Ландау и раководството на Стејт департментот, според него, ја потврдуваат динамиката и значењето на стратешкото партнерство.

„Стратешкото партнерство и неговата иднина, поврзана со конкретните проекти што веќе се договорени и оние што се договараат, се суштински значајни за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност на нашата држава“, истакна Муцунски.

Како конкретни примери од соработката, министерот ги посочи рамката во областа на трговијата, соработката со Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање – DFC, вклучително и разговорите за повеќе економски проекти, како и резултатите од Стратешкиот дијалог во областа на одбраната, борбата против тероризмот, справувањето со нерегуларната миграција и културата.

Муцунски нагласи дека македонската надворешна политика се темели на три клучни постулати: членството во НАТО, стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Во однос на евроинтеграциите и разговорите со Бугарија, тој истакна дека позицијата на Владата останува јасна – земјата сака да напредува кон Европската Унија и да ги отвори преговорите, но не е подготвена да прифати компромис што нема да обезбеди предвидливост.

„За нас е значајно во сите разговори што понатаму ќе ги имаме со Бугарија да има и вклученост на Европската Унија. Битно е да има минимум уште една страна во процесот што ќе помогне да почнеме да ја градиме довербата која недостига“, нагласи Муцунски.

Тој посочи и дека се очекува комуникација од Европската Унија за идниот пристап кон политиката на проширување, при што информациите во однос на постепената интеграција ги оцени како охрабрувачки, нагласувајќи дека треба да се почека официјалната содржина на документот.

Оценувајќи ги досегашните активности во рамките на Генералното собрание на ОН, Муцунски истакна дека посетата има и билатерална и мултилатерална димензија и носи конкретни политички, економски, трговски и безбедносни резултати. Воедно, Генералното собрание овозможува проширување на дипломатските контакти и со држави надвор од традиционалниот круг партнери во Европа и САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер