Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветеното
1Мицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветеното
СветНеколку загинати откако цивилен хеликоптер удри во столб во Хјустон, експлодирал и се запалил„Несреќата се случи во близина на раскрсницата на улиците 'Енгелке' и 'Норт Енис' околу 20 часот по локално време, предизвикувајќи голема и многу бучна експлозија“, рече Вајтмир на прес-конференција, пренесе Си-Ен-Ен.Неколку лица, меѓу кои и едно дете, загинаа синоќа кога хеликоптер удри во столб на предавателот во Втората област на градот Хјустон, Тексас, предизвикувајќи експлозија и уривање на конструкцијата, изјави денеска градоначалникот на Хјустон, Џон Вајтмир. „Несреќата се случи во близина на раскрсницата на улиците 'Енгелке' и 'Норт Енис' околу 20 часот по локално време, предизвикувајќи голема и многу бучна експлозија“, рече Вајтмир на прес-конференција, пренесе Си-Ен-Ен. Властите не прецизираа колку луѓе загинале, но според началникот на полицијата во Хјустон, Ноа Дијаз, четири лица биле во приватен хеликоптер „Робинсон Р44“. Градоначалникот рече дека најверојатно хеликоптерот полетал од аеродромот „Елингтон“, кој се наоѓа на околу 27 километри јужно од местото на несреќата, но дестинацијата засега е непозната. #Houston #Texas A #Helicopter has crashed into a radio antenna at approx 1954 local time. Unknown on injuries or fatalities at this time. The #FAA will be investigating. Video shared online. The Pics shared by #HoustonFireDept. pic.twitter.com/udGPaLsSth — SLCScanner (@SLCScanner) October 21, 2024 „Ова е трагичен настан и трагична загуба на животи“, рече началникот на полицијата во Хјустон, Дијаз, а градоначалникот Вајтмир потврди дека луѓето кои живеат во близина на местото на несреќата се безбедни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски од Кавадарци: Пуштен е во употреба реконструираниот Градски базен, продолжуваме да го исполнуваме ветенотоОвој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен.Добар ден и од мене. Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен. Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и добива содржина и многу сум среќен што можам да видам како нашите најмлади, дечињата уживаат во ова коешто за нив го правиме во суштина. Да се заблагодарам на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од овој регион, коишто се борат за проект повеќе, на советниците во Советот што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, се разбира, сите оние коишто се вклучени во овие проекти, на колегите од Владата, министерот за спорт. Навистина овој инвестициски бран има за цел да го видоизмени ликот, би рекол, на многу градови, многу населени места во државата и јас сум убеден дека кога сето ова ќе заврши, а знаете не се малце повеќе од 1.200 проекти се, ќе добиеме сосема поинаква Македонија, поразлична од онаа којашто ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ. Така што, ние продолжуваме да работиме и продолжуваме да го исполнуваме ветеното, бидејќи тоа е нашата цел и тоа е нашата задача како политичари, истакна премиерот Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: 60 нови садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето!Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк.Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град! По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен. Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот. И ова е само почеток! Градскиот парк ќе го оплемениме со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини. На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани. Паралелно, нашите екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град. Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано! https://www.facebook.com/share/1B95JW3ybr/?mibextid=wwXIfr Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници, поведена постапкаЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во селото Трубарево, осомничениот им го попречил патот, застанувајќи пред возилото со нож во рацете. Агресивно замавнувал, ги навредувал и им се заканувал, а потоа со ножот им ја исекол левата задна гума од автомобилот. Оштетениот се обидувал да го смири, а неговата сопруга исплашена побегнала и влегла во казино во близина од каде повикала полиција. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки за претпазливост за оштетениот – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување до оштетените, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter